со (предл.) - свечен (прид.)

Денот помина со свечен ручек подготвен со рацете и радоста на Пелагија, а попладнето, како повикани, се изнаредија Танаско со Пена, мајката Роса со Деспина, а приквечер Чана со Митра, ама без Дончо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога се врати во станот, не отиде право кај Сандра, туку низ прозорец ги набљудуваше нејзините како си одат со свечен чекор кон црквата во далечината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Климент Камилски најпосле со свечен глас како пред амфитеатар, во кој единствен слушател беше Татко се огласи: Додека престојував во Франција, Шпанија, Белгија, на Запад, често ги слушав предрасудите за нашиот Балкан, посебно беа нагласени тие од доменот на јазикот: сме ти биле разделени со голем број неразбирливи јазици, наречја, дијалекти, недовршени идиоми, сме ти биле жртва на најсилното пророштво на Вавилон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Му заблагодаруваа со свечен лет, кружејќи неколку пати околу зградата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)