со (предл.) - свој (прид.)

Со своите акции Сарафов создал впечаток кај европските влади и јавноста, и одделно во другите две соседни на Македонија држави, дека сѐ што станувало во Македонија, сите подготовки на угнетениот народ за отфрлување на султанскиот јарем, се негово дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Инаку ќе му го дада огнот на селото и ќе ве испеча како глувци сете! — грмеше Толе со својот длабок глас и им се закануваше дека сите ќе ги избеси на врбите во ливаѓето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакаа сон лесен, со своите семејства прости им, сакаа мирна да ја видат ко невеста во бело руво
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но место предавање Петко му запна еден куршум и коњот падна под агата, а тој старски побегна назад за Маково, оставајќи го Бахтијара сам да се расправа со бунтовниците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Терајудри, аскерот им ги дотера овие луѓе на мудурот пред конакот и јузбашијата си го излеа својот гнев прв на нив, удирајќи им и тој по десетина грбачи преку очи и плеќи, та во тој бес не го заштеди ни самиот коџабашија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа големата хала на електрониката беше извонредно интересна, каде што Англичаните предизвикаа атракција со својата телевизија во боја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се должеше ли уште на нешто неговата потреба, по првиот занес со мене, кој беше несомнен, да се покрие со својот цврст емоционален плашт непробоен за моите вибрации?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Веднаш до неа се појави Дине Бочаровски со својата жена и дечињата, се смести на сламарицата и веќе не одеше во ковачницата да дува во вигната и да ги удира вжарените железа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
-Чекај, полека. Ти си во право, но јас ќе морам уште многу да зборувам за тоа – рече старецот, притискајќи му ги рамениците, со своите суви раце, обраснати со долги нокти, буткајќи го кон тревата. –Седни, отпушти се.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Разбудениот град со своите секојдневни шумови и звуци, животот разнолик и секогаш еден и ист, е исправен пак во утрото на подновените човечки усилби.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во таа разоденост и во тој сѐ поблизок и сѐ посрдечен разговор со својот побратим напред тој и не забележа кога ги помина трите огромни долини, што ги знаеше и како се префрлува постојано од една во друга шума.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најнапред, од секого се знае оти ние ги милуваме нашата татковина Македонија и нашиот народ, зашто секој ден ги гледаме и ги изучуваме со своите органи на чувствата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дека продолжува чекорењето на нашата навика и тогаш кога ќе утврдиме оти за некого од нашите сакани застанало времето? Не сум сигурен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мистериозниот Транк Спироберг, со своите тези за поддржување на природниот јазик како антитеза на вештачкиот, се разбира, и тој ќе придобие свои приврзаници меѓу тогашните угледни лингвисти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но сега, како што можеш да видиш со свои очи, во црните мрежи на сопствената магија се загубија и тие, ќе ги скаменам да ги нема засекогаш!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Го најдов и се сожалив, мислев вакво човече, момченце со брада и брчки, не знае што е грев и мислев дека не знае, кутриот, што му се случило, соблекле и го натепале зашто можеби се бранел со својот поснички крст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Да... само забораваш дека потоа наиде и онаа Стојка, или Стојна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За спомен ја сликаме далнината и околните планини покриени со густа букова шума која пленува со своето зеленило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бидејќи манастирските простории не можеле да ги спасат, луѓето сјурнале во црквата и со своите тела ги штителе иконите и иконостасот да не изгоре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нашиот народ - сеќавајки се на оние денои кога голорак стана против мошна и организирана армија и успеа да излезе победник од таа борба, - црпи сили за великите дела што пак, со своите сопствени раце, ги создава во слободната и среќна Татковина.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Комитите и нашите фатиле пусија во грмушките и зад карпите од двете страни и го пуштиле Куцовангелис со своите луѓе да влезе меѓу нив како во клешти. - Ние само ги стегнавме клештите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ама, кога нивниот господар, со своите огнени раце плесна два-трипати атмосферата се смири како во сон.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Неговите експериментални техники и присвојувањето на ортодоксните медии сега се општи места, и никој не се буни премногу ако уметничкото дело е сирово или измешано, сѐ додека уметнковата мотивација е силна и неговата сериозност не се доведува во прашање. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 234
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стравуваше Татко, кој беше навлегол длабоко во балканската историја, со својот живот и со своите потраги, да не ја релативизира опасноста од натамошното постоење на јаничар, овој, според него, најопасен збор не само на Балканот туку и на светот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А што се случило ноќта: качакот Зенула се обидел да влезе во куќата со својата тајфа и да пљачкосува. Во пукањето Маруш го погодил некого.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сливите, крушите, кајсиите, ѕенѕерите во даскаловата градина се променија во бело, јаболката и праските во црвено, а на сето тоа — лилјакот го покри целиот осој со своите антерии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека се знае од сите: македонското ослободување е можно само тогаш кога самото население, густата народна маса, ќе стане на нозе, ќе отвори очи и ќе си ги засука ракавите за да ја исчисти својата земја од мали и големи тирани, господари и господарчиња, самата со својата сопствена нога да го бутне овој изгниен труп каков што е султановата држава16.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Чанга претпоставуваше дека многубројните пештери во утробата на Калето ги длабела реката со своите вечни, незадржливи поплави.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие ништо немаат по себе, вели, само со својата гола душа се излезени од дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И додека се грееше на својот оган, што се загнездуваше добро на неговата бука, дури и потплуснувајќи исто онака весело и пријателски, како дома, тој почна и да разговара со својот сосед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наравоучение: Добро рекле старите - „Додека не го фатиш со своја рука – џабе“.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Напротив, вообичаениот одговор е: сега сум помудар, сега подобро господарам со својата судбина.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
XVIII Судбината сакаше во мојата сложена дипломатска мисија да се најдам во Картагина во времето кога владетелската арена принудно ја напушташе стариот Хабиб Бургиба, верувајќи до последниот ден оти е непобедливиот Југурта, а овде го продолжуваше своето владеење со својата далечна Палестина - Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Петлиците, всушност, му изгледаа смешни со својот тркалезен облик. Зошто баш - тркалезен?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На моменти, кога беше сигурен дека никој од присутните нема да го искодоши ја озборувше гардата како збир на примитивци и силеџии, но кога требаше Влатче, како што го викаа нагалено знаеше дискретно и шарматно да се пофали со своето гардиско искуство.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Пресметуваше дали ќе може да покрене хидроцентрала со својата попусто истрошена енергија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Правилно тркалестото лице на месечината полека раснеше зад покривите; со своите дамки таа ми личеше на безгрижен човек со избричена глава, каков што гледаше од фирмата на продавницата со лотарија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не можев да ги задржам солзите кога Вера сама, со свои раце, ги наместуваше цвеќињата што ги набравме од нашиот двор и ги донесовме за вазната од камен на гробот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Иако е централна личност на новиот технолошки култ и најголемите zaibatsu-и (корпорации) му нудат баснословни спогодби да работи за нив, повеќе сака да живее во расфрлан бунгалов со својата збирка (преку 100) музички инструменти - од ксилофони до гитари и дувачки инструменти.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ханка со својата ќерка Азра живееше во една од неколкуте трошни куќи начичкани една во друга како печурки меѓу хангарите во индустрискиот дел од градот, на десната страна од населбата Автокоманда.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во тишината и во мракот се удирале рогови; добитокот живеел со свој живот. Можеби се бранел од споменот на ланските муви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Нас не нѐ бива за буна ни за бој, - не гледајќи во мене рече Додо. –Ние сме само покорни очајници.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А и добро направив. Со својата посмртна моќ јас в час можев да се најдам среде гробиштата, ама намерно пешки заодив по патот што води кон капелата, таму каде што се подредени продавачите на цвеќе и свеќи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сенките, со своето навестување дека можеби и ние сме сенка на некоја суштина која ќе ни остане тајна сѐ додека не ѝ се вратиме, се дел од оние чуда на секојдневието кои најчесто остануваат незабележани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Требе тука да му е врталишчето на виа грацките кумити шо сакаат да не запустат“ — и почна да му реди на Пецето Бабовско разен бакалак: две оки шеќер, полока кафе, стодрам црвен пипер, една вреќа сол, тенеќија газија итн. дури Алекса, Бајракот и Ѓуро не излегоа од визбата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се најдов пред белата хартија. Како пред бојно поле. Со своето перо како меч.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пченката не ја береше со своите брзи раце, туку сама ги креваше кошовите и ги истураше во запрегите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Единствена утеха му беше самиот Сокол и шумата, и во повеќе моменти се чувствуваше како да е со своите овци и кози, па дури и кавал купи и по цели дни ги свиреше оние исти песни што ги извиваше со звуците на ѕвонците и клопотарците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И неговата мајка, од турска рода, со блиски на највисоки позиции во Цариград, конечно ги загубила своите илузии дека ќе може да им се придружи на своите во Цариград, со својата рожба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секој третиран збор стануваше универзитет на двајцата балкански ерудити автодидакти, најдени на маргините на општеството, во кое според нивните заслуги требаше да имаат многу, многу повисоки позиции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таква сум, неверничка, избрзувам со своите заклучоци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да се урне или не Картагина! , беше за мене дилемата, парадигмата, која не престануваше да се наложува со својата актуелност, од античките па сѐ до денешните времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со одговорот на тужбата, тужениот е должен да ги приложи и исправите на кои се повикува, ако тоа е можно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Колку што повеќе ја покажував својата налудничава храброст, јас како да сакав да ја доближам мојата мајка, татковината, а во суштина, итајќи кон Картагина, кон дипломатскиот подвиг, јас ја одложував средбата со својата Мајка, која ја задржував во мислите со зборовите кои одамна се готвев да ги напишам!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од другата страна на Вангела се размрда Родна, ама тоа го правеше така како да си е само со својот Петар во затворена одаја.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога Клара се преселила кај својата тетка, таа тукушто станала вдовица и се вратила од Лондон каде живеела со својот сопруг.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со своите нозе, со своите раце, со оние свои темно привпламнати лица, тие луѓе го правеа ова, коешто за него веќе долго и докрај беше еднаш засекогаш загубено и недостижно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Галериите кои се наменети за постојани колекции и оние за периодични поставки, се сместени во одвоени кубусни простории; секоја со свој атриум.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во време на комплетна параноја и страв од сида, еден актер, болен од сида, решил да направи монодрама за својот проблем.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Најпосле со својата сува, груба рака ја погали Билјана по косичката и ѝ рече: - Кога би имал внучка како тебе, многу убаво би ми било...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да зборуваме за нешто друго... Што правевте вчера во Скадар, кај отидовте со толкава љубопитност за да видите некакви турбини со своите очи?“ „Ништо“ рече инженерот. „Освен што фрлив поглед на некои сомнителни работи околу браната, сето друго време го минав барајќи една кула.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Убаво е да се вдишува воздухот и добро е да се чувствува сонцето со кожата, како со својата топлина продира сѐ подлабоко, и добро е да се чувствува градбата на костурот, прекрасната конструкција скриена длабоко во топлото месо, и добро е да се чујат гласови многу почисти и многу побрзи од оние во каменените длабини на бунарот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Таа вклучува мислење со своја глава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Изрипа рането Јаким и ги стегна силно градите, ги задржа солзите - сакаше да го гледа во далечината бродот, што пореше со Божина милиот побратим, со кого ергенуваше и во рани зори ги будеше со својот писан кавал заспаните родни планини...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со своето страдање и ризикување таа ги нарушува нивните рамнодушност и непријателство, ја канализира нивната одбојност освестувајќи ги во однос на она што го поседуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Се плашам дека вакво нешто може многу силно да влијае врз Даниел“, рече Бил со својот длабокозвучен глас.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По оваа дозвола останаа само беговите со своите луѓе и војската на скопскиот паша.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во извештајот Еванс посебно се осврнал на перспективите за обединувањето на Македонците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сите негови темни внуци и роднини се криеја по гратчињата ширум светот, вршеа невидени работи со својот ум или вештерските прсти и белите заби; од небото фрлаа огнени јазици или пак итаа по шумите во облик на волци, под светлината на месечината.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Една изутрина, тоа беше во самата зора, најпосле се појавија рибарите со своите кајчиња.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На кусо: разлики на светот навистина постојат, а популарната култура (со своето декларативно заколнување на еднаквост, сеопшта толеранција и релативност на вредностите) ги негира и недопуштено ги мазни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
З.З. се внесе во својата беседа за арената, често прошарана со своите поетски метафори.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мајка ја предводеше поворката на егзилот, со своите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Почна да собира порез, прирез, да собира војници, а требаше да оди и потера, оти собраните витолошки „Б'лгари“ не сакаа да одат да се бијат со својот „б'лгарски“ Војвода Јована Ѓуровчето, кој заедно со Гурлука и други „патриоти“ се врати во своето Мариово летото 1913 година со голема чета и дојде во Биновиот реон — онаа пуста Опстраница. каде што се Сукаловите колиби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Може слободно да се рече дека сѐ што овде историјата, во своите чести брутални бранови, заматуваше во водите и душите на луѓето, во победите и падовите на империите, во налетот и манипулациите на идеологиите и неизвесноста на конверзиите, Езерото со својата магично обновлива чистота разбиструваше, ја осветлуваше надежта и во најмрачните времиња...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вкочанетоста се движи внатре, во самата себе, се поместува под тврда кора и живее со свој живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Обременети се со своите мисли и заскитани некаде далеку...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сосема бев заборавил на советите на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А на бреговите на оваа река големиот германски поет Хајнрих Хајне ја испеал многу познатата песна „Лорелај“, инапириран од народната легенда за една самовила, која со својата убавина ги омаѓосувала сите што ја гледале.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Плачот на времето ја оплодува осамата, безпоштедност и нечуен восклик, а јас, јас ѝ се смеам на насмевката и на смртта која доаѓаше непоканета со својата мирна совест.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Ја стави во голема кеса, без да ја види Татко или некој од децата, а не сакајќи да ја видат соседите, облечена во неа, па да си поставуваат секакви прашања – од каде ѝ е, какво минато кријат и слично, си се упати кон киното со својот обичен капут кој си го носеше со години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Судбина... Во тие зборови немало ни победнички призвук на докажана мудрост ни разочараност; според неговото сфаќање, сѐ се движело по однапред определени простори со свои тајни и неизбежни законитости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во исто време, да ги одмерат со својата вага на мудроста – што се задржи, а што да се пропушти надвор од себе. Човекот е вистнинскиот филтер!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сам против сите! се зачудив. Сам – со своите чинки. – И – уште еднаш: совладајте го Шарлаган – кан, сторете и самите нешто за својата слобода.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Војводите со своите четници пак се искачија на високата, со гора обрастена, тумба — „Становица".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Растргнат од многубројните неуспешни обиди да направи слика, сликарот сега првпат осети нејасна радост од средбата со онаа непозната мома, која секое утро поминуваше со својот сад, му пожелуваше добро утро како на стар познајник и си одеше пак нагоре тихо, незабележано...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И виде Филозофот дека сум задуман, и излезе низ вратата, смешкајќи се со својата лечебна, загадочна насмевка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Летото врвеше со своите горештини, со своите сливи, круши, јаболки, кајсии, грозје и царевка и наближи есента.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И штом помислив така, се почувствував мал, зашто одеднаш пред мене чиниш се појави таа и ме гледа со своите големи сини , тивки и насолзени очи; ја чувствував топлината и горчината на мајкините солзи. Многумина како мене свртеа глави и многумина како мене се засркнаа од липање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Божја промисла – продолжи старецот. – Во таа празнина, што е без форма, постојат ситни делови на земјата, ѕвездени прашинки, со своите елементи, метали и неметали.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Со својот јунаштилак не туку се сили, но својата сабја сепак држи ја остра.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А свеска ми се лути. Немај страв, ми вели молејќи ме да ѝ допуштам да ми се приближи погоре со својата горешта дланка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сѐ уште се муваа таму кадешто беа и претходно - на работ од големите градови, затворени во евтините хотели и со свое друштво - отпадници со лоши заби и евтини парфеми и ужасна гардероба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
" Напред седат слободните офицери од логорите заедно со своите жени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали Турците со своите гнасотии и мрсотии, дали нашите со својте подавства.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само седам над Роса и приплакувам, се траштам. Никој од никаде не ти помага. Секој со својата мака си е зафатен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мене ми се чини оти сѐ она што човекот го создава со своите раце и со својот ум, со време почнува да ја следи судбината на сојот создател.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А од друга страна на „Талантот” на Маркоска, јасно се гледа чудесниот надреалистички профил на поетскиот двојник, во простор-времето на „гротесктната судбина”, посветена на Данил Хармс, каде фантастично кореспондира со својот поетски роднина и варирајќи го неговиот расказ за Лазар (првовоскреснатиот), буквално го допира исчашениот универзум на Хармс, со една сардонична леснотија на „баналното полупостоење”, поентирајќи:
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ако бегаше. И ако чекаше? И во исто време со сѐ што стануваше околу него, со нејасните настани, разгранети од прашањето - да чекам или? - во него раснеа слики зашто сега мислеше со својот пулс со секој свој нерв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со свои очи ќе си ги гледаш цревата, ѝ велам, па после ми е тешко од тоа што сум го рекла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тој дури и мисијата за опстанатите османизми во балканските јазици со својот пријател Климент Камилски ја сметаше за скромен прилог во новата балканска свест, која требаше и на тој начин да им се пренесе на новите генерации, на нивните потомци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Надвор Свети Илија се растрчува со своите огнени кочии по небото веројатно со намера неговите секавици да го разбркат црнилото од нејзиното срце и да ја истуркаат сета болка од незиното згрчено срце!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Султановите војници како прво и главно одличје ја имаа лажицата, а и воените единици биле организирани како вид кујни, вишите офицери, биле именувани за чорбаџии, а секој одред располагал со свој казан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тивката августова вечер им помагаше да можат да слушаат далеку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додадете кон тоа дека српската надворешна политика е установена, како и тоа дека имаат тие и цел ред други, освен споменатите дипломати, и ќе разберете зошто ракополагањето на Фирмилијана е победа на српската дипломатија и пораз на бугарската; победа добиена со свои, т.е. српски сили, а не нешто наврзано од Русите; поразот пак на Бугарите е резултат на немањето бугарски дипломати што да ги разбираат бугарските интереси и да ги заштитуваат со авторитет и знаење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа луѓето со завист го гледале пресреќниот Доце Срменков кога отишол да се проубави со чиста кошула позната по многуте везови од дните на неговата младост кога Фиданка Кукникова се тркалала со своите врснички в прав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со неколкуте провокативни тези (особено за вината и судбината на идеологијата) кои се во дослух со горливите прашања на нашето време, оваа книга предизвикува вистинско освежување на по малку заморената македонска теориска сцена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бев инфициран со енергија од вампирско револуционерен карактер.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Инаку јас сум следбеник на идејата: да не се расфрламе со своите тајни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја споделуваше со своите книги својата голема среќа дека на Балканот го пронашол својот вистински собрат по книги, со кого можеше да го сподели чувството на триумфот во поразот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но под притисок на макартиевската хистерија и антикомунизмот, кога и најмал знак на пријателство со комунистичките земји бил доволна причина за анатема и кривично гонење, Американскиот сесловенски конгрес престана со својата дејност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Кога се женев, ми купи појас и опинци. Со свој овен и со свое вино ги дочести моите гости. Сега како ќе му се оддолжам?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Смислуваат приказни. Сакаат да нѐ соблазнат со своите убаво стокмени измислици.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Што овој Свет чека да го спаси Краси се само со својте пердуви Не биди фарисеј лесноверен Не гледаш?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Од посетата на една ваква установа, која има високо реноме со своите научни постигања во областа на астрофизиката, се очекува многу.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, Јана со својот префинет вкус глатко но и културно им предочуваше дека тропаат на погрешна врата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти кажувам еднаш не треба не знам колку пати да ти се повторува овие три топлинки покрај тебе се како пламенче од кандилче најмал повеј на ветре или студена рака што врз нив ќе се подаде може да ги угасне ама ти пули и прави грижи се варди ги заштитувај ги со што ќе стигниш закрилувај ги со сопствената топлина со својата љубов оти нели се тие деца на нашиот син па затоа два пати думај пред да ставиш залак в уста дали не треба во нивните да се подаде за да се прескокне зимата за да се прескокнат годините за да останеме јас и ти во нив!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На повик на Друже Србине, директорот на Граничар, во полето излегоа сите од селото, учениците, се разбира, исто така, со своите учители, а и домаќинките, оние жени со многу деца, како Танаскоица, да речеме.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Моево го знаете. Лекарската одговорност е голема а платата мала! – се уфрли со своите жалопојки Љубомир. –Одговарам за човечки животи, кој може да ја плати таа одговорност?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И не само Карабоја! Сите овчари што одат со свој булук претеруваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Има нешто неизмерно големо и важно во неговиот живот, една човечка должност што го заслепува со својот сјај, да се урне нешто сосем подло и гадно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
