со (предл.) - стегнат (прид.)

Со стегнато срце Винстон одеше по него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Клучот на оваа деконтекстуализација и самото одредување на редимејд-от вешто се објаснети со стегнатата инверзија со која Дишан ги довршил овие белешки: „Реципрочен редимејд: Да се користи Рембрант како даска за пеглање“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа е како „супербрз чекор наназад“, кој го извлекува и разделува предметот од неговиот конвенционален ентитет и класификација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јас со стегнато срце од страв гледав исто така натаму, не го откинував погледот од таа улица.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас го гледав со стегната уста. Ми се креваше косата. Беше дрзок.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа повторно ги отвори очите и кога сфати дека сликата е иста, го погледна старецот со очај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега тој панично ги затвори очите, како така, со стегнати капаци, со грч околу усните, да се обидуваше да види некоја друга слика освен онаа во која се наоѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бошко, кој го слушаше овој муабет со стегнати тупаници, туку наеднаш рече: „Остави го ти народот, мој стопане.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од Ќафасан до Прењес патот води по остра удолница со многу кривини и цело време се вози со стегната сопирачка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кај нас, тие паликарјата Македонес страв будеа и сееја со лош збор, со крвнички поглед, со стегната тупаница, со стап, камшик и со ластегарка в рака, со шлаканица, со подивен глас на стие, со начулено уво под прозорец и со намигнување на кодош..
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Нема, - ми вели со стегнати вилици. - Значи, попусто чекаме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го свлечкаа внатре, пресвиснат и нем. Луѓето со стегнати срца ги бришеа очите. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)