со (предл.) - социјален (прид.)

А, пак, АВРМ, ФПИОМ и ФЗО се должни да водат и трајно да ја чуваат евиденцијата на пријавите и одјавите во социјално осигурување и, на барање на лицето, да му издадат податоци за состојбата и промените во врска со социјалното осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Притоа, овие три државни институции вршат и размена на податоците во врска со социјалното осигурување (чл. 2, ЗИДЗРО/авг.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа се случуваше во последните есенски денови на 2004 година кога Јасер Арафат донесен од Рамалах со социјален француски воен авион во воената болница Перси во Кламар, близу Париз, агонично ги минуваше последните мигови од животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И најпосле непредвидено, како што само судбината умее да ги режира настаните, наметнувајќи ја случајноста како апсолутен арбитер, настапи времето, дојде неочекувано мигот кога катарзично се ослободуваше времето минато крај Арафат во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпосле, и овде постоеше Одбор, го викаа Одборот на Егејците, ама овој Одбор не беше власт како оној во Гаково, туку колку да ги собира Егејците околу себе и да помага преку вистинската власт со социјална помош за старите, жените без мажи и за децата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
По Втората Светска Војна на Запад имаше подем на општествена конфигурација што овозможуваше управување со социјалната динамика.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)