со (предл.) - таен (прид.)

Против неа можеш да се бунтуваш само со тајна непослушност или, најмногу, со поединечни чинови на насилство, како на пример со нечие убиство, или со кревање во воздух на некој објект.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие му го слушале болното завивање и ги гонеле ребрестите ѕевгари, сега дваесет и петмина со еден на носилка од две долги габерови стебла и од черга, сите сенки со душа и со дваесет запреги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повикувајќи се на тајниот договор со Србија, Бугарија ја барала цела Македонија, Србија укажувала на настанатите промени со формирањето на албанската држава и на неисполнувањето на договореното со тајниот договор меѓу Србија и Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Се разбрале меѓу себе со таен јазик на срцето, немо, скоро со вештина на ѕверови и со трепет што минувал од еден на друг: да се истрае, да се стори она за кое сите како еден на поаѓање дале клетва пред Успението Богородично на живописецот Михаило.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Обидот на Русија да посредува завршил без успех.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)