– Значи, овој сефер ние ќе треба да се разделиме на три дела, а ефендијата Расим-беј ќе биде четврт – предложи кадијата и со почит покажа на својот сизерен скопскиот беглербег, па продолжи: – Јас лично ќе поведам еден табур со своите луѓе и луѓето од Бајрам-бег, Сефедин и Мамут-ага.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој веќе го учеше синот на Тајкота на изработување хороскопи и кога Сандри му рече еднаш дека чувствува како и цвеќето, и дрвјата, можат да имаат своја судбина одредена од ѕвездите, тој полетно се согласи како презадоволен учител со својот надарен ученик.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
7. Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван" Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не многу сакани гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во секој случај, да се биде поет за него беше барем исто толку важно како и да се биде сликар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го потклепа палечникот, и сам проговори некој и друг збор со Стевана и виде дека Стеван се гордее со своето Кате дека служи кај бегот и оти тој ја има таа „висока чест“ прв да разбира што мисли бегот и што ќе прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Планот на париското метро ја одредува со својот мондријановски скелет, со своите црвени, жолти, плави и црни гранки пространата но сепак омеѓена површина на исфрлените псеудоподии - а тоа стебло е живо дваесет часа на секои дваесет и четири, немирниот хлорофил протекува низ него со точна цел, ту се симнува на Шатле ту се качува на Вожирар а ту преседнува кај Одеон за да продолжи до Ла Мот-Пике, двесте, триста, кој знае колку можности за комбинирање за секоја кодирана и програмирана клетка да може да пристапи кон еден сектор на дрвото и да се промолкне во друг, за да излезе од галеријата Лафает и да остави пакет со пешкири или некаква ламба на некаков трет кат од улицата Геј- Лисак.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За жал, настаните во кои ќе распламтат огновите на личната болка, најбавно ги покрива пепелта на заборавот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Требаше уште да се одредат правилата на однесувањето на противниците во двата табори, секој наоружан со свои зборови, кои требаше да се најдат како жртви на првите борбени линии...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стариот материјализам со својот чисто емпирички метод никојпат не можеше да го види нивното единство, нивниот премин една во друга, па затоа неговото познавање на објективниот свет и на општеството беше ограничено, неполно, мртво.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Мем- идејата не е нова. Контракултурите одат наназад најмалку до Хермес Трисмегистус, и ги опфаќаат Сократ, Парацелзус, Ренесансата, Волтер, Емерсон, Торо, Дадаистите, Ѓурчиев и Кроули.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нашиот безгласен разговор гардистите на Мортенија не можеа да го слушнат. Со своите весла господареа над реката.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Чистата војна“ во оваа смисла реферира на технолошката и психолошка подготвеност за војна којашто моментно ги обликува политичките и општествени односи, и која придонесува кон „епистемо-техничкиот“ начин на осознавање и бивствување-во-светот базиран врз технологијата на војна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во мигот Чана ја затнува половината врата со својата голема снага, пуштајќи го својот грлен глас во вагонот Стигнати сме во Македонија, народе!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се надеваме дека оваа јуристичка анализа изразена преку критичкиот осврт на трудово-правната легислатива на Република Македонија ќе претставува релевантна референца не само за работниците, кон кои е главно наменета, како подобро и поподробно би се запознале со своите права, туку и на синдикатите, катедрите по трудово право на универзитетите, невладините актери, пошироката јавност и сите оние кои имаат интерес за оваа проблематика.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Добро, нека е и така. Секој со своите грнци по вода, па и наш Боге со стомните! Негово право.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој знае дека Митра се лути, а и мајка му, кога не се прибира навреме дома, а најмногу му се лутат што оди сам на реката, само тој не може да ги слуша како постојано зборуваат за умната, убавата, стројната Пела на тетка Пелагија која веќе ги знаела сите букви, ги знаела и приказните за сите светци (мајка Перса ја учи като даскалица!), а и молитвите ги пеела како поповите во црквите и Чана, неговата мајка ја кажува Оче наш, ама со свои лафови ( Оче наш кој си на небту да ти свети имту твое да ни доа царството твое и как сакаш ти т'ка нека е как на небтту т'ка и на земната лебут исушен да ј ни гу вадин плати ги долговите наши как шо ги плајќаш и на тиа шо ни са должни и не на пикај у гревуви истерај гу ѓаволот), ете оваа молитва и други ги пеела Пела исто како да е поп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А еве што било напишано во врска со настанот во еден угледен лондонски неделник: Харолд (името на детето), кој живее со своите родители близу Лондон, по една сериозна повреда, целосно го изгубил сеќавањето и моќта да зборува во период подолг од еден месец.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште тогаш во Тунис ми зборуваше за својата опсесивна тема на идентитетите, (подоцна ќе напише книгата Погубни идентитети).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа пак се исправи и неговата висока конструкција, со своите седум декади од животот, што му тежеа како седум посебни товари, крцкаше како да имаше песок во зглобовите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Истиот ден испратив белешка до Министерството за надворешни работи на РМ со предлог проф. д-р Владислав Барчиковски, со предлог од страна на Сојузот на борците од НОБ да биде поканет во Република Македонија со цел да се сретне со своите македонски пациенти. Одговор не добив ниту од Министерството, ниту од Сојузот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Знаеше дека можеш да си сигурен во некого дека е кукавица, но дека е многу незгодно набргу со свои очи да го видиш; а и тој да е свесен за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А се знаеше: скоро секогаш околу пет часот попладне, по патчето што низ угорницата обрасната со маслини, се стрчуваше преубавиот бел коњ со својот мал, црномурест јавач.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Секојдневно тој доаѓаше во домот и со своето како глувче подвижно коњче на малечка двоколка ни носеше леб.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Притиснат од егзистенцијални проблеми и согледувајќи ја целокупната ситуација во Македонија на полето на „пазарот на труд“, како и многу други кои се приморани да донесат дома нешто за јадење – Јакшиќ, со своето тукушто формирано семејство, во 2002 одлучи и започна да работи во споменатата градежна фирма како општ работник – непријавен и без никакво осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа му услужи дури и со својата свештена облека и шапка и му вети дека ќе ги држи Трајка, Најда и Велјана како момци на манастирот без да ги тера дури и на работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А можеби и ќе паднеше во морето ако со својата блага пролетна насмевка не ја храбреше сонцето: Ластовице, лекокрила, биди силна, биди лека, летај, летај, летај мила родно гнездо ми те чека.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И така мајкините и бабините најсакани гинеле за славата на Грција и вределе за Грција само тогаш, кога знаеле да пукаат, да убиваат други, да отстојуваат, со својата крв да ја величаат Грција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко, со своето семејство, во куќата крај Езерото, а помладиот брат, сѐ уште неженет, остана да живее со мајка им и со сестрите во другата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„- Какво прашање“ рамнодушно одговори младиот Англичанец. „Мајка ми е убава, дотерана, цврста како челик. Што да ви кажам уште? Кога излегувам со неа, мислат дека сум ѝ помлад брат.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така задуман со куп недоквачени мисли стаса пред големата капија, пред куќата која со својата градба се разликуваше од сите останати куќи во селото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сталин? тој, лично! Неочекувано му се јави на овдешниот Централен комитет со својот познат мирен глас, ти кажувам, а јас знаев зошто го стори тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
3. Откако се тргна и Толе со своите другари од позицијата во гробиштата и се разбегаа востаниците, јузбашијата и мудурот наредија да се блокира селото и сите селани да се дотераат пред конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, пределот не можеше да се припие до мостот, ниту мостот до пределот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не раскинавме некоја одредена ноќ, како што и не постоеше некоја одредена ноќ кога почнавме да излегуваме, но се сеќавам на една есенска ноќ кога претпоставив дека бевме при крај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Буден секогаш, ги држи под контрола сите останати клетки, што со своите задачи одговараат пред него. Тој управува со сѐ.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
По напорниот врел ден, по почивката и вкусната вечера, децата заскитаа некаде по ливадите удолу, да ги гонат неброените светулки, што со своето светни- згасни ја разубавуваа вечерта и предизвикуваа илјадници најневозможни желби.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Последните денови тие го гледаа некогашниот лав на земјата како се понижува со своите невозможни амбиции.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Преку цел ден, во разни делови на Изложбата, Американците маршираат со својата блех-музика, довлечена дури од САД.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За возврат, или како награда, на Поетот целосно му припаѓа привилегијата да располага и да господари со својот свет на соништата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога го затворија нејзиниот внук од постарата сестра, Сашко, три дена гладуваше пред затворската порта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како на платно, нит по нит, беа набоцкани боите, секоја со својата нијанса и сенка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од сонот, прв изнурнуваше, со своите пораки, со својот комплексен живот, неговиот вујко Фетхи-беј Окијар-Македонецот, од Прилеп, со кого, во младоста, Ататурк, токму во Битола, во која, според Татко, можеби се криеше тајната на вековите, ги коваше плановите за судбината на Отоманската Империја и на нова Турција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- За должината на пансионските услуги треба да се договорам и со своите колеги.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тие години и во доменот на дипломатијата, како и во високите функции на Федерацијата, непогрешливо функционираше републичко-покраинскиот паритет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Под нежната опна, непропустливата мембрана што го поништува надворешниот свет, обликот господари со своето траење.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се викам Стивен Леонард Џонс и имам дваесет и пет години и тукушто дојдов од планетата Земја и сега стојам со своите добри пријатели Регент и Шо, покрај стариот бунар на Марс. 60
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Патешествието е веќе во тек“ („The seeker on the way of sound“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Спиј кога веќе не си доволно буден - заповеда пред да ме бакне.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Така се случи мојата коса да се престори дом за зборовите што ги шепотеше милувањето - се трудеше Јана да ја прераскаже приказната за една љубов што Зрновски веројатно ќе се обиде да ја игнорира со своето молчење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оваа раздаљина, ако сакаме да ја објасниме со свои зборови, би изгледалa нешто као: од Скопје до Хонгконг на исток, или уште посликовито - од Скопје до Венецуела на запад.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Овде никогаш одново ќе биде јули: Дрвја со црвени плодови, Старичка што со недели чека да се воздигне За да си поразговара со својата сосетка на небесата, Ѕвезди во дланките на заспаните дечиња, Жени со набрекнати дојки легнати под сенка, Крикови на птици среде летната замаглина над ожнеаните полиња, Илјадници пеперутки скаменети во сенката на облакот, Српови расфрлени кај јазот, Црна сол врз изгорените костури на тревките И една девојка што полни ведро во бунарот За да му подаде студена вода на оној Утре што ќе следи на ова исто место Загледан во дрвјата со црвени плодови Овде некогаш одново ќе биде јули...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тогаш, придушувајќи го шумот со својата дланка, тој ја откочи пушката, а после, крадешкум подавајќи се од зад стеблото, гледаше по долинката пред себе. Ништо не му го затскриваше погледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше да се бараат нови патишта, требаше некако да се преранат сите оние дечиња, што ги имаше народено Језекил со својата зорлива женица; но и светот чунким беше решил првин да го разурне добро сето она, што го имаше соѕидано Језекил во својот живот, и затоа сега веќе не ѕидаа ни оние, што беа сѐ уште вредни за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали е тоа истиот делија што се дружи со самовили, скока со својот Шарец преку планини, победува црни Арапи и ослободува робје?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
По оцена на работодавачот, со писмен налог на овластеното лице кај работодавачот, работникот се отстранува од кај работодавачот со надоместок во висина на платата на работникот до донесувањето на одлуката за отказ на договорот за вработување, ако: 1) работникот со своето присуство кај работодавачот го загрозува животот или здравјето на работниците или други лица или се оштетуваат средства од поголема вредност; 2) присуството на работникот кај работодавачот штетно ќе се одразува врз работењето кај работодавачот; 3) присуството на работникот оневозможува утврдување на одговорноста за повреда на работните обврски и 4) кога против работникот е покрената кривична постапка од надлежен орган за кривично дело сторено на работа или во врска со работата (чл. 83, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне", и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти се чинеше дека е жив и дека ја целува земјата со своите врели усни.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Можеби мислеше со прашањето: јас и не можам без караници со своите блиски.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Може ли Русија со својата политика да ги отклони од себе балканските православни држави?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Начулено стоеше со својата бушава опашка прошарена со црни крукчиња, што беше наводенета од тревата, а со испакнатото и лакомо муце пребаруваше наоколу.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Жената што со него влезе во лифтот не си ти, туку комшивката Гога.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Чекаше еден ден да го стори големиот чекор, да се одвои со своето семејство, во друга куќа, во ветената куќа крај Езерото, но требаше да мине доволно време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И учителката, со својот внимателен однос кон мене, често ме потсеќаше на тоа страшно, и јас не можев да внимавам на тоа што го предаваше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И кога виде Писмородецот, крај мене застанат, дека во буквата сум гледал, се вцрви и тој (Боже, дали и нему таа буква на блудна девојка му личеше, на блудница Вавилонска што те довикува меѓу нозете свои?), светна со окото мрежесто, па зеде и со својот калем ја покри убавината соблазнителна со мастило црно, невидлива ја направи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тука го чекавме противникот само со своето пешадиско оружје, неколкуте ридски топови со само сѐ на сѐ пет илјади топовски гранати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да не сум јас одредена, таа крв, со својата крв да ја вратам, И си мислам, дали и мојот глас ќе се јавува, ноќе, во долот и ќе ги потплашува луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Без двоумење, рече професорот, секој човек исчезнува заедно со своето стебло и со својата сенка.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Кутар Фокс. Со своите плави оксфордски кошули посвежи од било кога, со своите париски одела, потемни и поскапи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Мислите покроце се ослободуваа од раздразнетоста, што ја донесе со своето доаѓање; сето она сега беше сосема далеку од него и тој многу често се наоѓаше себеси загледан и мирен, со едни сосема меки и стивнати размислувања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другиот беше упорен. – Токму зашто не сум лековерен, сакам со свои очи да го видам исчезнувањето и воскреснувањето на розата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И чудно како, но и покрај тоа што со свои очи видов и гледам, сепак немам ниеден аргумент со кој овој ремнав човек би го обвинил.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го обземало несовладливо трепетење, го присилувало со болка да го надраснува оној златен и зелен жабурник, она море со мртви води, поинакви од оние што ги гледал кога по казна го воделе во солунската кула и кога го враќале од тој гроб од чии окови не се спасувал ни еден на десет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Збирштина од универзитетски професори со копи пејст препишани учебници и стотина научени латинизми ја замајуваат јавноста и дрндаат со своите колумни за етика задскривајќи се зад сопствените манијачко педофилско страсти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Од тоа не излегува дека човек со својата логика може да го создава движењето на логичките категории на „апсолутниот дух“, туку дека човечкиот разум, како една од појавите на „светскиот разум“ субјективно го открива „објективизираниот“ „апсолутен дух“ во природата или општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Чкртањето на столот под мене ме обеспокојуваше со својот несносен шум.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Грегор, не одговори, се заврте уште еднаш кон сликата на Камил Пизаро, помислувајќи дека сѐ уште не успеал да ја надмине разделбата со својата ќерка Ева.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Чудна приказна, драга Нора, за тие чудни осумдесети години... Или се лажам?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Простено нека ми е што зборувам вака за еден таков момент, но несреќата на една жена, нејзината тага, и особено нејзините солзи, тебе како маж не те тераат да ја жалиш, туку на мислата да ја утешиш со своето срце. Ми зборуваше нешто, но јас одвај дали ја слушав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Брзо се искачував по скалите до станот во кој живееше сестра ми со своето семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гледајќи како сонцето се провира низ мрежестите пердиња и како ги капе, со својата блага портокалова светлина, комодите што имаа боја на мед, стана видливо свесен за убавото време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие, дојдени од странство, каде што биле поврзани со руски анархисти и нихилисти им импонирале на младите ученици со своите идеи и планови19.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А рисот веќе го имаше понесено во устата неговиот зајак и сега се оддалечуваше со својот поган крадешки чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тиквешките и Мегленските потурченици — помаци — ги надминаа азијатските Турци од битолско прилепското поле со своите зулуми над своите еднородни браќа само од верски фанатизам и материјална корист — пљачка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„А ете, јас сум слушнала дека најголем дел од копитарите, ако не го излижат малечкото веднаш откако ќе го родат, ако не го обележат со својата плунка, со тој знак кој ним самите им вели: ‘Ова е мое, ова сум јас,’ тогаш го отфрлаат новороденото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа значи дека е тешко да се очекува да налетате на пингвини додека шибате со својот лендровер по саваните на Кенија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога со своите подадени раце и со некоја темјанушка на усните меѓу уште подзарцвенетите обравчиња, куклата покани “Повелете“, од рацете на Дедо Мраз испопаѓаа јажињата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На десетина, дваесетина дена, пробивајќи се по обични колски патишта, пресечувајќи неразгазени долинки и ритчиња, газејќи низ грмје и папрати, шумарот ќе се појавеше со својот џип да ја надгледа гората или да маркира дрво за огрев или граѓа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој сѐ уште на персиски раскажувал за своите идни деца и пак пеел, веќе со зборови на лирикот Мевлана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во меѓувреме, расправата на масата продолжува како грмеж околу громобран, при што самомнителниот артист грми со својот глас (тој го вика „орган”) како Илија Громовник околу кој прскотат искри ако не секавици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ни ѕвечкаат со куршумите и со желевцата, нѐ поздравуваат со своите одликувања.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бојана со своите зелени очи им фрли еден контра оган.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И со својата постојана грижа за земните работи, со своето внимание кон него, со телото и со душата своја, таа го осветува, оти само преку неа тој е весел во својата тага и имотен во својата беда.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Значи, при современата поставка на македонското прашање, ние очекувавме за наш атер Русија со свои непромислени постапки да се откаже од нејзините интереси на Далечниот Исток и заедно со тоа да претрпи пораз на Блискиот Исток.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога стигнал со своите голтари до Скопје, она што никој не го памети и што го запалиле австриските војски на честитиот или никаквиот цар Леополд, ајдутот Парамон дошол пред књазот Карпош и му рекол дека ќе се бори на негова страна за човечки правдини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но врз мене сѐ уште лежеше парче темница во која Круме Арсов се преобрази во жив факел што со искинати писоци се врти во круг, паѓа на коленици и пак станува, и трча кон ветар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едни викаа дека на сила не можат да ги присоединат со Албанија, други тагуваа како ќе се гледаат со своите најблиски, со своите роднини кога ќе ги подели границата; трети викаа дека ќе се отселат, ќе соберат што можат од покуќнината, од добитокот, ќе испродадат сѐ и нема да останат во Албанија; четврти одеа во црквата, палеа свеќи, се молеа, плачеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не можеш да разликуваш што е небо, што планина – говореше старецот, понесен од тајните на далечините. –Дебелиот снег и густите бели облаци може да ги победи само топлиот ветар на љубовта со својата волшебна моќ.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како нови основи фигурираат: а) одбивањето вработување со полно или скратено работно време, кое не е помало од половината од полното работно време, а е соодветно на образованието, знаењето и можностите на невработеното лице; б) прекинувањето на обука, преквалификација или доквалификација по вина на невработеното лице; в) исполнувањето услови 72 за стекнување право на пензија (покрај веќе постоечката основа која предвидува остварување право на пензија); г) затекнувањето на работа кај работодавец од страна на надлежен орган; д) неоправданото одбивање привремено вработување во исклучителни случаи (поплави, земјотреси, неопходно извршување на земјоделски работи и слично); ѓ) одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи; е) одбивањето вработување на работно место за кое се бара пониска стручна подготовка од онаа на невработеното лице, а ако тоа, непосредно пред да остане невработено, со своја согласност, работело на такво работно место или изјавило дека прифаќа вработување и на понизок степен на стручна подготовка; ж) нејавувањето на покана на Заводот за вработување од неоправдани причини; з) небарањето активно работа во последниот месец и ѕ) неизвестувањето на Заводот во рок од осум дена за секоја промена која е услов или основа за стекнување, остварување или губење на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Зашто тие заедно со своите домашни ги трпеа сите маки од Лумана, ноќе сонуваа страшни соништа и сѐ се будеа причинувајќи им се дека арамијата дошол и сега којзнае што ќе им прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
