со (предл.) - најмалку (прил.)

Почнувам од најдолното скалило, на луѓето со најмалку вредности, па сѐ до оние што најмногу вредат. Се разбира, според мерилото за успешност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кај него беше и тоа бунило, како што беше најсилно и сѐ друго, и машкоста, и инстинктот со најмалку напор од сите да изнајде нешто, со што ќе ја засити и својата глад, а и гладта на другите, со крвавите остатоци зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Принципот на забрана исто така создава мистификаторски ефекти околу феноменот на дрогата, а тука најчести иницијанти се токму оние со најмалку искуство -тинејџерите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)