со (предл.) - сличен (прид.)

Расфрлани низ Лондон, постоеја само уште три други згради со сличен изглед и големина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со други зборови, без користење на ментални репрезентации секоја невронска мрежа во мозокот на птицата се наоѓа во нелинеарна стабилна состојба (атрактор) која што е поврзана со сличен стабилен образец во околината на животното.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
__________ 17 Умберто Еко во Името на розата говори за таинствената мудрост поради којашто различни појави можат да се именуваат со слични зборови, а Божјите ствари да се означат со овоземски називи (1984, 271).
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сане Сандин е амалин, еден од оние што секој, барем од мојата генерација, ги памети под друго име, од друг град, но со слично чувство.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Гаргантуовскиот но и макабричниот обред се одвива во ресторан со сличен штимунг, како епилог кон европската консументска култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Случајот го поврзуваше со слични такви случаи од борбата и беше неможно тогаш да го запреш, пациентот нека си умре тој ќе раскаже за сѐ, во подробности за тие страшни фортуни од војната.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Театар виден и во многу земји со слични владетели!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со сличен нарав се, доблесни и полни со разбирање и гостопримство, чиниш душата ќе ти ја дадат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)