со (предл.) - сламен (прид.)

Недалеку од нив еден ситноглав и беззаб старец со сламена шапка и матна болка на сувите, пропаднати образи, милуваше на своите коленици ранета грлица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Селата тогаш лесно се палеа и лесно гореа, бидејќи куќите беа од плитари и со сламени покриви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На другата страна од селото, во една таква штала со сламен покрив живееше Кире. Тоа е мојот татко.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Само малку е приподигнат со главата и потпрен со сламена перница под плеќите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кавгаџиите гледаа со закрвавени очи во агентот а тој го збираше челото во густи ситни брчки и држејќи ја раката во задниот џеб на панталоните стегнати во тврди тесни чизми ја клатеше ќелавата глава, тогаш покриена со сламен шешир.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Лишеност од среќа“ илустрација: Олаф Хајек На сцената излегува млада ненаспана девојка, со сламена шапка на главата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)