со (предл.) - одреден (прид.)

Во ред, собери се сега и немој да изгледаш како некој спид фрик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со текот на времето организмите „учат“ да ги поврзуваат белезите со одредени стратегии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ја прашувам за цигара и пушам полека внимателно слушајќи ја како зборува, но со одредена резерва.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Навистина, по Големото стакло, Дишан сѐ повеќе се оддалечуваше од концептот за дело кое претставува грижливо разработено произведување на објект, со цел да им се посвети на низата несредени постапки кои во минатото биле сфатени како вистинска провокација или глупост, кои се својствени за дадаизмот; но, дури и овие постапки, по мое мислење, се здобиваат со одредена „смисла“ во рамките на алхемиските или другите (помеѓу филозофските и научните) кодекси. 198 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со втората, пак, измена, од декември 1993 година, дојде до првото од низата намалувања на времето за кое им се исплатува паричен надоместок на лицата со одреден стаж на осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Уште од првиот ред таму се нагласи дека темата што ќе се изучува се однесува на тоа како мажите што веќе се геј се здобиваат со свесен идентитет, со заедничка култура, со одреден светоглед, со заедничко чувство за себството, со свест дека ѝ припаѓаат на посебна општествена група и со особени сензибилитет и субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто се случило ова? Како историчар знам дека тоа не е единствениот случај на крајот од Војната, но секој случај си е и посебен и поврзан со одредени околности и со одредени луѓе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Националните држави бараат неменливи, долгорочни и одредени национални граници кои ќе ја одредат територијата, како простор со одреден степен на кохерентност и значење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)