со (предл.) - природен (прид.)

Ми се чини неповолно тоа што некои луѓе поистоветени со деконструкцијата се обидоа да ја воспостават одново марксистичката дистинкција материја- свест, како де Ман велејќи дека „би било неповолно да се побрка материјалноста на означителот со материјалноста на она што го означува“ и продолжувајќи со дефинирањето на „идеологијата“ како „побркување на лингвистичката со природната реалност, или референцата со феноменализмот“ (de Man 1986,11).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Низ гаражата влезе право во кујната, го отвори големиот фрижидер и во него ја нареди храната.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оној што го разочара го паркира џипот и додека автоматската врата на гаражата полека се затвораше, од предното седиште ги извади хартиените ќеси полни со пластични шишиња со природен џус, конзерви со сос од домати, парчиња свежа риба завиткани во мрсна хартија, јајца, вакуумиран леб веќе исечен на парчиња, филтер-кафе, пена за бричење, зелена салата, крем за лице за мажи...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во истиот пожар, во истиот потрес трепери генеалогијата растурена низ сите структури и сите подлоги за коишто зборував: Западот и историјата на филозофијата, она што ја врзува со неколку непомирливи (што и да речете) монотеистички струи, од една страна, со природните јазици и националните чувства, со идејата за демократија и со онаа технолошко-политичката, од друга страна, со бескрајното напредување на идеите на меѓународното право, најпосле, чиишто граници се укажуваат појасно од било кога - и тоа не само поради тоа што оние кои го претставуваат и го подржуваат тоа напредување секогаш ги застапуваат интересите на одредени хегемонии и затоа единствено можат непримерено во бескрај да му се доближуваат, туку и затоа што тоа се темели (а тоа и го ограничува) врз сознанијата на европскиот филозофски модернитет (нација, држава, демократија, односи меѓу парламентарните демократии на разни држави итн.) - да не го споменувам она што одвнатре ги поврзува науката, технологијата и војската со тие сомнителни содржини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Наспроти некои верувања, очигледната независност на човекот во однос на неговата ендокрина сексуалност, која не само што му овозможува да им се спротистави на нагонските притисоци, туку сѐ до староста му овозможува и сексуални односи и оргазам чија цел не е оплодување, не е знак на „дегенерација“, ниту на раскинување со природните корени на човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа мисла можеби го преобразува просторот и преку апории ја расветлува потврдата (не позитивна) која им предстои на секоја критика и на секој негативитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)