со (предл.) - северен (прид.)

Тука главниот воз беше Балкан–експресот кој го поврзуваше градот со северна и западна Европа, како и со јужниот и источниот дел на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден одред од две три стотини души се растегна малку налево, да ја заобиколи чуката и од запад и се спремаше што побргу да ја префрли преслапта зад чука и да фати врска со северниот одред од бимбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но токму кога требаше да се врзе синџирот на преслопта; згрмеа пушките од Ивановиќ и Цилета од „Касматоа Тумба“, која по неговото предвидување остана надвор од обрачот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)