ТАА е списание за тинејџери, со своја јасно одредена концепција, па местото на Прокопиев ни случајно не му е во ТАА.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Оној плачеше со своите огромни, отпуштени раце, се препкаше по темелите, не наоѓајќи си го никаде своето место, а неговата црвена коса се посипуваше со прашина и се излепуваше од потта, гаснејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакаше со своите уши да слушне од Стевановата уста дали навистина Ката зборувала дома за нивното продавање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпосле решија да го поделат по токму, сето она, што го имаше спечалено тој со своето дуќанче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За разлика од некои современи режисери кои сопствената позиција на алтернативни творци ја оправдуваат со своето уживачко и разорно впуштање во општите феномени и изразите од општествените маргини, Гринавеј му е посветен на потиснатото дејство на моќта на сликата и приказната од баштината на западната европска култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така станале имињата Србин и Хрват народни од племенски, така се присоединиле механички кон нивните носители соседните племиња со своите наречја и составиле со нив еден народ, постепено асимилирајќи се со своите покорувачи или присоединувачи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа што го имаше во куќата, Мајка го делеше со своите соседи. И многу повеќе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Остана долго во кожените ложници, што некаде оддалеку мирисаа на штавање, загледан во една точка, наеднаш неспоредливо малечок за да ја исполни со себеси, со својата будност, дури и оваа своја одајка, и од тоа уште повеќе пристеснет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со своето организирање Македонците станаа главниот фактор во решавањето на македонското прашање како во своите очи, така и во очите на Европа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со животот нема шега. Постојано знае да нѐ восхити со своите чудесии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И во среќни и во несреќни периоди, поговорката функционираше со својата поширока смисла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Едно ѓуле го погоди востаничкото црешово топче и топчето се распадна пред да успее да ги пресретне со своите ѓулиња непријателите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таму се однесувале секој со свое засебно страновиште и достоинство, едно од тоа што биле горделиви, друго од стравот од верниците во Константинопол.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По војната во Битола се доселија цели деведесет илјади главно селани, приближно колку што имаше во турско кога таму живееле неколку илјади турски офицери со своите семејства, до или во времто кога Милтон Манаки во Париз купи камера, се врати во Битола и стана првиот граѓанин на Македонија кој ја крена раката пред Неговото Величество султанот на Отоманската империја Рашид и му нареди: „Застанете Височество„“ Неговото височество му се потчини на битолскиот фотограф и така во историјата на уште долго непостоечката македонска кинематографија и на Балканот беше втемелен првиот документарен филм.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие ги поттикнуваат индивидуите да го прифатат своето сопствено потчинување, да комуницираат со своите сопствени животи преку техниките на моќ кои ги обликуваат, дури и нивните тела и гестикулации, според одредени “вистини”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По светлото небо пловеше месечината, наѕираше во колибата со своето насмеано лице и како да им се потсмеваше на двајцата заспани другари.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Јас си ги наредив шаховските фигури и токму кога почнав да играм шах со својот замислен другар Чучко, Бреза тивко влезе во мојата соба и ми се приближи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А тоа негово прашање остана да виси без одговор и да го дебне со својата неодгатливост сета ноќ, исто како оној остар месец. Исто како оној мршар, долу, под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На самата помисла дека сега во таа куќа се наоѓа демон со козји рогови и дека, можеби, сонува за пеколот, тој ја загуби сета собрана храброст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Види ги ти Французиве- си помислив и не знам зошто ми стана смешно па си го замислив големиот секогаш сериозен Бертран потполно гол како со своето огромно тело ја покрива Изабел која стенка под него...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А оваа сала со своите педесетина вработени беше само една потсекција, речиси обична ќелија, на огромната комплексност на Одделот за документација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веројатно ништо што би можело да го задоволи нејзиното љубопитство бидејќи и подоцна, кога се врати во купето, сѐ уште беше зафатена со својата отсутност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Меѓувремено, ене го Сатирот, качен на коњ, облечен како каубоец, со своите криви нозе стегнати околу натагарениот стомак на коњот, во траперки и со сомбреро на главата, распеан, мавта со ласото над својата глава и тера пред себе преку ридови и долини една бескрајна сурија луѓе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ги носеле многумина, од дрводелците- авантуристи во канадските дивини, преку сафари фриковите во фазонот на мачо- мустаклијата од рекламата за Камел, до модерните припадници на џет-сетот кои во морски авантури тргнуваат со своите деветометарски јахти (можеби оттаму и другото име за овие мокасини - бродарици).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Улицата тапо нѐ гледаше со многуте ситни прозорци како да нѐ заплашува со своето молчење.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не можев да не се свртам. Забелот сега беше поинаков, згуснат и замаглен. Онисифор Мечкојад не стоеше меѓу стеблата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Нејзината рака помина по неговото рамо и се најде на алатот на Александар кој добро беше подготвен благодарение на она што дебелата Симона го правеше со своите пријатели.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сѐ до оној ден, веднаш спроти почетокот на Војната, кога Језекил судбината му завиде и на тоа, што му го имаше делено толку скржаво, и посегна со својата неумолива рака и тоа да му го земе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тунелот го привлече, понесувајќи го со својата магнетна моќ: надвор од времето во коешто живееше: надвор од просторот, каде што физички се стремеше со своето тело.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сакам ороспиите да бидат што подалеку од театарот затоа што тие, со своите впечатливи бои, со нагонот за брзо ширење и со цветањето во секое време, можат да го заведат истиот, па потоа, нешто слично како Жан во пиесата на Стриндберг, да остане засекогаш покриен од гнилежот на нивните најситни потреби...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И кога чаушите играа со своите милосници, Толе поведуваше танец со Проќа до него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со својата света неприкосновеност ги регулирала меѓучовечките и социјалните односи, ги прочистувала срцата и душите, го крепнела менталното здравје на луѓето, нивната вера и надеж во бога, во сполуката во бојот, во вредностите и вечноста на човека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И покрај свесната американизација и комплетното приопштување и реализирање во американската средина, Христов го задржал својот етнички импулс и со своето творештво полифомски и трајно се врзал за Македонија и дијаспората.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Според посакуваната судбина од мајка си, синот да му биде ветен во искачувањето и останувањето во цариградските висини на власта, Татко по завршените студии и поддршката на својот вујко во Цариград, ќе го продолжи животот во некаква балканска одисеја со семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не, јас нема да бидам како мојот збудален московски познаник Жења којшто својот стан го претрупал со аквариуми - и на крајот (ах, тој советски фушерај!) со својата водена менажерија пропаднал еден спрат подолу.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На крајот од селото Мацково, во мала и ниска куќичка живееше селанецот Тане со својата жена Танејца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Таа остана со својата осама и со татковите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Јас потполно, потполно се согласувам и со мое најголемо задоволство, но со тоа, што Катиш прва да започне со својата би-о-графија“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
идат сега полицајците на Јанис Метаксас и ти дежураат пред устата, под ушите, не смееш ни кучето со свои зборови да го повабиш, ни козата да ја искараш, оти не им зборуваш грчки, ти велат, моето куче не знае грчки, им велиш, мојата коза не разбира, полицајците и оддалеку знаат на кој јазик зборуваш, по отворањето на устата знаат и идат право на тебе и во отворената уста ти плукаат и после ти ги кршат забите и ги бришат словенските букви од црквите и од гробовите,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крпите служат за бришење садови во кујна или им се оддава почесно место на ивицата од лавабото, стуткани за да не реметат со својата флекавост.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
25. Радев со својот “Movement Macedonien” мислеше да ја убеди Европа оти движењето е чисто македонско и нема ништо општо со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вам сонот и не Ви беше зададен за да го сонувате, бидејќи денес веќе никој не умее да го прави тоа, туку за да го запамтите добро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајка ми не можеше да разбере зошто татко ми и во оваа земја, во која семејството пушташе корени, и требаше да живее и со другите луѓе, останува до доцна во ноќта со своите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја имаш прекрасната причина да излегуваш од мермерот и да ја омеѓуваш ноќта со својот смев.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но јаничарски ген имаа и јапонските камикази кои се претовараа во делови на воените машини служејќи се со својата смрт да ги убиваат противниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А видов со свои очи, на лице место - иконописите се темни таму кајшто денот е светол и долг таму кајшто изгревот е ран и болскотен токму како оној над Босфор!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ова полифоно пеење на немирењето и компромисот, никогаш до крај разгатнато, никогаш довршено, останато живо со своите пораки, еден ден некој од потомците судбоносно да го протолкува.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Кој Онисифор, мајче, ако не ти е тешко да покажеш со пресветиот прст? - Овој, Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во просторот помеѓу куќите и рекичката што брзала ослободена од мраз и со поинаква боја заради надојдената снеговица, гласот како да не значел ништо зашто сѐ што ќе се кажело тоа истото веќе некој го мислел, не еден туку повеќето, ако не и сите околу запрегите. Во такви часови и тагата онемувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господе, зар мора човек, за да е сигурен дека живее, постојано да е фатен во костец со својата судбина?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Веднаш до неа лежеше накривениот школски глобус со своите меридијани што ги познавав и бев семожен над нив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За време воените буни на јаничарите се превртувал казанот, а и баклавата имала коцелив горчлив вкус.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Времето нѐ посипува секој час со својата прав и тоа е единствената вистина што ја признавам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И само понекогаш некој ќе се загледа во сенката што ја фрлаат облаците или некое дрво, или ќе се загледа во сопствената сенка, и тој миг му изгледа како насетување на некакво откровение.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А Мајка, со својата добрина, со знаењето јазици, со верската толерантност што си ја имаше всадено уште кај солунските лазаристи, беше сакана, помагана од соседството, без разлика на верата, на народноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со своите бројни стада, со шарпланинците, посебно со својата мијачка облека и говор, и со сточарската исхрана, бакрданик, сирење, грав, и овчка пастрма, за сите пелагониски селани, посебно за жителите на Потковицата, во чиј синор спаѓаше заветрината, мијаците претставуваа вистинска атракција но не и туѓинци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А под тој прекрасен покрив, на кого сонцето слетуваше со своите волшебни шари, стоеше една сива длабочина, испреплеткана и затната од стеблата, со некакво модрикаво, крвјосано застрашување на понорна сенка, по која ретко можеа да се изнајдат и понекоја сина заискрена ѕвездичка на снежните кристали. Замина натаму, без двоумење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И помагаше по некој пат кај кајмакамот со своите интервенции и не еден мариовец беше се избавил од разни беди, благодарејќи на овој ага.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓутоа, единствената личност што мене ми остави впечаток за време на ова интермецо на мојата вработеност – тоа беше кондуктерот во трамвајот кој со својата алатка за дупчење билети ми го поништуваше денот; ќе го кренеше тоа парче хартија, мојот неделен возен билет, ќе го вотнеше во отворената челуст на својата справа и некакво невидливо мастило на него ќе поништеше два сантиметра – и еден ден од мојот живот – еден скапоцен ден кој ми носеше само замор, ниту приближно со онолку пари колку што ми беа потребни за да ја продолжам таа бесмислена работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само, одвреме-навреме, ако се земе тоа за порок, играше покер со своите најверни пријатели во градот, верскиот муслимански поглавар Афз Б, угледниот турски интелектуалец и учесник во војната Мустафа С, во еден период министер за земјоделство во првата повоена влада на Народна Република Македонија, како припадник на турското малцинство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јаренцето дури сега престана со своето палаво поигрување околу него, со онаа свое скокаркање во неговите нозе, со кое го прогонеше сето време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури со својот избор на актерите за СТОМАКОТ... Гринавеј не ја следи ембрионалната симболика на американскиот филм, кадешто секој негативен лик мора да биде грд.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога се врати од војска, по три години, не поседе в град ни три недели, туку еднаш, во делник, сред лето, во време жетва, неочекуван од никого достаса во Потковицата; првин бил дома си, се видел и се избакнал со деда си Блажета, потоа собрал фотографии од сите домашни, и - се огласи од Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога ќе влезат тие на таванот, петелот секогаш стои мирно во еден агол, не се ни трга, ни бега, само така стои и понекогаш гледа во Зоки со своите љубопитни очи.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Беше тивок човек, и за разлика од неа, со крупен стас, изразено чело, очила преку кои ја загледуваше со својот питом поглед со маслинеста, не докрај одредена боја.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
14. КОЈ ПЕЕ НЕ МИСЛИ ЛОШО - и кој пие зло не мисли, но арно не прави, па затоа грлест со својот глас пошол во таквото отсуство на мисли да се дави... љубовта е како кашлица - од луѓето не се покрива!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Го имав цврсто прегрнато Игбал, седната зад него како што би седела кога тој би ме возел со мотор, а не на килим.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Наместо Тина која сѐ помалку зборуваше отворено со својата ќерка откако оваа најави дека можеби ќе го заборави Доне, се јавуваше некоја друга жена од бегалците кои се одмораа вдолж долгата барака од црвена тула, и тоа прилично гласно да можат да ја чујат и оние на најдолниот крај Арно прави мори Чано шо оди на црква, не чини ниа шо сме скарани су Господ!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште дедото на некогашниот маскар кој ги минувал овие патишта, еднаш дури и со благородниот патник Челеби од Стамбол, раскажувал во Кукулино за тој град од камени куќи, стари мостови, џамии и беговски кули и прозорци од зелено стакло и со стотици чешми и водоскоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во двата случаи, имено, луѓето трпат огромно развластување: во име на нивната најдлабока суштина тие стануваат лишени од правото на било какво располагање со своите судбини; расата или културата се вистината чии што се тие носители наспроти својата волја, вистината која ја обезвреднува нивната свесна желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Едноставно, затоа што отсега секој ќе знае дека мајсторот на најмалата земја на светот, багодатната Дардаванија, покрај се друго, по истекот на 365 дена, со својата волшебна рака, вдахновеа со живот и убавина, на светот ќе му донесува по една незаменлива убавица, Нова Година.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Но борбата со пропагандите во Македонија не е чекор назад, туку напред, зашто и тука имаме работа со борба за слобода, со борба со мрачните сили што не ѝ дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами ѝ наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината и ѝ придаваат бугарска, српска и грчка боја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој слушна како неговото треперење вибрираше спроти ребрестиот метален покрив што беше закован над гредите и спроти ѕидовите, со своите разголени клинови слични на ребра.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со својата кадиска диплома со која се здоби во Цариград во времето кога се разминуваа Отоманската империјата и новата Република Турција, во обете вклучен неговиот вујко Фетхи Беј Окјар, беше судија во монархистичка Албанија во времето на кралот Зогу, па адвокат и на крајот социјалистички судија во првите денови на комунизмот во Македонија, дел од Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И оттогаш, да до денес затоа го слават и го жалат убедени дека тој во име на доброто со својата смрт ја победил смртта....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— Е, море имаш право, Толе, и главата да ми а скршиш со бардакот, токо да ли е само до мене кривицата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трите убавици беа на различна возраст. Но, секоја со својата убавина за своите години.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секогаш пред легнување се слекуваше гола пред огледалата и со својата убавина ги возбудуваше: се грабеа огледалата кое побргу да ја фати и што подолго да ја здржи во себе: некои ја фаќаа во профил, некои анфас, некои одзади; таа ја гледаше нивната возбуда и како да сакаше што повеќе да ги излудува: се доближуваше де кај едно, де кај друго, де кај трето, де кај четврто...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не верував дека ќе ми се појави повторно како дете во долината која претскажуваше најубава претстава а ладни женски тела пловеа со своите кораби кон небото на детските соништа.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Стрелале и го прашувале дали сѐ уште сака да има деца, а тој, антав воин, со тешки зборови им одговорил дека ништо веќе не сака, дека е од нивна пушка крвав над коленици, жив за борба но без машкост за татковски соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се држеше доста добро и сѐ нешто чепкаше работејќи по нешто со својте збрчкани раце.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓу нив и еден американски новинар со свој преведувач.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го прегазив потокот. Качувањето по ридот зад кој се наоѓаше дружината со своите запреги беше тешко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или, на друго семантично рамниште, кога во истата приказна истиот јунак, предок на махараџата Раџнапур кој уште во 1521 година се расправал со ајдуци, ќе му претскаже на нараторот дека „по две години ќе оболеам од птичја болест и оти не ќе говорам, туку понајчесто ќе чурликам и чурликот ќе го запишувам и од него ќе направам книга во која многумина болни ќе влегуват, здрави ќе излегуваат“ - што друго значи тоа освен дека нараторот ќе стане поет и дека со својата поезија ќе ги лекува луѓето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Забораваме дека имаме далечински управувач и дека на вториот канал еден македонски романсиер раскажува како се наоѓа среќен крај за својата книга.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Но сакав да вреснам со својата циничност верувајќи дека цинизмот и духовитоста им е својствена само на интелигентните луѓе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, ако се размисли убаво, постојат и оние, другине. Уште поопасните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А видов, со свои очи ги видов вештерките, на голо пладне, што се вели...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Оттука тој минува!“ Ги зграпчија копјата со своите оклопени прсти, и ги заслепија коњите, навлекувајќи им ги визирите преку очите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Реалните топоними, од расказ во расказ, ја исцртуваат топографската карта на Скопје, градот- лавиринт, непознат и никогаш до крај „видлив“, дури ни за самиот автор, кој, патем речено, поседува извонреден сенс, слух за нервот на градскиот живот и вриеж: „Како што му растеше стажот на таксист, така му се откриваше и Скопје, како октопод, несогласен со своите краци, некаде осветлени, некаде завлечени во темни пукнатини, невидливи за самото животно“(„Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства, III“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Раскажувачот брзо го наоѓаше со своите внимателни, скриени в сенка, очи божем не обрнувајќи внимание на задевките, потфрлуваше зајадливо: - Жената, пријателе, го бара тоа што ти го немаш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Исто така Бугарија со својата искусна дипломатија нѐ поддржа…! 5/ за хранењето на избеганите Македонци во Бугарија и како најголема награда за името Бугарин што го насадија кај нас, ни покажаа барем да знаеме кој е причината за сите наши несреќи, а тоа била…Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во оние брошури што ги добив во Берзата, на едно место прочитав дека берзијанерите треба да знаат добро да викаат, да цркаат, да надвикуваат секој друг, и да ја знаат пантомимата со своите партнери.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А тогаш, како што дрогите влегоа во животот на просечните луѓе, така и тие почнаа да стануваат прифаќани како „сексуални радикали”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А разгранатите, овде-онде по дворовите, расцутени бадеми и праски гореа со своите светлорумени крошни и се преливаа на сонцето, како големи сјајни рубини.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Светот со своите разнишани политички и етички вредности веќе не е хармоничен космос.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со својата грациозност и безгрижност, тоа како да поништи цела една култура, цел еден систем на мислење, како Големиот Брат и Партијата и Полицијата на мислите да можат да бидат сведени на ништо со едно единствено прекрасно движење на раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Некој како да ѝ наредуваше да се вљубува; како да ја советуваше да избрзува со своите заклучоци; како да ја насрчуваше да го каже и она кое што друг ќе најде за потребно и да го премолчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега пак се насобираа сѐ поблиску, стегаа со својата морница, и тој не беше во состојба да ги оттурне нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
