со (предл.) - проѕирен (прид.)

ПРОКЛЕТНИЦИ, КЛЕТНИЦИ, КЛЕТИ на јарбол, во црн превез свиена клопка со животна идила црн превез со проѕирни букви покривач со јадни пцовки ја остава во минатото небиднината со срце поцврсто од камен чекор по чекор ја совладувам иднината...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Последниот голем обид светот да се претстави како суреден систем беше оној на Талкот Парсонс - обид на дезорганизираниот свет да му се наметне некој вид ред, со селекцијата на некои аспекти како нормални а други како ненормални, девијантни, што го нарушуваат моделот и слично.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И добиваш желба да те даруваат твоите деца со такво чудо со проѕирен поглед.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа го пречека како што го пречекуваше во сонот: со кафе, со пијалак, со проѕирна наметка на неа, со седнување крај него на каучот, со допирање со голите колена како што го допираше во сонот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Секаде ја имате истата перспектива, од Маркс до Вебер и Диркем, да не ги споменуваме политичките идеологии што настојуваат хаотичниот, несреден свет да го заменат со проѕирен реалитет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа лето нѐ одведоа на летување на море; бев малокрвен со проѕирни уши, без апетит. Нѐ острижаа до глава: прилегавме на големи лилјаци.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)