со (предл.) - секојдневен (прид.)

8 Три дена подоцна, беше големиот ден – модната ревија на најпознатата белградска модна креаторка Исидора Перуниќ, завршена ученичка на најпознатата школа за мода во рамките на школата за убави уметности во Париз, за сезоната есен-зима 1938/39 со секојдневни и вечерни тоалети.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Родителите, ангажирани со секојдневните грижи, немаат време повеќе да се посветат на своите деца.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И пред да узнае со секојдневна логика што значи сето тоа, узна дека е на друго место.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како и да е, продолжував со секојдневните ритуали. Трчање по скали, па пак кафе, потоа до продавница по намирници.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
-Револтот е особина на луѓето кои се немоќни да се носат со своите решенија и со секојдневните задолженија.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Штом ќе излезела од храмот променета, просветлена и ведра, благословена од Бога, почнувала со секојдневното сновење: од чистењето на храмот и на иконите до спаструвањето на пилињата и на кутрињата, од тимарењето на кравите и на телињата, до последното скалило на камбанаријата итн., и тоа со ред, со усул, без тегоба, без жалба, без замор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)