121. Националниот сепаратизам се должи на српски воспитаници идеалисти што работат под српска маска, а во душата своја се признаваат за Македонци; српските воспитаници, со своето образование во Србија, се образуваа во национален дух, наместо во национален индиферентизам во Бугарија, иако некои од нив целосно не престанаа да се викаат Бугари, но меѓу нив и Македонците со чисто бугарско образование и самите Бугари се отвори една голема пропаст: тие со своето образование застанаа на средината меѓу Бугарите и Србите, т.е. викајќи се по традиција Бугари, тие престанаа да се такви во својата душа: тие станаа Македонци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Си врвеа деновите. Во градината Билјана често играше со своите врснички.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Таму го испратил главниот инженер за да подигне нешто тешко, или да ги истресе килимите, а таму беше и таа жена, таа коза, што се фрцкаше често по градилиштето со своите пењоари, или пак со градите испрчени напред под својата жолта блуза.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се разбира само од себе оти тие со своето учество во револуционерните работи одеа во расчекор со интересите на Егзархијата; но, при сѐ тоа, тие беа бугарски чиновници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еден просветен народ може да се срамни со еден умен човек; затоа наш долг е да ги вложиме сите свои сили со своето работење да го просветиме нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Млада северница која заслепува со својот блесок и сјај.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Карнаварата испушташе црвени цветчиња со кои ги намамуваше инсектите: кога ќе ѝ слетаа на листенцата, го затвораше цветот и ги впиваше во себе, ги смукаше; сувоземната утрикуларија лисјата ги свиткуваше во вид на труба, на уста, и штом ќе влезеше некој инсект внатре - таа го затвораше како во стапица и го цицаше со своите ситни влакненца; водената утрикуларија испушташе тенок леплив меур на кој инсектите како на смола се лепеа останувајќи заробени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Застана само малку, потоа го прецрта и првиот дел од печатот со своето име. Остана само девизата: Молчењето е сигурност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Инаку, управата гледаше да го задоволи интернатскиот народ повеќе со својата демократичност отколку со прибавување на земни блага: таа не водеше никаква сметка за куќниот ред, не поставуваше никакви ограниченија нити во однос на врските со надворешниот свет, така што и водот „Елен” се движеше по свое наоѓање - кога сакаше и каде сакаше, само ако дозволуваат атмосферските услови.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во светлина на обновената уметничка фигурација, се чини дека тој, како добар домаќин на своите современици, го подготви патот за враќање во живот на обидите за синтетизирање и помирување на фигуративната ликовност и експресивната употреба на медиумот - навистина, голем број од Риверсовите платна од 1950-тите и 1960-тите, во контекст на современите слики делуваат фантастично свежо и витално.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога немите луѓе зборуваат со својот телесен говор, тоа е реален говор а не хендикеп, тоа е прв говор и прво писмо.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ме бакнуваат со своите уплакани лица, ме касаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЗАКЛУЧОК Во миговите кога општествените граници се мошне реални и кога различните расистички демагози се загрижени да не ги пречекорат разни неповикани раселени и економски затирани индивидуи, се чини популарната култура со своето имагинарно пречекорување на границите како некаква лажна компензација, утеха.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со својот моќен молк, ја совладуваше вревата на пресилните зборови на непредвидливата балканска историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На народецов не му се нужни старци, животот ќе го продолжат децата што ги купувам со своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Правеше сѐ, што беше потребно, за да го затекне самјакот на легало, или пак како продолжува да го разнуркува со својата долга чуручка црноземот по млаките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Облици на нова музика во своите дела воведоа и другите уметници, но Кејџовото место меѓу нив е секако посебно: тој со своите радикални и неконвенционални музички мислења и постапки повеќе од било кој друг ги разниша застарените навики и конвенции на дотогашната европска музика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Имено, овдека, во заветрината на Петочната Вода, со својот булук, со своите овчари, коњи и шарпланинци, сѐ до крајот на последната Голема војна, доаѓаше на зимување стариот мијак Рафаиле, потомок на Ѓурчина Кокалески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Швајцарија со години беше водечка во индустријата за часовници, според убавината, прецизноста, долготрајноста - а и денес е ненадминлива ако зборуваме за вистинските механички часовници (нпр. Schaffhaisen). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 109
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги пасеа воловите некаде тука поблиску или, ако одеа подалеку, тогаш одеа по оние места каде што се врткаше дедо Геро војводата со своите комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нека читателот, сепак, не се залажува од ведрината која се добива од читањето на ова дело: ако алегоријата, претставена од еден од најоригиналните и најзначајни писатели на современата литература во Македонија, мошне богата но често непозната на Запад, претставува според повеќе обележја силна лекција на надеж, ова дело сепак не постои само како трагичен сказ, како рефлексија преточена низ мали импресионистички допири како на клавијатура, но опстанува со својата голема длабочина наспроти опасната суета на идеологиите кои сакаат да направат еден нов човек, низ спасувачко посредство помеѓу непостојаноста на феномените, генерално, и, посебно на посебната нестабилност која владее на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Геманските железничари со своите возови не чекаат на оној воз ниту една минута, па и било кој друг ако задоцни.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А ти, не барај повеќе и не ′ули на Бога! Најголемото богатство ти се овие двајца ангели што оптрчуваат околу тебе и со својот џагор ја убиваат тишината, - се сеќаваше Јана на тие зборови и беше сигурна дека ќе се израдуваат на нејзиното доаѓање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа структура авторот ја трансформира во возвишена уметничка претстава со својата природна чувствителност и писателска реч.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
-Човекот само како тело е изложен на проклетството. Со својот неразвиен дух, е рамен на животното.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Конечно, г-нот И. и г-нот А. можат да отпатуваат, со автобус, во македонско гратче каде што не биле веќе десетина години. цртежи на местото на трите точки: часовници, бремени жени, лист, бакнеж, календар, недопуштена цигара, клуч во брава, салфетки, полуиспразнета чаша, чадор, мачка, сексуален акт во „јавачка“ положба, циркузантче со неопределен пол што балансира по жица, дланка што на Венериниот брег има хоризонтална лузна, расипана жолта неонка што со крцкање се пали и се гаси, куче скитник што лежи на персиски тепих со главата на предните шепи и мрда со опашката, медицинска сестра со старовремска капа и јаки листови на нозете, девојка со испулени сини очи во жолта фротирска машка пижама, сцена од автобусот, во кој, заедно со г-нот И. и г-нот А., се возат и еден молчалив татко со своето зборлесто девојче, кое му се обраќа со „татко Ратко“, еден испотен бизнисмен, кој постојано вика во мобилниот, нагласувајќи дека ќе биде таму најдоцна за еден саат, плус-минус пет минути, млада ромска девојка во која таа ем се кара, ем се смее: Ава карик... тева кераптуке нешто ... макелту манца... а тој ѝ се смее, и ја гушка. г-нот А. кон г-нот И., додека автобусот минува низ една клисура со бујна вегетација и брза река (дождот, сепак, не падна): Те сфаќам, љубовта не е баш секогаш фер спрема оние што љубат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Жените победнички, туркани и изгазени од другите, се обидуваа да заминат со своите тенџериња, додека десетици други остануваа да се туркаат околу тезгата, обвинувајќи го продавачот за протекција и дека некаде крие уште тенџериња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа пробуричка во шупата, додека на една греда не ја најде старата раница со која стариот одеше на редовни излети со своите врсници, а на друга страна обесени на сопствените вкрстени врвки скоравените војнички цокули со очувани пенчиња ама испаднати клинци, како едниствен трофеен плен од поразената кралска војска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Овој културен мем вклучува интелигенција, личен пристап до информации, антиидеолошко потпирање на здравиот разум, ментални вештини, зголемена свесност, интелигентен консумеризам-хедонизам, лични комуникациски вештини.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Уништувањето, исчезнувањето на татковата библиотека, можеби во крајна линија ќе значеше вистинско замолчување на една од можните варијанти на историјата... Потрагата продолжуваше...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во средината на својот живот Петре заживеа, како со својата сушност, со една бела недостижна лика.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На кулата покрив рамен, преголем, со око мерен, на покривот црно знаме со извезен волчи череп.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да не можеш со своја солза да се исплачеш ќе те направат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но и тоа е ограничување на слободата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со својата прекрасна, кротка насмевка ни го разубави денот на сите. Добриот чичко со лопатата!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Новата народна уметност, онака како што ја замислува оваа Партија, не може да биде ништо друго туку терор на провинцијалната потпросечност врз сѐ што е индивидуално и што мисли со своја глава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Човекот со кравите одамна беше отиден, но детето го гледаше со своите мисли, на истото место, на ист начин и ги слушаше неговите топли зборови: „Па ние веќе сме другари.“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Иако ова не е она на што реферира Дерида со својот термин diffѐrance - нешто што не може да се задржи или сфати - една ваква анализа може да биде исто толку блиска како онаа што би го откривала ова нечујно својство на јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но наместо тоа Македонците фатија да гледаат на себе како на Македонци, со свои одделни цели, и сакаа не да служат како орудија за српски цели, туку да ја употребат српската политика како средство за постигнување чисто македонски цели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Погледна низ ширум отворените прозорци од чардакот, како според некој утрински ритуал,првин кон реката, а потоа и кон Тврдината која, секое утро, по долгата непроспана ноќ, ја освојуваше со своите мисли.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Малтерџијата беше едно вредно, здраво момче, косата му беше станата целата златна од сонцето на изминатото лето, имаше бакарни топки мускули на рамената, идеше кон Језекил со својата копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој човекоморен виор, сеедно кој од каков сој е, од каква вера и какво потекло, им го пиел мозокот на луѓето и им ги јадел срцата, и никаков господ не можел да создаде поредок во кој ќе се живее и ќе се умира како што му доликува на најумното и најулавото суштество на светот што секогаш се движело по границата на доброто и на злото, ту со ум на една страна ту со срце на друга.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Илона сега е во Равена. Со својот Јирачек. Таа најверојатно е среќна. За многу работи ми беше десна рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Марин Крусиќ, по години отсуство поради болест на коските, сега почесто се задржуваше во Скопје, каде во истовреме помагаше околу поправањето и доградбата на Куршумли-анот, та имаше можност да се среќава одвреме-навреме и со својот стар пријател кој крај езерото му купи една од библиите на германскиот златар, а и еден Молитвеник на кирилица.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И Луан Старова, на крстопатите помеѓу историското и фикцијата, го освои Париз со козите, со својата посебна уметност...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Цел живот ги гледаш своите другари, соседи, пријатели, исправени и горди, како шетаат со своите соништа низ времето и туку одеднаш ќе забележиш, тие спокојни и чесни луѓе како клапнале, се подвиткале, се смалиле...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Беше и ти таму? Ама ништо не виде со свои очи, нели?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Погледнав од терасата која скалесто се спушташе кон градината. Морето блескаше со својата синевина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едо Бранов од Битола Битола веќе не беше Битола што авторот ја знаеше од времето на своите ученички денови кога тој живееше во Чифте-фурне каде што младоста му ја користеше една средовечна госпоѓа што не поднесуваше да спие во ист кревет со својот сопруг и кога градот имаше само нешто повеќе од триесет илјади жители.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што, се чудите? Еднаш така и стана: скокајќи од креденецот врз него, кога тој беше отворен за да се исуши од дождот, Фигаро го расцепи свилениот чадор со своите нокти.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Томо никогаш не ѝ кажуваше на Рада колку е при крај со своите студии.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Веднаш, без да дадам отказ, го напуштив своето место, си ја презедов врз себе одговорноста затоа што на масата останаа неиздупчени сметки, несортирани, и не ми остана ништо друго освен да заминам дома, да ги земам парите и преку разнесувачите на вредносни пратки да ги информирам роднините за мојата нова финансиска ситуација.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но зарем сега да го мачи Чанга со своите мисли за апсурдот, кога говореше самиот живот?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сето тоа му го исприкажаа на нивни каурски јазик, а везирот го разбра без никаков преведувач, та дури и самиот зборуваше по каурски, Арслан ги потврдуваше зборовите за негово пленување и ја гледаше сестра си Анѓа, која ги милуваше со своите црни очи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И Зоки пак се завртува кон ѕидот и со своето јагленче црта многу, многу тркалца.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Знаеше дека среќата треба да ја примамиш со својата внатрешна среќа, дека среќата бара да ѝ постелиш среќа за основа за да долета кај својата стара добра пријателка, внатрешната радост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Штом ќе се спуштеше мракот сѐ живо заминуваше по куќите како во гробови, помисли, занимавајќи се со своите размислувања.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му се приближуваше со оние свои огромни скокови, од чии што удари потреперуваше, протатнувајќи, сета земја, и Змејко сега можеше со свои очи да види како оние негови завиорени в страна огромни заби ги делнуваат како завиорени сабји доста дебелите стебленки на дрвјата, што му стоеја на патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби тоа било онака како што се случува завидливите да се тешат со својата морална чистота, иако, од кажувањата на Методија, можев да сфатам дека Симон не бил обземен од чувство на неуспех.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се сврте уште еднаш, како да велеше со својот нем, кроток поглед „До видување. Ви благодарам“, па со лесно потскокнување исчезна во зелената шума.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе мора, без пардон, да се измолкне од ланецот на патријархалниот дух, со којшто е „вланчано” ова општество, мора посмело да го истакне своето природно право, и тоа на живот, нов, сложен, богат живот, со сета уста мора да објави „Да живее животот! ”, на тој начин заглушувајќи ја страшната старечка коскена треска од која чкрипи, штрака и одекнува, со својата последна сила, „Viva la muerte!”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бургиба не се откажуваше од своите фантазми кога беше во прашање неговата визија на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- И самите папсуваат, - велам и со свои очи ги гледам како и тие папсуваат од зацапаноста во сопствените блата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со овие постапки (мислам на толчениот лук со оцет и вода од сношти, како и на шеќердисаното слатко од утринава) дали посакував да се уверам дека животот продолжува со својот вообичаен тек?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мамејќи со својата лукавост други луѓе, коишто се наклонети кон злото, целиот свој живот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Раскажуваше полека како да се плаши да не се засркне од многуте зборови, го гледаше настанот и се гледаше себеси во тој настан, со жестока горчливост во гласот се исповедаше пред седуммина гости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти го тврдеше тоа или само се поигруваше со своето знаење за да ме спасиш од гилотината и тоа со единствена цел да можеш сега вака да ме навредуваш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сочини Писмородецот точно триесет и две букви, триесет и две сликички за зборови триесет и два без кои не може ниеден владетел, и кои нужни му се во уката на владеењето со други, меѓу кои најважни се: „јас“, „власт“, „уво“ (доушник што значеше, човек што слуша кој што говори за власта и потем преподава кај царот) и други, а писмото тоа изгледаше целото вака: Кога виде отец Стефан дека е добро словото што со своја рака а со писмото новородено го сочинува логотетот, му предложи да издаде заповед: по целото царство да се изучат сите нови букви; писарите, отците, управителите и сите грамотни да ги заменат старите со нови букви, за да го разбираат владетелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, па тоа тие четворица испотени и тивко зачекорени луѓе, со своите пламнати лица, го носеа на своите рамена токму него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со своите необмислени и пребрзи потези тој ќе долее масло врз разгорениот огин.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Животот во Прифатниот центар за Илона беше живот во еден посебен свет.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Станал тих, се плашел да не предизвика смеа со својата грдомазност и бесполезност на рацете.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уметноста што е навредувачка, конфронтирачка и брутална, се појави во ерата на бунтот против студенилото на формалистите, и во таквата атмосфера Риверс се вклопува совршено, ако не и пророчки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Уште од рано Деницата излезе јасна, како солза, и со своите искри разнесе на сите четири страни вест дека овој Велигден ќе биде насмеан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наспроти тоа еден од другите гости веднаш истапи со свој коментар, „но исто така се вели - далеку од очите, далеку од срцето“. okno.mk 93
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тогаш Мајка, чекајќи го Татко, уште еднаш се најде со своите чеда пред затворената врата на судбината, откако ја минавме среќно границата испишана под водата на езерото и според сказните во кои ние децата верувавме дека била чувана од триглав змеј, кој се будел на секое минување на границата и ги повлекувал барките на дното, веруваше и сега, како и тогаш, кога ги искажа сите молитви од дното на душата, дека Бог и овој пат е на страна на мајките кои тој ги испратил за да си ги спасуваат своите чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Соопштението на руската влада од 11.9.1903 год. со својата енергична порака го изразува тврдиот став на Русија против Востанието во Македонија и за акција на големите сили за реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа терачите на двоколки, презафатени со самите себе и со своите претпоставки, не го забележувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа време некој Кандило Кучевишки, инаку познат и во Кукулино како човек што без болка може да крши речни камења со рака, се прогласил по еден сон за светец и со своите синови седуммина или осуммина, почнал да гради црква со своја лика на ѕидовите - тој прв ги подава рацете кон новородениот Исус во сина пештера и тој прв клечи на Исусовиот воскрес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ина уредила вечерта да настапам со својата точка, во паузата на програмата; директорот ми рече дека настапувам без никаков хонорар и на своја одговорност; се согласив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Куќата беше тивка, кога докторот замина по патот со својата кочија, под мирното, сино септемвриско небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кажи: нема спас од јазикот зад секој знак се изплазува со својата двосмисленост - жива песок во којашто (се) гине со пред-у-мисла а ние, овоземни, талкаме по некоја обоготворена смисла правиме пазар напразно играме комар без ќар: самото правење има своја поетика - ја насетуваме, не ја именуваме;
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
— Го гледате шишот мој? Муш, муш, муш! Ќе измушкам најмалку десет аскери со него во Витолишча, — се шегуваше Илко Корунов од Бешишта, одејќи по Бешишкото Поле со сакмата нарамо и еден крклиг врзан на стап со подвеската од десната нога.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нашето црвено ждребе, нашата улава стихија, кога би се сетило на овие ливади и на оваа месечина ноќва - тоа со еден единствен скок би ја прескочило високата планина на времето која нѐ дели, би ги прескочило сите ноќи, значи, и сите одминати години, и би се покажало од некаде, би се растрчало и потскокнувало, би виштело од радости, и не знаејќи дека со своите тенки копитца тоа тропа на вратите на сите кои растеа и трчаа заедно со него, заборавени веќе и покриени со крвавото руменило на залезот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Остануваше нем пред нас, неговите деца со него­вото херојско време од младоста, за средбите со својот вујко Али Фети Окјар, за средбата со Мустафа Ќемал Ататурк.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Маркс со својата генијална мисла им го покажа спасоносниот пат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нејзините силни раце ја претвориле некогашната нива за компири во ова волшебно заградено земјиште, со цветни и зеленчукови градини, со дрвја преполни со цреши, круши, јаболка, кајсии и праски, лозници, кои не само што правеа сенка во лето, туку и ја полнеа трпезата со деликатесното овошје и бочвите во визбата ги полнеа со својот ферментиран сок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И видовитиот Дмитар-Пејко, маѓосан од допирот на вториот Онисифор, најпрвин клекнал, потоа, без збор, како сето тоа уште порано да било предвидено или договорено, ги кренал рацете над глава и се спружил на грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земјата на гробот беше црвена, мокра и таква како да е гмечена со галоши.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На крај, вреди да се истакне и напорот на културната агенција „Метафорум“ која со приредувањето на ова исклучително издание (книгата ги содржи сите додатоци неопходни за една философска студија, предговорот е преведен на јазиците на 10 источноевропски земји, а содржи и прилози на германски и англиски јазик) се претставува како реномирана издавачка куќа која со својата едиција „хоризонти“ навестува издавање на нови теориски книги од наши автори.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На другиот ден Орде се разбуди и гледа дека Пискулиев ја преспал ноќта покриен само со своето зимско палто.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега Чанга со својата улава парада можеше да го сврти текот на историјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги познав домаќините што ме испратија со свое колило по лесновски камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кај си можел дотогаш со свои зборови да мислиш, на своето потекло да се сетиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа полека и потсмевајќи се задивено го прочита писмото, го остави на масата меѓу книгите и пак си се зафати со своја работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Орлен Шумков беспомошно ги рашири рацете. „Кој каде. Борис Калпак пие и пее со својот булук.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледаа само како на месечината косата на оној му станува пак црвена и кога ќе се заборавеа во таа загледаност на сите ним им се чинеше дека тоа пак црвениот лав продолжува со своето добродушно палавење, станат од тревите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А ќе стаса ли и Дедо Мраз, со своите еленски стада да расфрла снегулки од торба и да ја види оваа олимпијада? Ене го, вјаса... Ќе стаса.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Трети бора на Трибор први го поздравија со своите подароци, а росата што беше на нив пополека се слизгаше од гранка на гранка за да слезе по стебло дури до корен и се скрие на жилите на борот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се тешиме со фактот дека можеби аполитичноста (која е неизбежна социјална последица после вакви енормни порции политика што ги консумиравме последниве години) повторно ќе ги натера луѓето да се бават со својата најнепосредна околина, земајќи го од социјалистичкото минато она најмалку лошото: презирот и игноранцијата спрема политичарите сфатени како некакви хипер-прилагодливи стаорчишта што ријат по житните амбари и повеќе наликуваат на елементарна непогода отколку на „мафијашка структура”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сонцето неуморно ја бараше. Тоа знаеше дека може многу да ѝ помогне со своите волшебни зраци.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Понекогаш на овдешните собири се сретнувам со своите колеги, „источњаци“, EEW (East-Europian Writer), и гледам како се прилагодуваат кон однапред зададениот стереотип, како спремно дрдорат за censorship-от (иако самите не ја искусиле цензурата), како дрдорат за посткомунизмот, за секојдневието на својата тажна Источна Европа, како зборуваат за демократија и транзиција, како предлагаат мерки за излез од кризата (од национализам до агрикултура!), како спремно ги прифаќаат идентификациските етикети што ги носат како беџови, како се фаќаат едни за други - Русите за Унгарци, Унгарците за Чеси, Чесите за Полјаци, Полјаците за Романци, Романците за Бугари - како сите сложно да сакаат да ја откорнат таа голема и интересна посткомунистичка репка. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 159
