со (предл.) - полн (прид.)

Баба ми беше речиси цела во гипс и завои, а дедо ми и Александар по една рака и нога!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Најмалиот брат на татко ми секогаш доаѓаше со полн багажник играчки од Германија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Така, клошарите последни се снабдуваа од „Халите“ и ги напуштаа со полни торби...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Митра пак со плачки и клетви го испрати, но Толевите ветувања беа така убедителни, та таа си остана со полна надеж дека не е далеку денот кога ќе се куртулиса од старото нејзино аро — Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Климент се враќаше со своите мисли во минатото и пливаше по него, како среќен рибар, кој со полн чун риби вплива по езерските далечини...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Лежеа секој со свои мисли и свои чувства, со полни гради под кристално чистото небо, милувани од тоа речиси несетно ветре.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан се прибра во сопчето, зеде јаболко, го залапа, па со полна уста се плесна на леглото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Оваа пролет една берачка на јагоди слегувала од ридовине сама со полна кошница плодови и песни...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Господе, какво погано време беше тоа, и какви погани луѓе беа тие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако не му текне пред тоа на Максима него и Васила Митрески да ги испрати кај делениците во Битола со полна кола јагниња, за тие половината од нив да ги препратат кај другите деленици, во Солун.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ниту пак ќе си помогнеме себеси ако ги прескокнеме минатите 40 години и со полно срце го прифатиме јазикот на современата западна уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ја фрлив копачката и со полна глава нејасни и испреплетени мисли потрчав кон излезот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бато грабливо ги вадеше бонбоните од црвеното ќесе и одговараше со полна уста. - Благодарам, ќе бидам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пенчо подмижувајќи гледаше пред себе и газеше со полни стапалки. Како параден војник.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сонуваше: цветна земја, цветни ливаѓе и дрочни градини, градови со дрворедни, со полни театри, поети со оди и псалми на певици, со умни библиотекари и сјајни библиотеки.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас мислам оти ништо друго не ни останува да направиме, освен да се однесеме со полна доверба кон реформаторските усилија на двете заинтересирани сили и со тоа да ги ангажираме час поскоро да се воведат обеќаните реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да беше иницијативата во востанието грчка или српска и да знаеја тие народи оти востанието ќе биде така силно, не гледајќи на никакви неблагопријатни прилики, ќе објавеа војна, па макар таа војна да се свршеше со полн пораз нивни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
5. Колку и да изгледа контрадикторно ова барање на Мисирков, тоа не само што се совпаѓаше со тогашната руска политика на Балканот, за која тој мораше да води сметка, туку беше и еден од основните пунктови на националната програма на Македонското научно-литературно другарство во С. Петербург (натаму: МНЛДУ): без привременото останување во рамките на Турција, во тогашните околности, со полна културно-национална автономија, при отстранување на пропагандите и нивните институции во Македонија и обезбедување на границите преку турскиот суверенитет, навистина тешко ќе можеше да се избегне дележот на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Често пак од еден народ историските прилики бараат или корено изменување на народните идеали, коренен обрат на идеалите во друг правец, или го загрозуваат него со полно уништожување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
103. Таа сила се поддржуваше главно со полната солидарност на „Станишевскиот врховен комитет” со „Внатрешната организација”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со полното прекратување на востанието ќе се востановат меѓу нас и Турците односи што им одговараат и на нашите и на нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа Србите имаат во Битола прекрасен претставник што се ползува со полно уважение кај конзулите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А, Рада, веќе беше „тргнала“ со полн паричник кон сплаварот, кој мавтајќи ја повикуваше низ одвај проѕирната магла.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јана драгите гости ги дочека со отворена душа и со полни очи солзи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Животот ме товари со полни бисаги страдања, та морав да ги совладувам премрежијата што секојдневно ми стоеја на патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада со восхит и со полни очи солзи ја гледаше оваа трогателна средба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се споија небото и земјата во силен тресок, котвата беше крената, каравелата користејќи го здивот на воздишките со полни едра исплови кон широкото море на надежта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Треба добро да се настивате, - рече Змејко со полна уста. - Ова помага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Бујрум, рече грнчарот со полна уста благост, но и со задув во дишењето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Девојките се погледнаа прашувајќи се така, само со очите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Самоук уметник сум “, се врати попот во чиста кошула и со полн бардак и две земјени чаши.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
VII Винстон се разбуди со полни очи солзи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Полежа уште малку дремејќи; тогаш од дворот допре вообичаеното пеење со полни гради:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
