со (предл.) - строг (прид.)

Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ване е болен! - со строг глас рече мајка му. - Тој нема да оди в кино!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Можното изостанување на естетската реакција на рекламата се контролира со строги и недвосмислени слогани: „Тоа е убаво“ (This is beautiful!) Но како е со другите емоционални реакции?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На самиот влез нѐ очекуваше кустосот – водич К.К., во црна работна облека, со строг израз на лицето, готов да нѐ поведе кон својот дел на пеколот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нивната безгрижност се косеше со строгиот закон кој ѝ се додворуваше на Европската Унија толерирајќи ги само оригиналите, кои чинеа четвртина од просечната плата на македонскиот работник.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Впрочем, си рече, малку суета и суеверие со строго личен карактер никому не може да му пречи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој ги гледаше едно време, клатејќи глава, а после ги запраша со строг глас: – Што правите бре тука!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
На вратата пред дворот ме пречека сува жена со строга лисичја муцка, темно лице слично на земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Математички изразено, нејзината ефикасност изнесува 98 отсто објаснуваше тој со строг службен тон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Многу се исплашив кога во нашето купе влезе кондуктерот и со строг глас рече: - Покажете ги билетите!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По белите ѕидови немаше апостоли и ангели, туку со крфии заковани кадра на некои чичковци со строги погледи од зад големи окалки, а на местото од милата Богородица, една женичка во годините на мајка ѝ застаната на средината од ѕидот и со голема тетратка во рацете од каде ги вадеше имињата на децата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Шифрантот Иваз го впери погледот кон моето ливче и со строг израз на лицето ме праша: - Каде го запишувавте на ова ливче?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го гледавме Сталина, со строг поглед, густи веѓи и мустаќи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)