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Чувствував дека сум само една лага со своето надворешно спокојство.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зашто не сакаше да се замери, но и со волја ја работеше работата:како што го слушаше кљакањето на секирите во шумата така му се чинеше оти е во брезничка планина, со свои луѓе, по дрва, како што имаа обичај групно да одат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ни испраќаат некои немирни бранови дури и во соништата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Девојче, врашко, девојче, Ај, да ни месиш кравајче, Без вода да го замесиш, Без оган да го испечеш И веднаш потоа со својот топол глас одговараше Калешата: Терзии, браќа, терзии, Јас ќе ви месам кравајче, Низ трепки ќе го отсеам, Со солзи ќе го замесам, На гради ќе го испечам...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа се будеше како отворена утроба со своите илјадници живи организми, последни живи фосили, кои како да ги поздравуваа своите спасители…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа тој го потврдува и со својата опсервација дека ако се одржи слободен и фер плебисцит, тој би резултирал со формирање на „слободна Македонија“, а со тоа би се анулирале „грешките или лапсусите на историјата“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На една таква прослава присуствувал и Јане Сандански кој во здравицата во чест на ослободување на Македонија истапил со своја здравица изјаснувајќи се за слободна и независна Македонија, на што присутните бугарски офицери реагирале со закани.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од тоа, а и од некоја синикавост, што ја фрлаше пред себе уште далечниот ден, која сѐ уште остануваше неодредена, но не можеше да биде незабележана, стануваше уште пораскошен и со уште повеќе дипли златниот вез на ноќта во дрвјата, над кои сѐ уште ѕвечеше со своите златни прапорци смирената месечина со некаков проштален, тажен призвук.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од сите поранешни привилегии им ја оставија само таа, да живеат на Имотот и да управуваат со Потковицата, да не мораат, како другата христијанска раја, да работат на полето, но и да опстојуваат делејќи го со неа, со своите довчерашни отроци, тоа што ќе преостанеше по толкуте давачки: покрај приходите од полето, од шумите, од ливадите, од лозјата, ним, на султаните, мораше да им се исплатуваат давачки и за патиштата, и за поилата на добитокот, па дури и за блатата и мртвиците во кои жителите на Потковицата ловеа риби и береа шамичишта и врбови прачки за кошари и кошеви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
После толку време, толку свет поминат, скоро под стреата на сопствената куќа да минеш и со своите да не се видиш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Генсекот кој како да не им веруваше на своите уши, сакаше пораката да ја провери со своите очи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така пишува и на голематата сообраќајна табла пред влезот во градот кој прво изненадува со големата црква и веднаш потоа со прекрасно уредениот нов плоштад кој на градот му додава дополнителна убавина и привлекува со својата одлично обмислена поставеност.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А кога тој глас беше најсилен и кога неговата сосредоточеност потреперија и стаклата на прозорецот, кога тој распаруваше со својата машка незаситна болка, еден помлад, поплаховит, уште несознаен за силата на своите извивки, се придружи кон него и ги направи уште потрпки и уште понескротливи сите тие болки на писокот со своето поројно мутирање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Можеби ќе ме одминат и вечерва“ - си помисли, сеќавајќи се на онаа ноќ кога волците се јавија со својот виеж откај Гола Глава, а потоа се изгубија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По Берлинскиот договор истапија со своите претензии на Македонија Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа му се доближуваше со насмевка, му го вадеше метрото префрлено преку шија, го фрлаше врз машината за шиење со движење како да го соблекува и ги подаваше усните кон неговите, а тој збунето погледнуваше зад малиот излог на дуќанот и откако ќе се увереше дека нема никој, ја гушкаше и ѝ ги возвраќаше бакнежите со своите полни усни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ете, тоа е таа моја вечна несреќа: Ништо посебно не се случува а јас сепак работите ги доживувам како зголемени непријатни слики и тоа не само некогаш, туку постојано, и таквите глетки од утро до мрак ме потресуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но и тој не располагаше целосно со својата слобода на изразување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го извлекува со својата отсутност. Со својата студенина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Значи, кажи зошто по вторпат му се крши колата на нашион пријател Герасим?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Напротив, Маркоска, жестоко (уште една конотација со терминот Естуизам) ги сопоставува во својата поезија елементите на прочитаното и доживеаното и навидум детски, наивно, поентира во манир на Зен-мајстор, со своите чудни и на моменти апсурдни разрешници на така строго (метрички) „излеаните ” форми импрегнирани со лирски патос, но со саркастична глазура, за оние кои го гледаат само одблесокот на мислата од семантичкиот габарит на „направеното”...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Во разговорите, Буле се истакнувал со своите закачки, местенки, а Андриќ со мудрите расудувања и уште помудрите реагирања на местенките на Буле.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се враќам сама, само со својот живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Попладне одеше по куќите и таму ја нудеше својата стока, а благодарејќи на авторитетот што како сиромашен но чесен човек во општината го уживаше татко му, Јаков со своите производи ги снабдуваше и битолските синагоги и некои од еврејските здруженија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Ти си толку богата, а тоа мудро го криеш со својата скромност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Едноставно, само да ја нацрташ со своите мисли и – толку.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Климент Камилски поттикнат од Татковото одобрување продолжи со својот патетичен тон: Библиотеката, брате мил, останува главното искуство во животот на човекот што води до вечноста!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка, со својата питомина на срцето, со својата кроткост, со својата тивка моќ, со добрината која зрачеше од нејзините очи, умееше во себе да ги поврзе разликите од монотеистичките верувања, во некое свое заедничко верување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше вечер кога се најдов во „Сите“, и пред „Нотр-Дам“, која ме фрапираше со својот огромен портал и величествените столбови, и на кои се држеше огромниот покрив на црквата, на кој беше потпрена големата камбанарија која, кога ја видов, не сакајќи ми ги одведе мислите на некогашниот нејзин ѕвонар Квазимодо и на неговата Жералдина, од романот на Виктор Иго.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Затоа можеби и му се сторило - ако игуменијата се насмее, усните ќе ѝ испукаат на сите оние места кај што биле испресечени со танки женски брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сталин? Тој, лично! Неочекувано му се јави на овдешниот Централен комитет со својот познат мирен глас, ти кажувам, а јас знаев зошто го стори тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Откако го добив еден од последните примероци на Захариј и други раскази од раката на самиот автор, со христијански скромна посвета, се најдов во за мене сосема исклучителна и пријатна ситуација, да ме изненади едно книжевно дело со својата убавина, скромност, вистинољубивост и со веќе спомнатиот природен тон.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ова беше негово второ враќање од Европа на Балканот, по првото, кога се враќаше од Париз со својата диплома на здобиен државен докторат на Сорбона и со ореолот на доброволен учесник во интернационалните бригади кои се бореа на страната на републиканските сили против фашистичкиот режим на Франко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Парацелзус се исправи на нозе. – А каде сме, ако не таму?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас со свои уши чув како, на без вода, меле воденицата Јакимова.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му беше тешко, бараше некого со чиста душа, да му каже сѐ за тестот и за себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веќе момите, и градските и тукашните, кога ќе дојдеше на сведен или во Света недела, за да се види со своите, се обѕрнуваа по него, веќе сама мајка му Илинка, загрижена, го потпрашуваше, оддалеку, дали нема некоја во градот, и каква е таа, кога тој, за чудење на сите, предвреме, доброволно, замина војска, морнарица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дојди, ќе се напиеме ракија. - Ќе се напиеме. И не заборавај: оџакот навистина испукал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ би било фино и глатко, да овој човек освен со „тешки” зборови и патетична глума, не се дрзнал да се „ослободи” од својот проблем така што ќе ја прска публиката со својата заразена врела крв.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Знам, знам, горчлива е дури и помислата дека некој можеби се обидува да ни ја повреди самодовербата, и со своите бирократски постапки и да нѐ обескуражи!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во џебот цврсто ги стегаше трите клуча од дуќаните, каде што замрзнто, под своето студенило, светеше златото преморено од чекањето, сакајќи да излезе низ темниот отвор со својот блесок да се прикачи на нечија рака.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со оглед на тоа дека е аутопсична (аутопсија на старогрчки значи да се видиш себе си, да зборуваш од свое име, да зборуваш за она што си го видел со свои очи), сликата подразбира лично сведоштво и искуство преку патување, откривање, набљудување, размислување“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Самиот секако не би можел да ⥊ припишам толку големи и толку одлучувачки потенцијали.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во тој миг не знае чиј глас е тоа и кој ми ги прифатил мислите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ја доби со своето ризикување за тоа дека самјакот не можел да се задржи во ниедна од сите поминати долки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ах, хлапец, под ноктите си скрил земјичка татковината на дланки да ти израсне: поздрави се со својата несреќа, хлапец, на распјат заедно со неа ќе те одведат со еден брут ќе ја заковат,хлапец твојата небида на дланките.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Кон ужина пристигна и засилувањето на Бахтијара и со него Велиага од Маково со своите катили, кој од „Бучкур" почна да му вика на Толевиот четник и другар Петка Кормакот од Маково: — Предај се Петко, брееееееј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така доаѓаме во парадоксална ситуација во која највисокиот правен акт на една држава, којшто симболички и правно ја втемелува таа држава, всушност е нешто што со својот недостиг од легалитет и легитимитет го оспорува легитимитетот и на самата држава.10 4.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Татко во еден период се допишуваше со својата братучеда Лејла, но никогаш не ја виде, само се случи по многу, многу години нивните деца (Етем Устер и авторот на книгава) да се сретнат ненадејно во Париз и да го живеат сродството, да чувствуваат нешто силно заедничко, коешто можеби само судбината на егзилот може да го донесе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Досегашното наше работење, особено востанието, беше необмислена младешка работа, но тоа ни се простува, едно, зашто досега ние бевме млад народ што одвај се проникнува со своето национално самосознание, а друго, зашто досега, не живеејќи како одделна национално-религиозна единица, се наоѓавме под влијанието на разни национални и религиозни пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На Duchamp, 1917, според сензибилитетот, најблизок поет му бил Аполинер, кој со својата поезија прв, по Лотреамон, ќе ја антиципира идејата за редимејд, особено во збирките Alcools (1913) и Calligrammes (1918).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И покривајќи го заспаниот дедо со својот кожув, дува презриво низ нос.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оние што беа влезени на главната врата, од новинарството потоа одеа во политиката, низ дипломатијата, по факултетите - а тој остануваше во осиното гнездо на приземниот хумор, од кој се хранеше простиот свет.  Бројните соработници беа надворешни хонорарци, во прв ред хумористите собрани околу нивниот повремен весник, а потоа и различни дописници од земјата што се јавуваа со свои шеги и идеи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога успева, во постојаната креативна трка со своите музички и академски ангажмани, да пишува толку опуштено и духовито?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Со свои очи гледам како ми се топи девојчето, небаре снежинка, небаре грутка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Трчаа по мене и стрелаа додека јас се занимавав со својата сенка и сфатив дека не ме следи сенката туку гревот. Темниот грев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По една недела од договорот во паркот зад стадионот, Томо со своето семејство, татко му, мајка му и сестра му седеа на празната трпеза во домот на Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со својата сегашна симпатија, Радо, (избегнуваше да го вика Радован бидејќи тоа Радован и звучеше официјално), уште од првиот ден по познанството се појавува насекаде.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го навади прво со својата пот коренот, а потоа седна под неговиот уште кревок стеблак и здивна: пак имаш сенка, синко Митруше.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ќе нѐ раскараат уште еднаш свои со свои.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со бесна вчудоневиденост тој заклучува дека учените луѓе од неговото време престануваат да се интересираат за непроменливите вредности, за целиот свој талент и углед да ги стават во служба на локалниот дух, да го поттикнат она што е ексклузивно, да ја ободрат својата нација да се затвори самата во себе, самата на себеси да си се поклони, и со „својот јазик, уметност, филозофија, цивилизација, со својата ‘култура’, да се постави наспроти сите други“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Требаше да сведочам со своја Историја на Балканот низ падот на југословенската империја како еден од нејзините врвни дипломатски протагонисти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Брачната двојка имала незгода со својот „Ситроен“ и тоа им се случило во вечерните часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од темницата на вагонот се јавува Роса со својот милозлив глас што ги моли нејзините моми некако да се пробијат до вратата за да може таа да им ги подава шејовите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
— Овде, другари овде. Ако орманот не нѐ спаси, отидоме кај свети Петрета, — им советува Толе на сите раководители на пропаднатото востание и им ја покажува цуцката „Соколот" со густата елова и букова гора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инаку, еден од најзначајните обиди шопското наречје да се издигне на степен на литературен јазик за Бугарите и за Македонците, како компромисно решение, го направи штипјанецот Јосиф Ковачев (1839-1898) со својот „Болгарски Буквар” (1875), наведувајќи дека „шопското наречје”, со центар во Ќустендил, е средно и најчисто зачувано меѓу „севернобугарското или балканското” и „јужнобугарското или македонското”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш дедо Геро почна со своите смешки со кои беше прочуен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Неговата потресна приказна поврзана со работничките права, накратко, започнува вака...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Књазот и ајдутот се избациле, се заколнале пред златен светогорски крст и удриле со своите војски на страшните јаничари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А Трајчеица како одвај да го чекаше тој момент и тој негов поглед, влета во неговото молчење со својата приказна иако јас пред тоа се обидов да го скршнам разговорот на друга страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Арсо немаше сили да ги презре своите деветнаесет години за да помогне со своето жртвување да се најде смислата на вистинската среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Една од омилените мисли што сум ја запишал (за жал, не ја помнам книгата), гласи: „О, боже на сонцето, ти со својата светлина ја испитуваш целата земја како да се тоа знаци на клинесто писмо“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа беше врската клучеви која морав да ја оставам при излегувањето, на надлежност на вратарот, кој беше, исто така, на еден или друг начин за безбедноста поврзан со својата Централа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас продолжив: - Што можеше друго да се очекува: Се појави Партијата со својата месијанска улога.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пази пример: пред нешто повеќе од два века Томас Џеферсон ја срочил Декларацијата на независноста тргнувајќи од тезата дека сите луѓе се еднакви - по што се вселил во Белата куќа со своите 12 црни роба.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И што вели словото кога ѓаволот со свои очи го чита?! Ама времето не беше дојдено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мариово останува и понатаму султанов хас што ќе дава сто илјади аспри годишно, кои пари лично на султанот ќе му ги носи секоја година мариовскиот земски кмет што ќе си го избира народот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Изигруваше панкер и можеби ја зашеметуваше месечината со својата накострешена златна коса.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Последната мајчина рожба виде бел ден со помош на старата Русинка, нашата прва сосетка која живееше со своите двајца синови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Нашиот Пурим” Алегра ја нарекуваше нивната свадба што ја очекуваше со нежната женска душа, но и со сѐ порастрепереното тело со кое таа сѐ повеќе копнееше по него со една чиста и исполнета љубов што извираше длабоко од неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но тој веќе беше свикнат да го раздробува тој бес во своите мускули, секја утрина повторно упорно и повторно лудечки загазувајќи во длабокиот снег и цепејќи го неговото море со своите чекори во по неколку бесмислени круга околу пиланата и враќајќи се од таму секогаш полн со една безумна насмевка во своите очи, тоа беше само оној, големиот Ристан, дојден во него, секоја утрина повторно извлечен од заборавот, како првпат сретнат, збеснет и див.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бојан долго не заспа. Веќе ја доживуваше во мислите претстојната средба со своите родители, веќе се замислуваше повторно во родителскиот дом, во училиштето, меѓу другарите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не давајќи ми веќе да зинам, колку што можеше посилно со своето тешко касапско рачиште ме кутна наземи, во новата прав на пролетта што како пламен никнеше од земјата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Право на него. И да му свртеше грб, сонцето ќе го биеше со своите стрели од зраци - безмалку како ѓаволестиот ангел на љубовта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Колку само сѐ е банално, рече неговиот пријател, колку се излитени улиците по кои секој ден одат на училиште, колку се здодевни нивните животи стегнати во вечно повторливото секојдневие на провинцијата во која сме заробени со своето раѓање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бевме паркирани со Рамблерот во ќорсокакот на една улица со фабрики која беше нашата „патека на љубовниците“, слушајќи како ситен дождец и суви лисја ја прскаат хаубата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Познато е дека Македонија со своите млади високообразовани, но и невработени кадри кои немаат средства за егзистенција можат да направат економско чудо доколку го понудат своето скапоцено семе.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Би можеле со своето жалење да ме подмамат кон приврзување што значи дека би посакал да се вратам во својата мрша, што фала богу е невозможно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
— Нека оди кој кај сака; вие гответе го јадењето! — ладно му одговори Толе и ги собра другарите да се напоручаат убаво „оти ќе имаме троа работа денеска" — им рече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Немала деца, и потполно ѝ се посветила на внуката, ја научила да говори англиски и француски, ѝ дала да чита и популарни романи, но и дела од Олимп де Гуж и Мери Волстонкрафт, малку предвреме за да ги разбере во потполност, но сосема навреме за да се определи да се бори за правата на жените.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во 1900 год. тој учествуваше во „Македонската експедиција” на Руската академија на науките што го посети и родното село на Мисирков Постол, каде што се сретна со својот студент и ја имаше неговата помош и соработка.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Удар од дожд ја раскваси почвата, потоа полека сѐ престана, додека не настапи тишина без здив, а двајцата луѓе чекаа сами со својата топлина, сред студот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ќе издржите вие, знам, ве познавам јас добро, сте влечеле и потежок товар. - нежно со шепот разговараше со својте коњи, мислиш комуницира со нив без никаква мака, а тие пак послушно го следеа неговиот говор, постапувајки според неговите мирни наредби знаејќи дека само така е можно да се успее во намерата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Малку е тоа што ние ја пролевавме крвта на нашиот народ за туѓите, па и за интересите на нашите непријатели, но со нашата крв и со разорувањето ќе се восползуваат нашите непријатели од слободните државички за да продолжуваат со своите религиозни и национални пропаганди да нѐ делат на спротивставени и непријателски лагери: Срби, Грци и Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па, со своите амбиции, ти пожелувам Пулицерова награда и ангажман во Си-ен-ен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се насмеа и со своите зелено-бадемасти очи, кои се прелеваа во пламенот, речиси го швркна младиот доктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така тоа стоело исправено, гордеејќи се со својата сила.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Човекот е привлечен од тоа единство со цел да се состави со него, да се соедини со својот сопствен извор, од каде што црпи енергија и напојувајќи се, повторно се упатува кон местото каде што треба да ја потроши добиената енергија – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Малодушноста го разлокуваше; му се чинеше дека и самиот испарува со својата пот во едно непостоење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Понекогаш тој ден успеваше да ја заплисне со својата белина и да ја стопли со своите одблесоци целата Бела Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Предавниците нека си одат кај нивните господари и нека се гордеат со своето предавство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа богословот го покри парчето небо со своите раменици и во собата легна непријатен мрак.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во неделата со заедничкото утринско кафе Рада почна со својот вез.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Македонија беше застапувана во дипломатијата со своите десет проценти! И јас бев меѓу нив... Еден процент...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Зошто да не одиме да го гледаме бесењето?“ се дереше момчето со својот силен глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И особено кога внимаваш да не го повредиш другиот, кога нема да му го урнисаш животот со својата огромна, неизмерна себичност, а божем во името на Алтруизмот, Правдата, Уметноста, Искуството...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога Александар по кратко натегање со својата срамежливост ѝ го побара заемот, Бојана рече дека мора да извади пари од банкомат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Кога почувствува во рацете дека јас нејзиното барање го исполнувам, таа тогаш, додека јас се спуштав на колена лизгајќи ѝ ги дланките преку колковите и по слабините надолу, го отпаша коланот од бањарката, се разголе откривајќи се пред мене без гаќи, со своето тело како целото излеано од млеко, ми допушти да ја изгледам па ми ја стави дланката од својата десна рака на темето и додека ги подвиткуваше нозете во колената и ги подрасчекоруваше, ми ја стегна главата, просто ми се навре на лицето...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Трчаа по мене и стрелаа додека јас се занимавав со својата сенка и сфатив дека не ме следи сенката туку гревот. Темниот грев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И не само тоа. На очи се подбиваат шега на сите нас – муслиманите – дури се фалат дека не сме можеле да ги налегнеме нив како другата раја – заврши Селим со своето раскажување за слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секој ден ми станува сѐ појасно, велеше тетка Боса, дека всушност смртта со своето однесување сака само да покаже дека се труди да внесе темелност во своите постапки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, само по три чекори по замрзнатиот чардак на снегот, тој можеше многу добро да види како кон неговиот зајко се приближува една голема мачка, со своите меки, еластични стапки, со своите тивки, чиниш лепливи пречекорувања на кусите нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дачо нерасположен и скиселен продолжуваше да спие со Ранч, а и Ранч продолжуваше со своите зајадливи боцкања: штом ќе дојдеше време да се јаде, Ранч ќе влезеше во стројот крај Дачо и зајадливо ќе му дофрлаше в уше: - Ако не дадевме ние пари за тебе, ти немаше да дојдеш ваму.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Некој од стрелците со свои стихови му рекол дека познава измирски крмнак со име Селџик-бег; на тој крмнак кучиња ќе му ги кинат дробовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот дијалог со бруцошката што зборуваме најмногу со своите очи, а која сега завршуваше фармација, го тинкаше нивниот син а уште носеше и второ дете во својата утроба, веќе одамна беше завршен, и тоа на најсреќен можен начин; и сега Миха бараше нови соговорници, по истиот навик и по истата потреба како што секоја изутрина кога одеше на работа од дома си земаше бурек за појадок, една четвртинка во една а друга четвртинка во друга бурекџилница, зашто му беше срам одеднаш да побара половина пита - толку млад, симпатичен и непорочен, иако веќе не само лекар туку и доктор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој чита многу вакви книги во слободните од училиште дни, таму, скриен со своите другари, во заливот на морето. Во нив има вистински херои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Откога се вознесува Големиот Пророк Свети Илија, со својата огнена кочија, со пар прелесни огнени коњи, шета по својот македонски мафта со буздованот бркајќи ја ламјата, за да не ги испасе житата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
