со (предл.) - радосен (прид.)

Во салонот најпосле влезе шефот на протоколот и со радосен, љубезен глас ми рече: - Подгответе се Екселенцијо, претседателот Бургиба ќе ве прими за неколку минути!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Плачеше отец Стефан со оние кои плачат, но душата негова не се радуваше со радосните.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А потоа, откако нѐ изреди сите нас со радосниот поглед, додаде: Велат дека желките долго живеат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со радосни писоци, галебите стреловито летнаа накај сонцето, што се креваше големо и распалено над Галичица.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)