со (предл.) - туѓ (прид.)

— На кого?... На тој што го имаше и досега, — на султанот, — потфрли и не сакајќи Сарафов, кој веќе беше решен да се прибере во своето гнездо во Софија, каде што го чекаше пријатен пречек на неговите работодатели и награди за успешно свршената работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Туку да бараме некое чаре, да се поприбериме поблизу до границата, да видиме ќе има ли некоја надеж оттаму или да се прибираме внатре, — проговори како со туѓа уста Тренков.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Пијаницо! - викаше кметскиот. - Пиеш, ама со туѓи пари пиеш. Не ти е срам!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Македонска интелигенцијо! Време е да се помисли дека е грешно да се прави опит со туѓи човечки животи за нашите фантастични планови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Доста се таквите жални резултати од врзувањето на нашите интереси со туѓите за да се убедат мнозина дека нашиот спас е само во националниот и религиозниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Со туѓ чемер, чемер да те фати...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Заработуваа од туѓиот труд. Продаваа книга со туѓи мисли.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Чистиот јазик беше со однапред јасни и познати излези, не можеше да биде лавиринт, тоа можеше да биде само јазикот со туѓи зборови, јазикот со различни зборови, јазикот на разликите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кондициона игра со туѓи суети, до следниот пат.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
И почитуваниот Богдан Јанков имаше еден таков свој континент, делче на светот што само нему му припаѓа и за него е непроменлив: ја одржува мекоста за нечујно чекорење меѓу проѕирни габери, бресилки и дабови, и за негово лежење, детски, ничкум, со чело на синкав мов, под јата златоперки, или жолтавки, или саријасми, како што одамна со туѓ јазик се викале денес се сосема ретките и скоро заборавени преселни птици, по боја и по необичност блиски, поточно слични на парче сонце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Средина у која што никој не е опседнат со туѓите проблеми.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Како ќе се бориме за свој јазик, велат, ако се служиме со туѓ?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се плашат од нивните имиња на гробовите, вели, зар со туѓи имиња да лежат в земја?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога им здодеало на синовите да кршат камен и уште повеќе да го слушаат татка си како шепоти со невидливи ангели и апостоли, отишле далеку и се прогласиле за арамии, да ја смируваат крвта со туѓа крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш ми раскажа, иако јас сето тоа го знаев поинаку, онака како што го раскажуваа денгубите старци во Кукулино, не ќе си ја смират ли душата со туѓи гревови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Прикаски“, воздивна. „Секакви прикаски му ги пијат дробовите на човека и му го копаат гробот. Се раѓаш да буташ некого кон гроб додека друг и тебе те бута зад грб.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тоа време некој Кандило Кучевишки, инаку познат и во Кукулино како човек што без болка може да крши речни камења со рака, се прогласил по еден сон за светец и со своите синови седуммина или осуммина, почнал да гради црква со своја лика на ѕидовите - тој прв ги подава рацете кон новородениот Исус во сина пештера и тој прв клечи на Исусовиот воскрес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Многу плаќаше за мене, мори Чано, со ништо не му се наплатува, ама јас не можам да појдам кај него, не можам да го товарам со туѓо дете!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој, господи, очигледно совладувајќи се да не крикне, продолжи со туѓ глас.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе влезе штрк во туѓо гнездо за прељуба со туѓа штркелица, сите штркови му судат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А тирани в радост жешка прославуат денот прв, што со туѓа крв јунашка стасале си земен врв. ***
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Макар што на Македонците им е доволно само раздобјето Од Александар Трети Македонски до Цезар Македонците не го фермаат многу многу Некој си Калигула таму и особено неговиот коњ Кај го давале Македонците Букефал За некаков дртав коњ на Калигула Спроти императорот и коњот велеа Македонците Никој не велеше спроти императорот и аеродромот Што е знак дека Македонците сепак беа свесни Дека никогаш нема да имаат аеродром спроти Александар Велики Ама напатени од многу посегања врз минатото и иднината Си велеа поарно мало аеродромче со големо име Ем големо ем наше си велеа Македонците Отколку голем аеродром со туѓо име што се пишува на латиница
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Мајка мораше да се врати од Солун, во Лесковик. Според предвидувањата и информациите на нејзиниот татко, тогашен префект во речиси развластениот Лесковик, од војските кои доаѓаа и заминуваа заедно со туѓите окупаторски режими, во Солун требаше да се очекува големата воена разврска, пресудна за Првата светска војна...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)