со (предл.) - необично (прил.)

„Тој куршум беше вперен во срцето на нашите чувства, а се распрсна срцето на твојот брат моја Сања,“ ѝ пишуваше Авни на девојката која остана во неговите сеќавања со широко отворени очи во триаголникот што со необично прави линии го формираше шамијата завиена околу нејзината глава.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Господинот беше на возраст од педесет и две години, со танки мустачиња и големи уши, високо потстрижен, со необично долги кркми, на средината благо разделени и, речиси, залепени на левиот и десниот дел од челото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беа петмина, по страните по двајца мажи, а во средината седна главниот судија, жена од педесетина години со несредена, бела, како снег бојадисана коса, и со необично силно нашминкани усни со црвен кармин.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ми се обрати со необично мирен глас, мораше целосно да ме извлече од молкот: - За другите морето може да претставува среќен излез од маките на копното, а за нас морето носи грижи, неизвесност, опасности.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа го прават со необично задоволство зад кое се крие, угриз на бесно куче.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мирисите на старо во просториите, миндерите, долапите, резбата на таваните, долапчињата, синиите и другите старински предмети, го натлачија Сликарот со необично чувство, кое не можеше да си го објасни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Носело магарето 'рпалци, сега бара зобница да му врзам на муцката, предизвикувачки рекла со необично ѕвонлив глас. - Вечер, се душел од возбуда Арсо Арнаутче. - Вечер, бездруго.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но таа, опседнувана на секој чекор од тајни машки желби, веќе знаела што сака тој и ѓаволесто се насмевнувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаме река со необично име - Луда Мара - велат, името ѝ е од тоа што кога многу врне реката надојдува, станува поројница и - луда.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)