со (предл.) - прекршен (прид.)

Умрете вие проклетници На нашето раздобје... Во тивката вечер на осаменоста Со прекршени раце преполнети Со бисери од очните длапки.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кога се подисправаше можеше добро да ги здогледа и првите модрикави гаснења на квечерините, чиишто волчешки приближени копринки напросто како да ги исткајуваа во своето мрешкање оние издолжени прилики со шилести муцки и со прекршени опашки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпочестено е местото што ѝ припаѓа на Нова Година, неговата симпатија, поради која патува со прекршена стрела на својата рана.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)