со (предл.) - повисок (прид.)

Тие гледаа дека сум многу несреќна во околностите во кои се наоѓав, најмногу заради моите цивилизациски потреби за окружување со повисока интелектуална конфигурација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И јас заличив на инженер, облечен во виндјакна, со чевли планински, со повисоко грло, и со една капа со сенчило, која понекогаш ја ставав, а понекогаш ја вадев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па шеретски се смешка и ми прогледува низ прсти како мангуп зашто и Бог е само човек и, бидејќи беше – не беше кога ми требаше, сега и мене и на сличните на мене безрезервно ни ги напојува батериите, па дури и кога меѓу две тесни здолништа не можам да одлучам, како да го слушам него и неговата поддршка за оваа, во левата рака, со повисокиот шлиц.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Поканата да присуствува на балот што ја доби Филип Д. е убава погодност да се вклучи и тој во животот на граѓаните со повисок статус.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)