— Петре просто воскликна: — А бре, Толе наш е, со своите арамии, бре! Ех, господ здравје да му даде!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го исклучував тонот и склопчена на каучот ги гледав Индијките како ги отвораат устите во облик на буквата О, ги збрчкуваат веѓите во облик на буквата V, се подигруваат со своите црни плетенки, ги камшикуваат Индијците со своите страсни погледи, забрзано дишејќи и гледајќи накосо, како зајаци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова е добра поука, треба сомнежот и рационалноста секогаш да ги држиме будни затоа што можеме лесно да бидеме заведени од вербата дека токму ние сме појавата која со својата творечка моќ ќе му помогне на театарот да ги надмине кризните моменти.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овдека, во горниве одаи, а во склад со своето сфаќање на спахиското достоинство, агите, одлачени од семејствата со тесни, речиси вертикални дрвени скали, во мир и тишина го благуваа својот живот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А Милка се гордееше со своето. Навистина нејзините другарки имаа многу лоши мачиња.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Душкаше. Ги креваше капаците од сите чинии и допушташе пареата да му го обвива лицето со својот мирис.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ервехе откако си ја поврати душата по среќното враќање кај своите преку границата, врвеше по истиот пат со своето ќеркиче, уште похрабра, со своето семејство во себе, уверена дека повеќе никогаш нема да го напушти, дека границите колку и да се излезени од пеколот ќе ѝ се смилуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зар требаше да се посомневам во твоето чудесно откритие?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По приемот на одговорот на тужба, ако судот утврди дека меѓу странките не е спорна фактичката состојба и дека не постојат други пречки за донесување на одлука, судот може да донесе одлука и без одржување на рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако очекувал дека ќе биде совладан и исполнет со почитување поради необичноста или питорескноста на тоа дело, тој во него открил сличност со својот спев Херман и Доротеа, како и со англиските романи на Ричардсон.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Обожувам кога некој сака да ми ги замачка очите со својата лажна самодоверба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Доста, - нежно ја плесна Бојан по муцката, па и таа отстапи чекор, два и со крената глава го гледаше со своите умни, жолтеникави очи својот млад господар, очекувајќи ја неговата повторна покана за игра.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Полека ги отвора очите. Иако е доцна, не спие.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можев да го набљудувам новиот свет со своето средно око, свет кој порано не можев да го видам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
7 Сѐ ова секако важи, ако веруваме во потполната пасивност на гледачите и гледачките, коишто само апатично примаат она што на пример им сервира нивната телевизија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Караорман, оддалеку, со својата густа шума, изгледа црн.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Мајка се радуваше на средбата со својот постар брат Илјами, со својот полубрат Бубуш, ја запознаа неговата сопруга Афрдита, од славното семејство Упи (Ypi), ученичка во францускиот лицеј во Корча и дипломка во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Па дури и тогаш кога дошол со својата тајфа за да ѝ направи серенада пеејќи ѝ ја песната за несреќната Рајна Коцева, таа и самата не го сфатила најсериозно, иако зборовите, што ѝ ги испраќал преку песната, Рајна, самата ми го призна тоа, втасувале дури и до нејзиното срце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За време на акциите Пане на гледачите не им дозволува да здивнат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од дотука реченото се гледа: прво, оти ако по нашите сегашни етнографски сфаќања на Балканскиот Полуостров, особено на централниот и југоисточниот негов дел, т.е. во денешна Србија, Бугарија, Тракија и Македонија имало и има само две словенски етнографски единици – српски и бугарски народ, тогаш тоа уште не значи дека нема, немало и не може да има друга словенска единица, а напротив, дека нејзиното постоење е во пределите на возможното и на реалноста; второ, дека во Македонија нема две јужнословенски народности – српска и бугарска, а напротив дека во неа има само една народност со свои особини, коишто или претставуваат нешто оригинално што се нема ни кај Србите ни кај Бугарите, како што е, да речеме, со многу особини на македонските наречја, или нешто што се има и кај Бугарите и кај Србите или коешто се има само кај Македонците по краиштата на нивната татковина и кај Србите, или пак по нив и кај Бугарите, и дека од тие особини на Македонците, како дел од словенската група народи, најмногубројни, најраспространети, заеднички за сите Македонци, значи и најважни се тие особини со кои Македонците се одличуваат од другите словенски народи: по нив Македонците фактички составуваат одделна и самобитна словенска народност, иако за неа денеска не се зборува во науката и во секојдневниот разговор; трето, дека причината за тоа игнорирање и затемнување на постоењето на македонската народност се крие во постоењето на името „Бугари” во Македонија во етнографско значење и во експлоатирањето со него од страна на Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но не го допираат тие срцето наше, на лошо, животните ги сакаме, луѓето се тие кои со својата немилост нѐ плашат. животните, со својата невиност, неж разгалуваат.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Бугарите ја изгубија битката и Ѓурлуковци се вратија со своите чети назад во Бугарија, a Јована го оставија да го подига духот кај „македонскија б'лгарин".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секој со својата мисла иташе некаде да стигне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рабинот го фати под рака својот другар од школските денови и го однесе во другата просторија. Таму сѐ беше на своето место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше тоа висок старец, исправен, строен и впечатлив со својата бела брада, бели веѓи и високо чисто чело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го допираше внимателно секој документ од сиџилите со своите долги прсти, како со пинцета, работејќи во најнеобичната балканска алхемиска лабораторија на идеи, во потрага по исчезнатото време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, внесен во своите свети книги, стравуваше најмногу за судбината на својот албански народ зашто, троверен каков што беше, лесно можеше да се најде на трагичните распаќа на историјата, лесно ќе го престројуваат на погрешната барикада, лесно ќе асимилираат него­ви делови за сметка на другата вера, ќе го натераат да ги брани границите кои го разделуваа со своите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Ја купив кога го бодев со кол Турчинот што нè стрелаше кога го закопувавме Дмитар-Пејко, кога ти ја пикаше главата во камења. А ако некој од нас ја зел...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со своите раце сум те строел а те уби одред палав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
– А, така демек, а? – се разбесне кадијата. – Значи вистина било што велеше Селим-ага, дека вие не признавате ни цара, ни везира? – а кон беговите: – Сефедин, Селим, Бајрам, Суљо, Муарем, Фазли, Фета, Даут, Мамут... сите на работа со своите луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Наметнат со долга гуна, што му се спушташе до петиците, стоеше пред него Гоце и го гледаше со својот огнен поглед.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Попот и Васил му раскажаа од почеток до крај, Анѓа ги дополни за зулумите од прилепскиот кадија со своето ропство кај него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со божји благослов. Неговите дедовци донеле прекуморска проказа во Кукулино и со својата рака ја сотреле болната челад. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На следниот ден не почнуваат рано, сега може да се работи кога улицата оживува со своите секојдневни шумови за да остане нечујна борбата со новиот непријател под улица.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа мораше да остане тука, да живее со својот грев и да ја плаќа својата тајна. Ѝ беше ограничено движењето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бугарите можеби ќе речат оти новата словенска народност со свој литературен јазик ќе биде пак бугарска, само со друго име. 138 Ние Македонците, се разбира, нема да имаме ништо не само против Бугарите ако нѐ признаат нас за Бугари, но и против Србо-Хрватите, ако последниве не признаваат нас за чисти Срби или Хрвати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој е зафатен со својата дома и домашни, секој сака да ти го раскаже животот. Од крај до крај да ти го раскаже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се тегнеше, ги полнеше градите со свежина и ги згрташе со својот широк поглед чукарите, буките, ливадите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А се сеќаваше и за оние некоку случаи, кога само за еден дел од секундата успевал да се потргне в страна пред нивните извиени остри заби, грди со својата поникнатост од чуричката настрана и страшни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тоа време, годината е напишана во црковните книги, мајданџијата Карпош ги кренал на востание луѓето од земјава, зазел од Турците неколку градови и ги исклал беговите во десетина села.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зафатена со својата работа жената му довикна: „Што се случило, Хернандо?“ „Ништо“, ѝ одговори тој.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И сепак тој се чувствуваше нешто погоре од чифчиите, подолу од бегот и беше доволен со својата положба, бидејќи и тој можеше да ги псуе чифчиите, да ги кара, па дури и да протепа по некој кога бегот беше отсутен, да не заборават оти се робови — измеќари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
На 3 ноември било склучено примирје. Мировните преговори се воделе во Лондон и траеле се до средината на 1913 Османлиската Империја ги оддолговлекувале преговорите, а младотурскиот кабинет настојувал војната да продолжи.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Не велеа ниеден збор, тој остануваше само по неколку мига крај секоја нова група, онака заздишен, кога ќе ги видеше нивните избегани погледи тој уште веднаш продолжуваше понатаму, крај другите, третите, повторувајќи ги само оние свои пусти лудечки движења со своите раце, со тие огромни празни рачишта, навраќајќи по стотина пати во денот крај секоја група на тие темели, проклет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така и Ангеле стана јаничарски ага на дворот од Мехмеда и не еднаш си разговараа со својот господар. – Паметиш ли нешто Арслане, од твојот вилает?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Станува негова прилика. А приликите во животот на дед Павел беа почнале да се влошуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овој час наш човек ми кажа дека овие дни — салам и тој не знае кога — ќе имаш гости од планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И како одненадеж: усните на девојката се отвораат и оддекнува песна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Сигурно да ги собереш парталчињата што ѝ останале. - продолжи Ружа со својата зајадливост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Победителите – аџиите – горди со својата физичка победа над бунтовниците, а овие уште погорди со својата морална победа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А јас, да ти ја речам вистината, и самата ја знаев сета таа историја, бидејќи сето тоа лично го имав слушнато со свои уши оној ден, кога дед Павел ги покани сите Белогардејци кај него, на имањето, и приреди богами богата гозба.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Чистата војна не е ниту војна ниту мир“, вели Вирилио, „ниту пак е, како што често се верува, ‘апсолутна’ или ‘тотална’ војна, туку само војна процедура која нè инфицира со својата ординарна трајност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Не ломоти“, викна Никифор Ганевски. „Пушката ти ја даде Онисифор Мечкојад со свои раце.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во времето кога Наполеон ја освојува Европа, со својата армада навлегол и во Келн.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш се проштава таа со својот роднина, за кого ѝ е жал и плаче, и му го фрла дарот на рамо, подарен од зетот, а девојките ја пеат песната: „Мила ми мила — таткова рода".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со своите терасасти објекти, пример е вилата на Шен (Schen) од 1912-та г., Адолф Лоос (Adolf Loos) бил претходник на Ле Корбизие (Le Corbusier), кој во својот втор закон за нова архитектонска доктрина предлагал кровни градини.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Практиките на модерната моќ, изложена во детали од Фуко, се посебно подмолни и ефикасни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не мисли дека земјата и рајата ги држиш само со својата сабја, туку подобро имај на ум дека земјата е првин сопственост на бога, а потоа од пророкот, и овој само по заповед на Алах ти ја подарил.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Целиот јужно американски континент сѐ уште живее во времето на жртвувањето на царствата кои пропаднале со доаѓањето на Шпанците и Португалците и кои никогаш нема да престанат со своето пропаѓање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во тој период поголем дел од раководството на Американскиот сесловенски конгрес било затворено или екстрадирано.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
112. Работењето на Србите не остана без резултати при решавањето на македонското прашање. Србите со своите училишта во Македонија успеаја да создадат илузија во европското и во руското јавно мислење дека има Срби во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Битно е, што никој не може да ни забрани и макар што Первоједов, го гледам, се лути, но со раката не може да ме дофати. Деденце, се согласувате?“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Патуваше со денови и со ноќи, а крај него дуваше ветер и патиштата го засипуваа со својот прав, и сонцето го печеше, и студот го штипеше.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Изработени од кожа наменета за прошетка низ древниот свет (според името), овие мокасини се погодни за авантуристички типови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чекавме да живне реката со своите бујни води, од стопените снегови на планинските врвови и падини, да разлистат врбјаците на бреговите на реката, да ги водиме козите на пасење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Не цимоли. Валканите раце не ќе си ги измиеме ни со своја крв. Слушаш ли како се смее?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Коските со својата тридимензионалност, кои го чинат ушниот отвор, созадаваат ехо, звукот го идентификуваат и пренесуваат брзо до мозокот, во дел од секундата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јован Стојче-Столетников праша: „Нели го запаливме?“ Јордан Шоп одговори: „Вие го запаливте, не јас.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јузбашијата, уште не седнат убаво, го дочитуваше краткото, но јасно писмо од кајмакамот, кое со својата содржина ги вознемири претставителите на султанот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зборуваше тој тогаш со својата љубов, што најблиску ја почувствува кога треба од неа да се проштава и да се помирува со старечка самост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И покрај внатрешниот немир, а веројатно и грижата на совест поради напуштањето на своето татково огниште и поради избегнувањето да земе активна улога во акциите за самобитноста на Македонија, Христов со своето творештво, кое од алфа до омега е поврзано со Македонија и дијаспората, гради свој морален интегритет во својата втора „посвоена“ татковина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во нејзиниот живот со своите значења се испреплетуваа првин „грчката врска”, па „италијанската”, зачнати од нејзините единствени патувања во Грција, во Солун и во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нашето лачење на информации е такво што ги загадува и горните слоеви на менталната атмосфера со своите нераспадливи отпадоци, уништувајќи го малку по малку видот на Белов (Bellow) ремен којшто нѐ заштитува (слично на целосното распрснување на тајната во вештачката интелегенција. (238) Се вели дека глупавоста е навреда, но мислам дека објаснението е поголема навреда.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во годините кога Татковата болест и немоќта поради староста го намалуваа маневарскиот простор за неговите големи балкански пориви да го води своето семејство, со кормилото на судбината, кон исток или кон запад, но и поради закоренувањето на постарите синови, со нивните семејства, во овдешниот живот, Мајка небаре се чувствуваше задолжена да ја преземе грижата не само за Татковото здравје, кој остануваше опкован со своите книги, туку и за стратегијата за натамошното спасување на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Камилски мина низ вистинска аскеза додека војуваше со овие пет опасни турцизми, кои ги поврзуваше со својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Писателот сака да ни зборува за друга работа, како Орвел со својата фамозна фарма, како Лафонтен во своите басни.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Првиот го означуваше времето на зенитот на нејзините западни илузии, на нејзината кратка италијанска пролет, а другиот каталог, времето на источните илузии кога, со своето семејство, ја мина границата, со надежта дека, еден ден, ќе се врати во родниот Лесковик, во Солун на своето детство, во Поградец, градот на своите први рожби.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во крвавиот траг на боиштето остана само едно од тие изребрени суви тела, што се превиваше во морничаво, жилаво умирање, продолжувајќи за сето време да замавнува во празнината со своите задни нозе, чиниш и во своите последни соништа продолжуваше да бега, некаде во некоја шума, некаде меѓу некои стебла, однесувајќи ја и од онаа страна на животот својата исконска глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Многу успешно знаеја со своите вицови и досетки да ја разбијат монотонијата на ова патување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чантичката на невестичето веќе не ги собира парите, па свекрвата притрчува да помогне со својата чанта, па кога е веќе тука, се мести и таа на сите пози, па нели и таа е од најблиските роднини, а и нејзината меморија е од пресудно значење за вечер, кога, откако сето ова ќе заврши, ќе седнат и ќе ги отвораат подароците, и кога таа ќе се сети на сите што предале коверт или подарок, а на него напишале „среќен брак“ и само толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Џонс, за што се работи?“ Затресувам со својата нова глава и ги опуштам своите раце, држејќи го приборот за јадење. Чувствувам сѐ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тука беа сите оние нивни избележани стебла, а сега тој можеше на едно дебело дрво во корубата да го прочита и она, што го имаше врежано тука со својата секира еден од младите, што доаѓаа преку летото долу, во нивната пилана.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За да не можат утре да тврдат оти имаат нешто видено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На првата забелешка од нашите противници, оти никогаш немало македонска словенска народност, може многу просто да им се одговори: што немало понапред – може да се стори подоцна, доста е да се имаат различни историски услови со свои одделни барања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Глигор како мачка се искачи по јажето, за миг само ја затна дупката со своето јадро тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полициската кола тргна по празните авении, осветлувајќи ја со своето светло есенската измаглина што се распростираше низ улиците.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Некои луѓе со часови стојат само пред султанската дијадема, со 84-каратен дијамант, сместена во една витрина, која заслепува со своите светлосни преливи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Книгата силно возбудува. И расплетот, со својата симболичност, нè води кон размислата за големите психополитички проблеми на Источна Европа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш Бошко Манев излезе на порта со својот побратим Лумана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги стокмив скалилата и ги уредив со камени плочи, толку ефектно и мајсторски што, откога камењата ќе фатат патина, со некого ќе можам да се пошегувам дека се од римско време, поминал божем Хадријан тука и ги изградил со својата инженерија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Жената води војна со своето срце и со сите свои болки.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најпосле, последната ноќ, трговецот со добиток, пак со својата жолта крава, се прикраде до куќата во која живееше братот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еве, нашиов водоносец: ние сите се трудиме, а тој ни се качи на глава со своите ѓаволии.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тогаш јастребот го грабна огромниот дијамант со своите остри канџи и летна низ темницата во насока кон гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не можеш да ја изнајдеш колку да сакаш да ја длабиш темничината со својот поглед, колку и да ја сврдлиш неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури и кога не ја спомнувавме, таа беше присутна со своето давеничко тело - толку дебелкасто во споредба со твоето - и нејзините тажни гради со збрчканите брадавици и скиселено млеко - толку отпуштени во споредба со твоите кои сѐ уште распупуваа - со нејзиниот надуен стомак и срамна грмушка безбојна во блесокот на електричната светлина, со нејзината замрсена, глибава коса и надуреното, спокојно лице - толку безживотно во споредба со твоето - и бледата кожа, бела како молња, како блиц, белина што не може да се постигне на дневна светлина - колку почнав да го мразам тоа бледило, толку студено покрај цветот на твојата кожа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не беше ли тоа северната цибрина со своите бели ноќи?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имајќи намера без скокање, а само со чекање и застрашување да ја укочи мачката и да ѝ го пукне здивот - таа го укочи, го хипнотизира него со својот посилен поглед кој, заради стравот и за себе и за мачињата, доби хипнотизерска моќ.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, нема да се донесе ваква пресуда иако се исполнети таксативно наведените услови – ако судот најде дека се работи за барања со кои странките не можат да располагаат (чл. 319, ст.1-2 од ЗПП). 6.  Секоја странка претходно сама ги поднесува трошоците што ги предизвикала со своето дејствие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа траеше сѐ дури мечката не се доближи до неговото јарче, онаква распафтана и несмасна, а после и сѐ додека не зеде, пред негови очи, да го расчеречува со своите несмасни шепи неговиот лов и неговата среќа, тука, веднаш пред него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но животот, што почнал така, зел да одминува, се затркалале една по друга годините, а далчниот свет како да ги цедеше преку триста сита добрините, што можеше да му ги искамчи за себе со своите ноктиња еден таков ситен, загубен човек од планините, останат калџија во мајсторските тајфи до својата четириесетта, по скелињата, со рамото, што му паѓало сѐ пониско од тешката копанка, што ја искачувал нагоре по тие дрвени конструкции, од под кои, како пилето од под лушпата, еден ден се излупувало и почнало да живее едно ново здание, секогаш наново, во бескрај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Живееше со своите врсници – дечињата што ја прелистуваа сликовницата која се пренесуваше генерациски во семејството.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Гладен, со своето семејство, со својата службеничка плата, со која тешко ги врзуваше двата краја на месецот, татко ми се обидуваше, со сета дотогашна ука, со сите источни и запад­ни книги од својата библиотека, да ја разбере новата вера во која се колнеа луѓето – социјализмот, комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знаеше дека тој го прави тоа и сега со своето доаѓање тука, среде овој снег, во крајот на сите краишта.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
