со (предл.) - позитивен (прид.)

Како што ми кажа таа во еден муабет, успеала да се избори со ракот со позитивна мисла, која информација за мене беше зачудувачка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Верувајќи дека еден ден, макар предоцна, но секогаш нужно, ќе дојде до еден вид помирување со позитивните текови на исламската цивилизација од XX век на Балканот, по нивното радикално искоренување, како што тоа се случуваше и во Европа по вековните судири, Татко сметаше дека ориентализмите кои живуркаа и не исчезнуваат од балканските јазици, можат да бидат значајни елементи за поцелосна реконструкција за вредностите на некогашниот соживот, кој сам по себе содржел елементи на соживот, кои биле интегрално збришани во војните на XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Лесно е да каже­ме што не чини, туку ајде да направиме како чини. жалосно е ако луѓе со позитивна енергија решат да се бават со самоуринирање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Види, види, човекот е преполн со позитивни манири, - се насмеја Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одењето во црква на миса и на молитва може да биде желба и истата, еден ден под влијание на волјата, да престане, (во таков случај, си го обрал бостанот зелен), но ако е нужна потреба, тогаш тоа може да ефектуира со позитивни резултати затоа што врз нужната потреба волјата не може да влијае, па колку и да е цврста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Знаеш како, едно уринирање можеби е еквивалент на пола општење, ама две уринирања не се еквивалент на едно општење...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)