со (предл.) - студен (прид.)

Во споредба со студените реконструкции на Феликс Гмелин, бруталниот чин на Бренер изгледа како регресија кон веќе застарено поглавје од историјата на уметноста, а невкусната одбрана на Полити ми изгледа малку повеќе отколку празните соништа на старецот за повторно добиениот радикализам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Каква е вредноста на овој вандалски чин и која е границата што треба да се пречекори?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тих и повлечен во себе, безвиновен во ред работи, во кои спаѓаше и допирот со жените, Пискулиев сепак не е од оние луѓе со студена душа, тешко достапна за срдечни трепети.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во капињата, над чешмата, раскастрија и ги послаа сакмите, ги оставија пушките и торбите и слегоа, та се замија образ со студената снеговица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Излеговме од визбата, божем не ни е гајле, а знам дека и Влатко имаше чувство на пораз - како и јас: небаре потурен со студена вода.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Баш кога ќе го почувствувате мирисот на лаванда под мишките на стјуардесата и пред да сркнете од црниот поцрн не може да биде руски чај, среде Сијаните тресулајќи се капат во студените езера, луѓе влегуваат тресулајќи излегуваат, тие и во сонот се тресат, и на секоја арка пуштена низ Енисеј се тресат, за истресени да стасаат до Артикот и отаде Артикот, истресени луѓе, истресени мандала, истресени џепови, истресени сни, колку истресени, трипати повеќе со студена магла покриени, оти личотата на Сијаните не била за распродажба на туѓинци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Надојдоа жени; од подот го кренаа тие нејното немоќно тело, и почна со студена водица некој да трие Недино високо чело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не туку-така секое утро настојував да се најдам покрај бунарот за да можам да му полевам на момчето да се исплиска со студената вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дланката ми се потеше. Божидар рамнодушно го позеде баждарот со црните прсти и го прецени со студен поглед.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме одмери со студен поглед од кое морници ми полазија по грбот и се изгуби зад тезгето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И во тоа глупаво мавтање со раце стигнуваше да нѐ погледне со студени очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сум говорел и како „јас“, но и како Луција. „Како шизофреничар, не дај боже“, велеше Земанек, додека ме триеше под дрвото со студена вода. „Како оној лудак во Психо на Хичкок“, велеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Застрашена, со студени очи и тврд израз на лицето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Та, таа куќа отсекаде е затната, со студена земја и со вода е заградена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме свртеа кон ѕид и ми го истинаа тилот со студена револверска цевка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кандидатот што беше повикан од комисијата излегуваше како да беше целиот посипан со студена вода. Му играа вилиците.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше се уверуваше и се чудеше зошто не го обвинува лекарот со студена распламнатост во ноздрите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Какво е тоа проклетство, се костреше. И каква е оваа риба со студена љубомора в грло?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Реката бучи долу Папањ и ги напива ливадите со студена планинска вода, додека овчарите ги прибрале своите стада еден крај друг поблизу, да можат да си помогнат и ги фатат дојниците да намолзат млеко, та и тие да го прават Велигден в планина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Денот сосема е отворен и полеан со студена сончевина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
XVI Ручокот на Комисијата беше приреден на островцето обградено од бистрата изворска вода под жалните врби што своите гранки како зелени чипки ги спуштаа до земја; водата околу нив се прелеваше во зелени и светли тонови, по неа лебедите оставаа меки трагови доаѓајќи сосем блиску до огништето каде што се печеше прасето; калуѓерите се сменуваа вртејќи го раженот и плакнејќи ги лицата со студената вода; миризбата од вцрвенетото прасе што капеше на жарта, се ширеше наоколу дразнејќи им го желудникот на полковниците, игуменот, отец Иларион и отец Серафим кои седеа крај масата и пиеја; отец Серафим пак им наточи од најубавото вино, и додека чекаа да се испече прасето, им раскажуваше дека во турско време имало многу лозја во манастирот, а и во селата, зашто луѓето, за да се ослободат од големите даноци што власта им ги наметнувала за житните насади, тие нивјето ги засадувале само со лозја, зашто Турците не земале данок за лозјата, не собирале грозје, зашто не пиеле вино.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Ќе видиш какви заклучоци ќе извлечат умните и праведните, подоца, во иднината, кога ќе можат со студени глави да ги оценуваат вашите неконтролирано истурени зборови со кои сега толку се гордеете.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потоа трча со другите деца кон чешмите на големата чистинка, се плиска со студената вода, се прска со децата и си мисли: „Еј, уживање! Каде го има ова дома!“
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Потсетувањето на настанот ја наполни со болка и набрзина ја забриша Пела и ја стави да спие, а таа се врати во бањата и долго стоеше под тушот полевајќи се само со студена вода!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Последна се наведна Чана иако со широка насмевка на лицето, ама и со студен црв во срцето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мислам и тоа се пресега со студените рачиња кон топлината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најдобро би било кога би можеле да ги истушираме, ама не со силен млаз и не со студена вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Речи обично - по веќе определен ред, веќе видено, познато... редење на столчиња во холот, а тоа значи дека откако ќе заврши приредбата - враќање во училиште... мораше така, немаше друг излез... како наводенети врапчиња се прибравме во холот... а надвор врне, со студен ветер, небаре секој миг ќе заснежи...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со студениот ветер допатуваа снежни облаци и истурија снег.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)