(...) Денес убавото тело егзистира како пазарна марка со својата вредност и местото во хиерархијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гајдата ја засака уште како дете и не се делеше од неа; кога порасна свиреше на свадби, на веселби, на гости, на свршувачки; свиреше со љубов, со возбуда, заносно, поттупнувајќи со нозете под ритамот на свирката; ги надуваше образите, ги напнуваше вратните жили, мрдаше со прстите по дупчињата и испушташе весела или тажна мелодија спрема песната и расположението; со своето чудесно свирење некому му ги лечеше болките, а некому му ги доразрануваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Рече дека е мошне задоволен што има ваков мирен сосед - потоа испитувачки го гледаше со своите итро мижливи очи, очекувајќи што ќе му рече Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Многу полезен.  И гледај: На големата површина распослана покрај морето меѓу стелите и преполовените мермерни столбови се појавуваат слатки мечиња, берлински производи наполнети со слама и дисциплинирано маршираат меѓу плочите на гробовите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И така, Србија со своето замешување во македонското прашање направи огромен успех и треба да си признаеме дека тој не е толку во нејзина колку во наша полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Некои дури велеа дека писмото го сочинили со своја рака самиот Соломон, и дека таа книга ја нашол некој од предците на нашите цареви, и ја донесол тука, од почит кон царот Соломон.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Посебно убав овој пејзаж беше во рана пролет, кога низ штотуку потераните никајци ќе потрчаа и ќе заблееја јагнињата, и доцна напролет, пред што ќе узрееја житата, `ржта и пченицата, и, потем, во зрело лето, кога во веќе узреаните жита, со своите живописни носии и гласовити песни, ќе се појавеа жетварките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чувствувајќи во утробата некакво валчесто издолжен бигор, врел и поврел од крвта и со свој крак низ целиот душник, болниот ја барал со тврд показалец жилата меѓу своите очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој излезе десетина метра напред со своите осум души и коњот и фати здрава пусија, оставајќи го Ќосото со коњот на два метра зад себе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нивната цврста прегратка како да покажуваше и зачеток на уште нешто... Со својата камера младата новинарка го следеше искачувањето кон врвот и на другите учесници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пелагија ѝ се обрати на Перса со молбен глас Мајко Персо, овие сандуци со свои раце ги направи Танаско и во нив чинам е сиот мој живот, голема молба имам да бидат во одајчето со нас покрај твојот убав старински мебел!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Вечерта уште двајца ја делеа среќата на Рада. Никодин со Светлана, а таа со својот Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но проблемот не беше да се врати во стварноста, бидејќи таа не ни беше отсутна од неа, туку само на стварноста ѝ пристапуваше со својот особен сензибилитет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Србите се шовинисти; тие се очаени во борбата со своите непријатели за заштита на нивните национални интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас станав новата мета иако ни првата не беше доработена, тој наизменично сакаше да игра со двете, а Лима непречено ги губеше нервите и ја јадеше самодовербата кога тој ќе се свртеше со своите игриви очи кон мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Татко внимателно читаше, напати кога ќе наидеше на непознати зборови, се служеше со својот толковен речник Ларус.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По барање од странката судот може, со решение, да му наложи на вештакот да ги надомести трошоците што ги предизвикал со своето неоправдано недоаѓање или со неоправданото одбивање да врши вештачење (чл. 240, ст.1, 3-4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Понирала под земја и пиштела, се тресела и се превртувала, и пак не знаела што да прави со своите води.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Диктаторот е обземен, со својата апсолутна моќ, од идејата како да ја припитоми вечноста, за да ја догради својата идеолошка пирамида, внатре во облик на лавиринт со седумстотини илјади бункери во кои сака да ја сокрие судбината на својот народ принуден, осуден и жртвуван да му верува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уништи ја Господе нивната бесрамност измери ги нивните гревови тешки царуваат подлеци со својата глупост доблесните страдаат од нивните грешки
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Завиваа, воопшто не нарушувајќи ја ни со својата писната бол оваа црковна тишина, чиниш и надополнувајќи ја неа, дива и нефатлива, а потем зедоа и да се приближуваат, довикнувајќи се и извабувајќи се на таа месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој му говори на човекот со својот сопствен начин на постоење, со своите структури и своите ритми.“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ако востанието успее, не е ли јасно оти за него ќе има да се благодари на Бугарите, и затоа таму, каде што сега Србите конкурираат со своите пари и својата пропаганда со бугарските пари и пропаганда, ќе го изгубат секое влијание на своите клиенти?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но колку што возовите посилно ја нишаат со својот ветер, толку таа посилно ги зацрвстува корењата и посилно се опира за да одолее и опстои.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јатата и месечините се распливнаа, небото со своја сила си ги исцери лузните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бароуз слика со своите зборови. Шиба по страницата со експресионистички, надреални снопови од зборови и жестоки вербални рафали.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Знаев дека тој ќе ни го обели образот”, вели Аптовицер со својот карактеристичен стегнат глас, расположено удирајќи со прстот по весникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таму не можеш да разговараш со својот четиринаесетгодишен син.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
За работниците отстранети од работа, за времето додека се отстранети од работа, работодавачот е должен да ги уплатува придонесите утврдени со посебните прописи за најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 237, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Богословот се врати насмеан и повисок. Со своето враќање го врати и него од неговиот свет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Каков скандал може да пукне ако живиот модел, во секој поглед, фасцинантна жена, би реагирала (со право) дека е повредена од романот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оттогаш ја добива целосно својата смисла симболиката на водата, со едно езеро синоним на чистотата, појавено многу време пред човекот, со својата разбранувана вода која, откако ќе го напушти својот вечен резервоар, не знае граници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еминот, се грижеше за езерото и за брегот, обиколувајќи го и дење и ноќе со своите двеста вооружени луѓе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Овие бомби, што се активирале со палење на фитилот, на отворено немале урнувачка моќ, но затоа биле погодни за правење паника со својата силна бучава.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дури и оние неколку тажачки, жени стари како желки и до нос во црно, секогаш готови над туѓ мртовец да ги споменат своите покојници, без допир една со друга и секоја со свои претчувства, стоела во јато, птици што чекаат ветар да ги однесе некаде во топли и богати краишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И точно, не видов кога парапсихологот- вентрикулист со својата вилушка ми ги трансферираше ко божја солза прочистените сигнали што доаѓаа од антените на атомската мравка...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Песната што печалбарот ја пее при разделбата со својата љубена млада жена.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И, најпосле, така подготвена, со својата бунда која одамна не ја беше облекла, уште од денот кога скришум ја носеше во малото сопче на киното во кое, еден период, беше продавачка на билети, во времето кога на семејството му се закануваше глад.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мелодијата расне и со својата трепетливост се издига над објаснението.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И ова беше мала калкулација на чувствата, за сметка за задоцнетиот одговор на мојата мајка, која самуваше на балконот со своите најубави цвеќиња во градот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му иде да викне, да свирне колку што може, како што тоа го правеше кога беше дете и кога ќе се качеше на нешто високо: дрво, карпа, покрив, брег; да викне и да го разлее гласот на сите страни и сиот простор наоколу да го исполни со својот глас.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Освен што интересно раскажува за своите преживелици во граѓанската војна, тој овој пат е дојден со својата свршеница, Дана на име, од Брусник.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Под закрила на ноќта, наредните денови Евреите на Закинтос заминуваа во планините, секоја група со организирани предводници, семејство по семејство наоѓајќи прибежишта по домовите на најчесто непознати луѓе.  Вечерта пред да замине со своето семејство на побезбедно место, рабинот Елеазар Корео побара да го види својот пријател од школските денови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сѐ уште само еден дел на телото се ослободуваа сонот, сатир, се префрла од клепките кон слепоочниците и те стиска со своите козји нозе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А ние децата, и натаму во нашите соништа трагавме по можниот пристан на нашиот загубен чун, кога стариот капетан му се враќаше на вечното Езеро, трагавме по можноста да го пронајдеме патот на јагулите, да стасаме до Америка пред нив или по нив. Секој со својата среќа…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сето она го виде само во едно обѕрнување наоколу со својот поглед, со кој ја изнаоѓаше за себе таа просторија, а после веќе ниеднаш не ги оддели очите од бичкијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бев бескрупулозен. Со својата суровост и крволочност се обидував да корумпирам и узурпирам.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
А татко ти тогаш ти рече: „Сине, тоа е голем грев, тоа што наумил волкот да го стори“, но и ова го рече на оној негов чуден руски за кој сите го исмејуваа па и тогаш кога тој се напнуваше да ги увери присутните дека сите ние сме славјани и едно племе и дека треба да господари разбирјатељство помеѓу нас и да чувствуваме грижа едни за други, а јас, за да го смирам, морав да го повторам она што и пред тоа многупати му го имав речено: „Руски човече, побрзо јас ќе се разберам со своите мртви одошто ти со својата болка и со нас живите“, па тој веднаш замолкнуваше, се престоруваше најситно зрно просо и заминуваше во Горнидвор за да се качи на дудинката; беше и возрасен, и умен, а со срамно детско однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Писарот се здебели и пушти страшно долга коса, четка и по боја и по острина; лимарот, со еден збор, се исчука; Генералстап стана знаменитост, нешто како значаен музеј, со својата секојдневна упорност да чекори само на една нога.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со своите секојдневни извештаи тие допринеле центрите на СОЕ во Каиро и Лондон со внимание да ги следат воените и политичките настани во Македонија, да ја насочуваат активноста на членовите на мисиите за прибирање на потребните воени и политички информации за да можат правовремено да дејствуваат кај командантот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито, а со цел да ги заштитат своите интереси на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
39. Но тие луѓе или се ограничија со издавањето на неколку книшки на македонски јазик, или пак се ограничија со зборување македонски дома или со своите земјаци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нејзината забелешка, за која ти кажав на почетокот од разговоров, си има своја точна причина, со свое точно име. И тоа мексиканско.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Оти, вистината е заграб. Вистината е скок. Таа удира со својата тешка рака.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„А утре веќе со нас ќе се спогодуваат за камења. Каде се другите?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со својата еуфорија за градење, со својата слика за себе како за творец на новата посткомунистичка, постјугословенска Македонија, како вистински романтичар, тој покажа целосно непознавање на суштината на политиката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мина преку терасата и околу оградата од грумушки трендафили, и тогаш нејзините стапала, обуени во сандали со ремчиња, нежно згазнаа на тврдиот, како килим, тревник помеѓу трендафилите и портокаловите кринови, кои со своите трубички беа отворени кон сонцето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Говорникот, стискајќи го и понатаму вратот на микрофонот, со подвиткани раменици и гребејќи со слободната рака по воздухот, продолжуваше со својот говор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во случај на неоправдан изостанок судот може да нареди вештакот присилно да се доведе и да ги поднесе трошоците за доведувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во тие мигови, Мајка зрачеше со срамежлива, притаена среќа, со сета светната добрина во нејзините очи, верувајќи дека и натаму е корисна со своето верување, особено кога беа во прашање нејзините чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Разштрканиот народ се собра на купчиња и Ѓузепо се раздели од другарите, та тргнаа секој со својата група.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со своето дете, без неговиот татко...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но бугарската благодарност е само еден ден до пладне, а после Бугарите ќе речат оти тоа го направи Русија со свои планови да го завладее Балканскиот Полуостров, спасувањето на кој ќе се наоѓа во Англија, и затоа Бугарите, наместо да се во сојуз со “великата освободителка”, ќе се фрлат во скутовите или на Англија или на другите непријатели на Русија и на словенството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Еве, например”, рече тој, „јас никогаш не ги оправдував оние глупави крстоносни походи благословени, божем, од папата, кои цели двеста години се упатуваа со своите војски кон Ерусалим, за да го ослободат од муслиманската власт.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сечи, синко, рекол, и носи им ја на јаничарите главава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше една попуста желба со своето чекорење да се покаже и своето постоење под тоа ниско небо, што гмечи со тоа колку е црно, но секогаш на крајот остануваа изгубени, и секој за себе, и сите тројца заедно, во својата заталканост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ти стоиш постојано И за прв пат преоѓаш преку небото Со своите очи од лава и тромост.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Барајќи го со поглед Марка, со изненадување виде дека грдомасниот слаб митролезец на нивната чета, Босанецот Мујо, со својот „шарец“, насочен кон влезот на земјанката, лежеше со кундакот стегнат во десното рамено, окото на нишанот и прстот на чкрапецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш ме расоблекоа и тивко ги посматрам луѓето, заривајќи ги прсите во брадата и наведнувајќи ја главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Би било природно да можеш да го сториш она, би имал некое право да сториш сѐ со својот нож.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Отсекаде се чуја плачови и пискот силен, и чиниш, овој народ клет тој час го оплакуваше со својот лелек вилен најсвидното на овој свет.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не голем трагач по возбуди, а внимателен со своите пари кога се откачува.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На Митровден, а може и порано, чекајте не со свршена работа. – Де да видиме што ќе излезе од ова – изусти беглербегот и се согласи со предлогот со аџиите, давајќи му упатства на заповедникот на аскерот да работи смислено, да не ги испушти случајно затворените бунтовници, та да плати со својата глава за нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа е категорија на женски род која навремено ја увидува својата општествено статусна положба и не можејќи на интелектуален план да успее, пробува на наједноставен начин, преку барање богат спонзор и со својата лепота да се протне во самото општество кое не само што е осиромашено економски туку и духовно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Затоа, нараторот мудро вели: Секој од третираните турцизми беше свет за себе, со свое минато, осакатена сегашност и неизвесна иднина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
— Самиот ти ме вовлече во вој алабак табури и за јадење да страдам со своите луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но човекот е сепак тој кој управува со својот живот но и со животот на сите суштества што го придружуваат. Дај боже да грешам!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега Битола, со своите сто и дваесет илјади жители, беше станата стог сено во којашто секој поединец не беше баш игла ама не беше ни поголем од шајка во таа огромна грамада надојдена од селата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ема со својот џип влезе во дворот на Прифатниот центар по завршувањето на утринската гимнастика на жените.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој народ, којшто е првата последната причина за сите наши несреќи, со своите глупави постапки нѐ наведе во една нерамна борба со Турците во најрешавачкиот момент нѐ остави на произвол на судбината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но каков беше резултатот од таа војна? Русите и понапред војуваа со Турција и ги ослободија со своја крв скоро сите балкански државички.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сегашното име на Езерец му е дадено по некој си Петропулакис кој од островот Крит, како што гласат гласови, заедно со своите паликарја, повеќето поранешни затвореници, бекрии и козокрадци, дошол во Костурско да ја ослободува Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Младиот државен секретар, со својата смиреност, повлеченост, но и со репутацијата на школуван кадар на високите европски и американски универзитети, особено во доменот на безбедноста, на многумина дипломати ќе им остави посебен впечаток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го измислив ли пред тоа, разговарав ли со својата треска што пак со брзи отчукувања почна да ме морничави под плешки?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Митре си останува со своите соништа да ја чека општата катастрофа на противничката страна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но Соколе не слушаше. Од другата страна на рекичето минеше Лила со својата другарка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таа цел, Hence Dante Gabriel Rosseti 1861. година изјави дека работата на преведувачот во себе носи стремеж на себелишување и задушување на сопствените креативни импулси,сугерирајќи дека често преведувачот ќе се послужеше со идиоми на својата епоха и со свои сопствени, за да го разубави текстот, но само кога неговото би му припаѓало нему; често по некоја каденца ќе му послужеше, но за структурата на авторот - и по некоја структура, но за авторовата каденца... okno.mk | Margina #8-9 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
ЛУКОВ: По ѓаволите, уште цели пет часови. (Пауза.) Понекогаш ми се чини дека сиот живот сум го поминал во чекање на луѓе што задоцнувале со своите пристигања.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Е, е. Не берете гајле, нели се замеша и Толе и тоа на онакво место!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нема повеќе да ги имаме овие проблеми со Неуронскиот Човек на Шанзо, кој се издига на хоризонтот како Последниот Човек на Ниче, со својата кортикална и синоптичка избледеност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеби можеме тоа да го замериме. Но, мораме да си бидеме на чисто дека популарната култура не убива и не спасува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Враќајќи се пијан од еден сладострасен излет со својата цицлеста секретарка, излета со мерцедесот од автопатот, многу близу до местото каде е убиен поетот, и со сета брзина тресна во големото, осамено дрво.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Не го кажувај ова два пати. Лудиот камен може да те сопне во мигот кога најмалку се надеваш. - ѝ одврати Виктор со својот широк насмев зад кој се криеше никулец симпатија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој на крајот насобра песок околу гробот на Ханибал и продолжи во Тунис да живее со својата митска хронологија на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Има помеѓу жените такви на кои не можеш да им ги наполниш очите и срцето само со своето другарско и чесно однесување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но братот Сами остана на брегот да го продолжи векувањето, да го одржи дедовиот завет, плаќајќи го тоа подоцна со својот живот за време на Енверовиот сталинистички режим во Албанија, кој само поради знаењето на англискиот јазик ќе го прогласи за шпион на Интелиџенс сервис и ќе го ликвидира.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никој друг, туку Чана ја рашири веста со својата гласна и широка уста, па така, додека се чекаше да дојде Новата година сите Егејци дојдени од Војводина мислеа на Димостен и на неговите страдања воопшто.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во локалите каде што навраќаа, ако забележеше дека некој ја гледа, Богдан го менуваше местото со неа или ја засолнуваше со своето тело.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И понатаму трчам, но не се поместувам од една порта која зјапа во мене со својот мрак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тука е најзгодно местото да ја види, мирно е местото, уличката одвај се провира покрај рекчето, тука таа минеше секиден пролетоска со својата другарка.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
XIX. Сега беше пак неговиот јужен ветер и Змејко можеше просто да го види од својот прозорец него како заседнува над целиот свет и над Белата Долина, завладувајќи го со своите топли здивови до безостаток целиот ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа не се согласуваше со својата ќерка дека на Дончо треба да му се пружи најмногу затоа што го нема татка си крај себе (па ако го има што ќар?), особено што веќе се знае дека ќе ја има снагата нејзина!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Беше еден начин да се остане увиснат меѓу голите гранки над сивата провалија, го пронајде во сонот и продолжуваше и во тоа полујаве да го води својот разговор со онаа притаена, ранета ѕверка под себе, која му одговараше со своето тивко, жаловито завивање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шеташе со својот поглед како да ја бараше проѕирката на спасот за да го закова во зелените очи на својата Срцка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еве неколку куси разјаснувања: Селанецот (сеач) Арепо (сопствено име) со својата рака го води (работа) плугот (тркалата).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Градот сѐ уште чекаше. Градот чекаше, со своите прозорци и црните опсидијански ѕидови, со своите кули што го допираа небото и куличките без знамиња, со своите нечекорени улици и недопирани кваки, без ниту едно парче хартија по улиците, без ниеден отпечаток од прсти на себе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Југославија, со своите делови кои биле под Османската империја (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Македонија), но и под империјата на Австро-Унгарија (Словенија, Хрватска, Војводина), можеби повеќе од било кои делови на Европа и светот, опстануваше во жилава инерција, се метаморфозираше, понекогаш се обновуваа рецидивите на синдромот на јаничаризмот, на невозможните манипулации на монархистичката, републиканската или идеолошко-тоталитарната власт со идентитетот на човекот кој живееше во различна јазична, етничка, верска, идеолошка и друга заедница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој го удри по растресените и бели влакна, меки како свила, кои, за да бидат чисти, Тито мораше да ги чешла со својот остар јазик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие настани многу ги проширија можностите за машкиот геј- сексуален и друштвен живот, создадоа јавна, видлива, отворено геј- машка култура и изградија достоинствен, населив машки геј- идентитет, со што коренито, засекогаш се сменија условите според кои во САД ќе може да се живее машката хомосексуалност. ‌Моите геј- врсници се гордееја со својата генерациска различност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа живееше со својата мајка која одамна беше разведена од мажот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не поретко тој нѐ импресионира со својата техничка виртуозност и го привлекува нашето интересирање со своите иновативни експерименти што ја возбудуваат публиката, навредувајќи нѐ со својата безгрижна незаинтересираност за светоста на уметноста и за митската фигура на уметникот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Американка што пие вотка!“ се смееше типот. (Британците секогаш наоѓаат начин да се потсмеваат со својата поранешна колонија.)