(...) Додека плаќав такси, го видов Џед како доаѓа со полна торба флуоросцентни цевки. Го почекав.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како нови основи фигурираат: а) одбивањето вработување со полно или скратено работно време, кое не е помало од половината од полното работно време, а е соодветно на образованието, знаењето и можностите на невработеното лице; б) прекинувањето на обука, преквалификација или доквалификација по вина на невработеното лице; в) исполнувањето услови 72 за стекнување право на пензија (покрај веќе постоечката основа која предвидува остварување право на пензија); г) затекнувањето на работа кај работодавец од страна на надлежен орган; д) неоправданото одбивање привремено вработување во исклучителни случаи (поплави, земјотреси, неопходно извршување на земјоделски работи и слично); ѓ) одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи; е) одбивањето вработување на работно место за кое се бара пониска стручна подготовка од онаа на невработеното лице, а ако тоа, непосредно пред да остане невработено, со своја согласност, работело на такво работно место или изјавило дека прифаќа вработување и на понизок степен на стручна подготовка; ж) нејавувањето на покана на Заводот за вработување од неоправдани причини; з) небарањето активно работа во последниот месец и ѕ) неизвестувањето на Заводот во рок од осум дена за секоја промена која е услов или основа за стекнување, остварување или губење на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Попот се откажа и од ќерка си Бисера што го прибра Крлета и еднаш, кога таа отиде да го види, да му ги земе алиштата за перење и да му занесе едно грне кисело млеко, толку го налути кога му рече в очи оти тој е крив, а не Крсте, — го грабна од полицата грнето, и го удри од глава и ја истурка низ врата со полна уста клетви: — Еве откаде дуел ветерот шо ми го подветрил детето, да даде господ нека срдешница да а вати!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И навистина, уште со влегувањето, невестата Менка грабна еден два страга борина, излезе и се врата назад со полна мисурка сланина и по некое ребренце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајката си го зеде, и пак, како поп Трајко што ја праша нунката в црква, запраша: — Кажи, нунко, име. Стојанка со полна уста одговори: — Неда!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој со полна уста му одговори на Стојана: — Море јас се жени, брату, и се оджени, токо гледај сега побарај ти некое пупулче тебе да те прожениме, да ти се наиграм на свадбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеби затоа ние со Уртето тие календарите за кусо време ги распродадовме и се најдовме со полни џебови пари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Никогаш со полна уста не се насмевнуваше. Братучедите ги посматраше со задоволство.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Затоа се изненадија кога ја видоа Божана како се враќа од некаде со полна фута.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се облекувам додека Моне спокојно дише во својот кревет, потоа се стрчувам да го фатам трамвајот „двојка“ што оди до Железничката, се симнувам пред станицата, купувам осминка со сирење и јогурт во син тетрапак од дрвената бурекџилница и со полни раце се упатувам кон првиот десен перон.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Старецот се сеќаваше на тоа, на таа ноќ пред шест децении, кога иташе низ сините ритчиња во железната долина со полн камион машини и апарати, сиот среќен, свиркајќи возбудено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој оди зад аголот од куќата и по малку се враќа со полни раце смрзнати дрвца и ситни камчиња.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Скоро секој пат му тргнуваше со полн гас, ама понекогаш имаше дерење, необични емоции... И тоа не беше сè!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа беше добро и за неговиот весник, му ја надополнуваше акцијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секој пат кога ќе се искачеше, тој носеше претпланици.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пред Божик, зад Божик црвеното било среќа и затоа момите се возеле со црвени колички низ градот со полни усти црвени дренки од фрижидерите за длабоко замрзнување.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ако не ви е јасно, јас ја носев најголемата торба, а се подразбира дека ден денес ги жалам коледарите со полни торби ореви, костени и портокали.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И за сосема да ја изгони сликата на Пела уште неколку пати се бореше со вителот под врбата и на крајот сосема исцрпен одеше да спие под некоја сенка со полн стомак од праски набрани од самото дрво под кое легнуваше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И се смеат со полни усти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Без тоа дежурни походи на англо-американски шпиони и мисионери, со полни џебови фунти и долари кои на Черчил ќе му го донесат местото на почесен граѓанин на Грција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Основната ориентација што се наметнала пред големиот број иселеници од словенско потекло во САД во деновите на почетокот на Втората светска војна била насочена кон јакнењето на напредните иселенички сили и создавањето на една централна организација, која во целост ќе го претставува словенското иселеништво, а со основна задача за ускладување на работата на месните или покраинските одбори и за иницирање нови активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Согледувајќи ги, уште при крајот на 1941 година, значењето и помошта од работата на иселеничките групи, Владата на САД го прецизирала својот став во еден документ каде што се истакнува дека „Американската влада дозволува, со оглед на истата воена заднина, американските граѓани, настапувајќи како американски граѓани и со полна лојалност спрема САД, сепак да можат да ги симпатизираат народните барања на земјата на своето национално потекло и да можат да се организираат во знак на симпатии и пријателска помош на таквите тежнеења".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Еднаш, како секојпат, Мече го возеше количето со полна тенеќија студена изворска вода, по патот посипан со жешка леплива прашина.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По неа секој час претрчуваа бригадирци со полни количиња земја, ја исфрлуваа зад насипот од другата страна на реката и бргу се враќаа по друг исто таков мост на стотици метра подолу.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Со полни кошници грозје, набрано од лозјето под Карадаг, тие двајцата се упатија во сарајот на санџак-бегот, но едниот сепак посмел од другиот, зашто си ја немаше мувата на капата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Момчето со полни усни и остар син поглед нападно ми поставуваше прашања од типот која сум, од каде сум и што правам во Охрид.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)