со (предл.) - притаен (прид.)

Со притаен здив чека да види дали ќе се отвори портата и кој ќе излезе од неа, а кога таа се отвора и на Градишки Пат излегуваат Васил Митрески, Недан Бозоски, Цветан Ендоски, Стеван Ѕвездакоски и заедно со нив и Максим (тој во едната рака носи долга тутурка од книга а во другата дрвено троножно столче, исто такво какво што донесе Јосиф) и кога и тие се завкачуваат пругоре по Зедница, зазорот се претвори во треска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нивната постапка на никого во Потковицата не му се допадна, но и зашто никој не ги познаваше Акиноските ниту нивните обичаи, сите со притаена сомничавост исчекуваа да видат што наумиле тие со тоа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чекорев со притаена желба да го најдам Шумшул - град, онака како што ја нашол еднаш Америка прочуениот морепловец Колумбо. Не заради слава. Просто од љубопитност.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Жената зборуваше со притаен глас, а во лицето се читаше немир.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Кој чука? - праша. Почека, а кога оној не одговори, Змејко се шмугна во томничината, го извади ножот и со притаен чекор се доближи до вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од секое дрво друго ветре се мешколи и ти шумоли ко човечки говор со притаен кикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бен Али ќе придонесе стариот Бургиба да живее со спомените на својата величина уште повеќе од една деценија, но со притаена горчина во себе дека не ја достигна вечноста на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)