со (предл.) - претходен (прид.)

Спомнав некои моменти од заминувањето на мајка ми кон планината што можеби нѐ приближуваат кон нејзината патека на вистината, но сепак никогаш не сфатив кон кого беше упатен оној нејзин прекор, (за грдотиите и убавините на животот) и тоа изречен толку отсутно, без секаква врска со претходните размисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секогаш другиот збор во новиот ден требаше да пресуди и за конечното справување со претходниот збор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како што може да се забележи, во споредба со претходните закони, законот од 2006 година предвидуваше најмали поволности и најтесна категорија невработени лица преку чие вработување можат да се користат поволностите од овој закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А, да - и на оној, рендгенологот, Ѓорги Филев. И во врска со претходната „дешавка“ од деновите пред години, ми се наметнува нова бизнис идеја....
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дали и забележуваше само на својата лековерност и поводливост кога тргнала по младичот кого речиси и не го познавала?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)