со (предл.) - словенски (прид.)

До 20-те години на VII век цела Македонија била населена со словенски племиња.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И така, првото нешто што ќе треба македонската интелигенција да го извојува тоа е: отстранувањето на недовербата меѓу интелигенцијата со разно национално и религиозно образование; обединувањето на таа интелигенција како во самата Македонија така и зад нејзините граници; заедничкото опсудување на општите интереси на Македонците; отстранувањето на национално-религиозната омраза; воспитувањето на Македонските Словени во чисто македонски национален дух; задолжителното изучување на македонскиот јазик и литература во средно-учебните установи во градовите со словенско население; обучувањето во селските училишта со словенско население на македонски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оттука јасно се гледа дека прашањето за јазикот, особено за јазикот во областите со словенско население, е едно од најважните при разрешувањето на македонското прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарската држава беше повеќе со словенско население, но со името на нејзините образувачи, т.е. монголските Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, Патријаршијата ќе сака во поголемиот дел на Македонија со словенско население да го установи грчкиот јазик за во училиштата и во управата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
142. Постојаната борба рамо за рамо со Бугарите ги направи нив еден народ со бугарско име, но со словенски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)