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како и сите други: кога ќе заѕвони лошото, ги затвораат очите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секунда молчење. Капкање, шуштење на облеката, лачните ламби сиктат светлина пробивајќи со својата јаркост сѐ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Татко остана чувствителен и на судбината на Сефардите кои беа спасувани во Албанија, при крајот на монархијата и периодот на италијанската окупација, кога земјата имаше автономија на одлучување, издавајќи им визи за престој на еврејските граѓани кои бараа спас.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оставаше впечаток на циник кој размислува плитко, но кој не избрзува со своите решенија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дедо му откопачувајќи ја, му рече: „Ти реков: не закучувај во градинава вакви погани билки... Привлекуваат со своите цветчиња за да те намамат...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му се чинело дека е разголен пред очи на немилостиви судии и подбивни обвинувачи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа јас ќе го сторам, со свои раце.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се пробиваше, со својата диплома, низ кревките државни институции во кои сѐ уште преовладуваше инерцијата на отоманскиот менталитет, колку и да беше силен отпорот кон него.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бидете креативни, ослободете се од сите рамки и догми, размислувајте со своја глава и ќе видите дека првичните резултати ќе ве охрабрат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Отоманската Империја го институционализира јаничарството, со својата јаничарска армија, составувано од исламизираните деца рисјани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се гордеат и со спомените што ги остави селското културно-уметничко друштво кое со своите многубројни настапи низ цела Албанија и учеството на разни фестивали во земјата ја ширеше македонската песна и оро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А со своето нивче друго е: ќе копнеш, ќе подзасадиш, пченката ќе ја рониш, некое прасенце ќе храниш...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И сега, тука е она девојче со својата баба кое се сожалува на кутриот горила и ја отвара вратата на неговиот кафез.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Докторот се исправи во една величествена положба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Гоце со својот виспрен ум повторно го победил непријателот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Што прво ќе преземе Херцеговецот по сообраќајната несреќа што ја предизвикал со својот BMW? Ќе го склопи мобителот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Козјото време течеше со својата неумолива логика, посилно од идеологијата што сакаа тие по секоја цена да ја наметнат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во куќата на Матвеј Николаевич стана уште полесно; само Наташењка плачеше, Вадим, по малку напрегнувајќи ја волјата, веќе се занимаваше со своите пресметки и, во себе, беше мошне горд поради тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мајмунките не го интересираат воопшто. Помислува на самоубиство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Една вечер, божиќни пости, Толе седеше со Јована и некои други Јованови другари, кога во кафето, од маса до маса, се пронесе тивок глас дека војводата Гоце Делчев ќе дојде вечерва во кафево да се види со своите пријатели и да проговори некој и друг збор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Па со поглед што блика и зрачи, потонувам до дно во модрината, и кликнувам пак на убавината: Прострелај ме со своите лачи!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Но, овојпат токму тие го вознемируваа со својата невидлива моќ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Врз една куќа лежеа на парче зелена светлост од месечина здрвени трупови. Мртво се клештеа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се чини ко амор да беше со своето копје долета ко орел ме згази тешко по рамениците тешката нога негова со неможна сила ме згрчи душата ми ја собра во клопче над очите ми испушти темен превез таму каде што шумат боровите таму каде што шумолењето на потоците во моето тело буеја застана тој скитник на мостот од бучните црвени води застана таму каде што отчукнува ѕвоното на мојот живот.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во последните неколку дена болката премина во болест, постојана болност, која со своето будење донесуваше болки во мускулите, гадење, губење на апетитот, обилно потење и отоци во зглобовите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Кога ќе наиде такво јавно прашање за осомничен и осуден човек, а со своите очи имате видено и како Чардаклија го водат со врзани раце, ќе помислите пред сѐ дека некој злонамерно сака да ве молерисува или нешто слично, па нема ни да се обидете да го скриете она што го знаат и пилците по грмушките“, се насмеал гостилничарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оддеднаш фигурата на брат му, која лебдеше пред неговиот засенчен вид и нераспознатливост, стана реална, широкото и искрено лице со својата природна добрина и љубезност се појави од замаглената светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Е па, кардаш, затоа те викав. Си се прочул со своите мелеми за изгорено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Откако ќе се исплискаа и освежеа, се враќаа пак назад, бришејќи се со своите големи шамии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Црвеношијки, златошијки, врапчиња беа вгнездени и доаѓаа во грмушките; верверички и шарени верверички се искачуваа и спуштаа по гранките на дрвјата; ласици скокаа од ѕид на ѕид; млади крастави жаби потскокнуваа во воздухот за да уловат инсекти, и неотровни змии посегнуваа по краставите жаби; бубачки и инсекти брмчеа на сонце; а ноќе воздухот шушкаше од ноќните пеперуги кои со своите крилца удираа во прозорците, во месечевите и запурничави ноќи атмосферата светкаше и танцуваше со милиони трепкачки фосфоросцентни светулки кои на местото му даваа небесен изглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Летавме многу ниско над брановите, и одвреме-навреме страхував некој од нив да не нѐ стигне со својот висок, пенлив гребен и да нѐ повлече кон длабочините.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога потоа ги гледам тие артисти во некој филм на телевизија не можам да сфатам дека навистина тоа со своја рака го напишале специјално за нас и често ја гњавам мајка ми да ми раскажува кој од нив каков е во живо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мертен чувствува дека оваа тишина која ја исполнува замолкот пред предлогот да се уништи една вековно стара светија која е чувар на колективните спомени на јудејството во овој град и на овој древен простор, треба брзо да се надмине, па – веќе не барајќи поткрепа во ликот на својот двојник во униформа - се обидува да ги замајува со својот филосемитски шарм, на кој, помислува, можеби уште и му веруваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ами вака ли ме кандисуаше, побратиме, да ви се придружа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со тоа секако не придонесува кон подоброто разбирање на тие разлики (и можното отстранување на некои од нив), туку, обратно, со нивното мистифицирање во крајната последица предизвикува уште поголеми конфликти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мојата баба ја исполни куќата крај Езерото со своето младо, живо и моќно присуство, успевајќи со својата тивка моќ да ја совладува семејната патријархална доминација, која дедо беше немоќен да ја одржува како во првиот брак, да влее нова крв во семејниот крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Ајде, искарај ме - ѝ реков - ако чувствуваш потреба да го сториш тоа, а за возврат ќе ти раскажам сѐ за жената од скалите, за писменцата што ти ги... - но Катерина ми ја затна устата со својата топла дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога дојде училишниот распуст, Милчо замина на летување со своите другарчиња од училиштето.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Децата го гледале и си мислеле дека малото маче си игра со своето опавче, зашто многу мачиња си играат така, го гледале и слатко се смееле.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Брзале, мислиш ги чека ан во кој уште од есенски ноќи крцкоти оган и во кој ќе сретнат луѓе што ширум го оделе светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа се типови луѓе кои најчесто се вработени во институциите кај овие првиве, а нивната главна особина е длабоко да пенетрираат кај нивните претпоставени задници со што ќе успеат да се одржат на позицијата во која се дочепале и притоа да не дозволат на конкуренцијата да им го заземе нивното место, а најчесто служејќи се со своите вешти кодошко-лакташки особини секогаш ставајќи му сопка на соперникот и увек гласајќи за партијата која ги убутала на тоа работно место.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Марија му се довери без срам дека тоа никогаш не можела да го прави со своите нередовни љубовници, поради онаа празнина што следува по водењето љубов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајка, која бришејќи ја насобраната прав врз отворените книги во библиотеката и на чардакот, се чудеше на различните облици на лавиринти и со својата изострена интуиција, насетуваше дека сопругот бездруго замислува ново поместување на семејството, макар што тогаш границите на земјата беа херметички затворени, особено границата зад која остана нашиот поранешен живот, со нашата стара куќа, со роднините.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓу стеблата во снегот стоеја вдлабнатинките од испаѓаниот окит, како единствени измешани дири, што покажуваа дека тука наодамна поминал со својот палав чекор на заводник тој јужен ветер, а потем отпатувал натаму во длабините на шумата, од каде што сега, заедно со она трубење, се слушаше како понекогаш прикрцкуваат гранките, кои сосема им се подале на неговите топли игриви прегратки, така за тој да може дури и да ги однесе на својот пат и остануваа скршени со онаа слатка болка на трудницата, или пак продолжуваа ритмично да го повторуваат своето занесено стенкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред тоа малаксал демнејќи колку валцери може да издржи мочниот меур на Сигмунд Фројд пред да си ја дувне од Виена без да се збогува со своите сестри и без точно да се утврди требен ли е толкав масраф за едно обично ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Со својот долг, црн јазик го лиже топлиот мед од кристалниот пехар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со својот труд, ропското население овозможува да се забрза темпото на постојаното војување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
43. НА ОРТОМА ТАА ПРОСО СУШИ - а на телевизорот кога цигара се пуши својот маж со своето сврдле го буши: отвори го прозорецот, овој дим ме гуши...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Едноставно, потсвеста е таа што доживотно ќе ја прогонува личноста на поетот и ќе го возобновува архетипот, но никогаш, и покрај огромните напори, авторот нема да успее најпрецизно автентично да го репродуцира (за среќа!) туку осознавајќи го ќе го надградува со својата филозовска порака и имагинација.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Советите со спутникот (американските сателити ги нема на Изложбата), со балистиката и со супер модерната авијација, а Американците со своите електронски машини и со својата сирхорама.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој зборуваше речиси чисто на јазикот од Сандри, и тоа не го скри, наместо да го заплашува со својот турски.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој е заштитен со својата волтажа, како галванска купола, од секакво надворешно разорување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Секој со својата беља, така е во животот - рече Б.С. и дури тогаш сфатив дека ја имам извадено од џебот не заздравената рака.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го забележавме Бургиба како минува со својата поворка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никој повеќе не гледаше на нив како на депресивни губитници.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А.А., веројатно откако утврди дека во нас доволно не се впиле ударните пораки на Атеистичкиот музеј како што очекуваше, сметаше дека беше дојден вистинскиот момент и тој да стапи на сцена со своите аргументи од втор степен на влијание.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Колку е висок, какви му се очите, дали е силен, дали таа и таа артистка убаво е облечена и нашминкана...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Немаше маало кое не продолжуваше да живее во меморијата на луѓето со своите легенди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога удри вечерта на караулот на крајот на Полчишта не се изненади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Марче, ти ли си? - ѝ свика Ване од грб, но во истиот момент се покаја не дека ја прекинал во учењето туку дека ја уплашил со својата појава.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Доаѓаше со своето мало торбиче, во кое беше нејзината ноќница, нејзиното шише со лимонска тоалетна вода од која никогаш не се разделуваше, доаѓаше со чоколади за децата, со тегла ајвар или слатко, што ги беше подготвила сама, таа есен, и со книга од Татковата библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понесеноста на раскажувањето, интонацијата на реченицата, текот на фабулата, сето тоа кај Чинго одекнува со акустиката на кажуваниот збор, нѐ маѓепсува со својата говорна синтакса.“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сето тоа беше надвор од него, насетуваше Ѓулсиме со својата детинска чистота и женска проникливост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама, не го ни дорече тоа, а портата заклепа и почнаа да се редат пријатели како кај болен, да му ја олеснат маката со својот збор, а и скришум да се порадуваат дека не се на негово место.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ползата за народот од научното работење на нашата интелигенција ќе се види од тоа што нашиот народ сам со свои очи ќе може да погледне на себе и на другите народи, ќе ги изучи своите и туѓите достоинства и недостатоци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Главниот инженер, проектант на објектот, наведнат над своите планови како над кори од зелник под сукалото на голите раце, кои не ги разбираше никој жив не од градилиштето туку ни од штабот, со својата глувчеста муцка и проретчено теме - по ништо не беше фотогеничен, а и никој не инсистираше да го снима.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие и ја сознаа опасноста за дележ на Македонија помеѓу тие две држави – ако Македонците самите не се вооружат за да си извојуваат сами, со свои сопствени сили и средства слобода и со тоа да го предупредат дележот на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа не е бледа длабочина и не е подмолен вир Извор е што постојано пени со својот зелен крик.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Таму, како змиска кожа, беше падната сета правна наука на светот, од римското право до постмодерната демократија; и ослободениот студент по право на прва година не знаеше што да прави не само со своите права туку и со своите прсти, освен да ги меси мрвките леб во сè побезоблични облици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го обли топлина во која за малку не се стопија неговата брада, мустаќите, неговата дебела шапка, па и снежната куќа во која живее со своите прекрасни елени.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Малку понатака, лимарот Петар ги занимаваше безработните жени со своите прикаски.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сталин, првин дискретно, а подоцна и јавно почна да им се заканува на непомирливите Балканци со своите освојувачки шеми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се поздрави скоро со сите, пријателски, како со свои луѓе и не забележи дека еден средовечен човек во нови алишта необично го погледна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од блиските планински предели, селаните што не беа вклучени во „доброволните” работни задруги, доаѓаа во градот со своите верни кози, со надежта на властите дека од овчари ќе станат брзо работничка класа која треба да ја доврши социјалистичката револуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Старите ја загубија верата; свештеникот седи дома и ги расчеткува одеждите едноподруго; а лекарот треба сѐ успешно да врши со својата нежна хируршка рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој недостаток кој го означува зборувачкиот субјект засекогаш го спречува субјектот во постигнувањето задоволство, исполнување на желбата - субјектот така е бесконечно потресуван со својата сопствена желба и желбата на другиот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Лично верувам дека со својот критички однос кон состојбите опишани во неговиот Календар за годините што поминале, како и со своите актуелни колумни, Трајче Кацаров ќе помогне во создавањето нови и здрави критериуми за проценување на состојбите во уметноста кај нас, иако сум совршено свесна дека сите заедно сме длабоко заглибени во истиот круг на тешко премостливи и речиси непроменливи вредности.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ненадејно засилен удар на ветар ме подгрбави и ми ги затвори очите, ме збуни со своето ревење и со криците на дивите гуски во себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И само што бил готов дворецот, долетале и самовилите од Беласица со своите бисерни ковчежиња полни со мртви очи...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со својата солидна плата можеше да си дозволи и поголемо финансиско опуштање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Грците со својата Цариградска патријаршија им го имаат наложено грчкиот јазик во училиштата и црквите на многу македонски краишта, каде што нема Грци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но растот нејзин беше побрз од мојот и поголем куќата што ми ја подјадува со своите долги длабоки корења што се шират во сонот што ми роваат та пукаа во ноќите без сон и ѕидови и порти се пореваа темелите и покривот ни татни од нејзините корни од нејзините гранки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Со својот живот и дело ќе ја покаже и докаже тезата за повеќекратноста на идентитетот на индивидуален и колективен план, за меѓузависноста на идентитетските компоненти во нивното хармонично дејствување, како неодминлива вредности и победоносна противтежа на националистичките погубни пориви. Надежта постои...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Борците се проредија... паднаа пет-шест души, но обрачот не можеше да се пробие.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Потта на луѓето и говедата, или мојата, без причина мирисаше на сварена пченка, без причина мислев дека волските очи зреат и пукаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Метафизичка метафора, политичка метафора, Патот на јагулите престанува да биде итинерер на индивидуи за да стане итинерер на човештвото, со свои избори, свои колебања, со свои грешки.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И така, во пријатна расположба ги затече зората и градскиот телал Дуче со својот барабан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Компирот, гравот и доматите ги нападна онаа жолта треска, самовилска коса на подземна јуда чии влакна спирално се обвиваат околу секакви стеблики и со свои шмукалки им ги цицаат соковите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Возбуден и без здив, со чувство дека е и самиот со дупнати гради, Онисифор Проказник го гледал сето тоа со замрзнат прст свиткан околу чкрапецот на кобурата и можел и самиот да се прослави со своите стрелци: еден од противниците просто како да му го нудел челото. Сепак - не можел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наспроти уметникот што пости пантерот нема проблем со својата желба.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се прикажуваат како она што не се, ги штитат интересите што не се интереси на воспоставување снажно, објективно, културно јавно мнение - а тоа би требало да биде единствениот нивен интерес: со своето постоење да ја елиминираат силата како аргумент.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ги замислував старците со своите бескрајни партии домино, под топлите капки на вода од алиштата закачени меѓу полураспаднатите шперплочи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше неговиот водечки глас на старата трогласна полифона песна од родниот крај која најчесто ја пееше и преку која се чувствуваше најблиску до своите преку границата, како да ги довикуваше со својот осаменички глас.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Последица на транзитивноста во поезијата се демотивацијата и произволноста на звуковната подлога на јазикот; - поезијата е акустична супстанца, уметност на фонацијата; - поетскиот јазик стои вон противречноста: вистина – не – вистина; - поетскиот текст со своите поетски фигури претставува елемент на изненадување, што ја зголемува непредвидливоста а тоа доведува до пораст на ентропијата; - одредени поетски содржини бараат одредени метрички типови; - неискажливо во поезијата не постои во чиста состојба; - поетскиот јазик не го карактеризира синонимијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На неколкупати, во текот на тие денови од престојот во Брезница, авторот доаѓаше на сретсело „на чека“, како што би се изразиле ловџиите, заради блиска средба со својот истоименик Едо Бранов селанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Летаат по синиот свод со своите стрелести крилја и опашки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги ѕидаа, тие нови куќички, во еден прекрасен ред, се радуваа заедно со дечињата, што беа останати без куќи во оние неколку воени ноќи, така што веќе беа одвикнати да имаат своја дома, а сега од утро до мрак стоеја крај нивното градилиште и гледаа како никнат нивните нови куќички со своите чудно умни и не според возраста загрижени очи, а после очите на сите мајстори им солзеа, заедно со придушениот плач, измешан со бранливата и надојдената во сапови смеа, на тие дечиња, додека им помогнуваа да се населат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Патниците што се качуваа на станицата кога ќе ја видеа низ вратата од купето каде што се шминка, не влегуваа во купето иако имаше слободно место за да не внесат со своето присуство пореметување во интимноста создадена меѓу машко и женско.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Неуморно полемизираше со своите пријатели, Македонци и странци, за суштината на проблемите во земјата, за тесната поврзаност на нивната економска природа со меѓуетничката појавност.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Душан не трча по улиците со својата мафија. Заради Ирена Иванова или Калина Панова Душан веќе не е прв по географија.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)