со (предл.) - подзинат (прид.)

На моменти и толку директна во изјавите и одговорите што без малку те остава без здив, да не речам со подзината уста!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пак ни свети. За да ги гледаме кучињата со подзинати вилици, со истечени очи меѓу згурата коски.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој, навикнат на шеќерот со којшто повремено го прихрануваше и блажеше неговиот одамна признат стопан Брчалото, сега здебелен до отромавеност, попусто секој ден излегуваше од своето скривалиште во фурната, се довлечкуваше до портата и со подзината уста очекуваше од некаде да се појави Брчалото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Благодарение на математиката, знаеме дека Ж не правеше ништо друго освен што зјапаше во голата Дуња со подзината муцка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Логотетот седеше на својот трон со подзината уста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)