со (предл.) - последен (прид.)

Со последни сили се довлечка до дворот за да ни се придружи во радоста.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Погледнав тогаш во машината, и го видов воврен во валјакот белиот лист, со последната реченица напишана на него: „Мислата на бунарот ми стана принудна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, не беше тоа страв од проклетството на претците: со последниот свој здив пашата веруваше дека алах нема да казни никого, кој згрешил поради љубов!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Свесен за својот крај, со последната капка здрав разум, се изгубил во планината и никогаш ништо повеќе не се слушнало за него. Умрел на волчешки начин.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некогаш таму навраќале видни кнезови за да се соочат со последната игра на својот живот што самите ја нарекле руски рулет.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ја гледав право в очи, но не толку отсутно колку што можеше да се очекува по толку големиот замор, со последните атоми сила што ми преостануваа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко со последните атоми на силата на духот сакаше да го изнесеме на раце да ги почувствува последните сончеви зраци.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со последните будни сили во мене, со надуеното куферче подароци, најмногу статуети и значки, ја минав границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најпосле, со последни сили го минав куќниот праг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Трепери пламенчето на свеќата и стоејќи вгледан во рамницата, ми се чини дека допираат до мене бучавата на авионите, тресокот на бомбите и гранатите, свирежот на куршумите, мирисот на напалмот, врисокот на стотиците очајници кои биени од небо и земја, газени и толчени под тенковските гасеници со последната издишка трчаа по оваа последно мало крајче од езерската земја со надеж да се фатат за последната сламка за спас на животот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Онаму далеку, над гребенот на планината се навали сонцето и целото Деволско Поле го облеа со последните зраци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Белата пена се измеша со последната виолетова боја на ѕуницата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со последната нишка од сознанието чу само уште како заплиснуваат, просто сливајќи се, шурките од неговите капавици.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му се чинеше, за сето време, дека ги слуша зад себе и оние тупи скокови, тие пуфтаа веднаш зад него, му беа в петици, бегаше пред нив, со последната душа во носот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа глава, таква, само со сол во ноздрите и во устата и со вешто врзани бравски рогови на високото чело, ја прошетале на врв копје пред тапани и пред сурли по градот; пред стариот вардарски мост ги преплашиле сакатите просјаци и им ја фрлиле на пци скитници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Соголената черупка, крвава, исклештена и кобна, врзана во вилиците со последни нишки месо, некој, најверојатно молчаливиот бабачко од Анадол, им ја грабнал на пците и ја наместил на кол пред Али-беговата воденица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поетската дарба која уште еднаш ни ја потврди Вероника Костадинова со последниот напор, е дарбата што во неа уште долго ќе цути носејќи ни ги сочните плодови на нејзината родна Тиквешија.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Зар има зборови кои не можат да постојат кај ниту еден народ, посебно кога се работи за името на ваква возвишена пита? продолжи упорно Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако се наслади со последниот залак од питата, Татко се обиде да го смири својот пријател: Нема тука никаква мистерија?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се заредија тешки ноќи на она циганско лето во кое природата со последни сили му се оттргнуваа на сонот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мајка, со последни сили, се префрли во носилката. Се најдов во болничката кола.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И јас ти расправав видена пантомима за просјак што се гасне од глад и со последна надеж лови под мостовите на Сена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се преминуваа границите преку високите планини, се бегаше дење и ноќе, со последните сили и надеж.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И прославата на науките пред еден месец кога се довлечкаа со последната моторна кола, собирајќи многумина патем, а секој од нив беше среќен зашто имаше можност да ја тресне колата со голем метален чекан.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ах, - пристори Луман и од бес што не ќе одмазди за својата смрт, со последните сили што му останаа во снагата, замавна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дончо, кој во тие денови не проговори ни неколку збора со неа, со видлива љубомора ги проследуваше додека си одеа, а тој самиот од дворот заминуваше со последните деца, најчесто скокајќи преку оградата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Не, одрече старицата со последни, разретчени коси, нема да заминам, ниту ќе умрам сѐ до оној час кога ќе ја видам пред себе онаа што ќе дојде да ме замени!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Со последните сили посегна по пиштолот. Нови удирања и краток рафал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)