со (предл.) - партиски (прид.)

По ова Маркос му напиша на највисокото партиско раководство: „Зачувувањето на создадената регуларна армија што ја формиравме за да го отстраниме монархофашизмот, како што е одредено со партиските одлуки, го сакаме тоа или не, ќе нѐ принудат да се држиме на духот на одбраната и да се залепиме за одредени непријателски позиции, со што ќе биде спречена решителната партизанска активност со сите последици... нашите одреди да водат борби со непријателот таму каде нам ни одговара, а не таму каде тоа ќе го посака непријателот...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чанга не избираше зборови. Зборовите на козарот, си помислуваше секретарот, не се во согласност со партиските норми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во времето кога и обајцата беа на маргините на новата држава, во која бавно и тешко фаќаа корен научните, образовните и културните институции, обајцата нескротливи идеалисти, но надарени со длабока и изворна хуманост, која ретко се сретнува во тие времиња, пресечени во залетот од бирократизираните и кариеристички ориентирани млади кадри, со партиски амин, тие си ја доградуваа нивната нова среќна балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако така продолжи, јас не знам каде ќе стигнеме со изградбата на хидроцентралите, со партиската директива.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)