со (предл.) - гласно (прил.)

И персоналот му возвраќаше со гласно извикување: „За добро здравје и долг живот, газда Вајс!“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И решивме – одиме. Возиме прудолу по тесното сокаче и по изминатите дваесетина метри со левите гуми заглавивме во буништето од кое со гласно кокодакање на сите страни се растрча јато кокошки и веднаш по тоа со силен лаеж не пречекаа селските кучиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)