со (предл.) - реален (прид.)

Свикнат да се препушта на своите претчувства, тој цела ноќ око не заклопи: божем некој јорганџија без престан дрндаше памук покрај неговото лево уво, додека десното свесно се расправаше со реалните гласови на Блатието, со криците на чапјите и со шлапкањето на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пилотот во овој случај се чувствува втопен и потполно присутен во еден виртуелен свет, којшто наизменично се поврзува со реалниот свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повратната спрега може исто така да овозможи врска со некој актуелен авион, така што кога пилотот управува со палката вистинските авионски мотори се вклучуваат или вистинското оружје стрела.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мојата сопствена препорака е да се шифрираат (во за нас непознати кодови) сите виртуелни системи кои сме во искушение да ги интерпретираме менталистички: тие да се редуцираат на Серловите бесмислени чкртаници во нашите сопствени умови, а потоа да бидат спремни за повторно да им се влее значење во оној степен во кој покажуваат кохерентна каузална (роботичка) поврзаност со реалниот свет на објекти и состојби на нештата на кој нивните симболи можат систематски да бидат интерпретирани дека се однесуваат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Вербално, пак, навалував кон неблагородноста на ваквата професија и контрадикторноста со реалните интелектуални способности на нејзиниот сопственик, до онаа мера која ги претвори во пискливи звуци неговите објаснувања: – Ќе полудам - извика - од овие дедовци и баби со кои живеам!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Дали кон се во животот гледате со реален оптимизам?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Дали имате постигнато хармонија во животот, дали се обидувате да балансирате со работите кои ви ги сервира секојдневието?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)