со (предл.) - сѐ (прил.)

Потоа царее штама, несфатлива во споредба со сѐ ова што овде се случувало во предпладневните часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И карваните со сѐ побогати и пораскошни дарови, непрекинато ја искачуваат петринската планина и се спуштаа во благото преспанско поле...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да ги оствариме соништата, да ја најдеме среќата, да станеме најдобра верзија на нас самите и лица што од секогаш сме сакале да бидеме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Според етички и морални ерупции, хуманистички параметри и животни концепти како и според некаква идеолошка ентропија, се обидуваме да изградиме сопствени верувања и ефермна вистина за смислата и целта на животот, под услов да бидат базирани на чувството на свесност за стварноста која не опкружува и во која живееме, чувството на светост и чувството на единство со сѐ околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Најпровокативен во оваа глава е поднасловот “постмодерната ситуација на идеологијата”, особено уште претходно најавената теза, дека “ во еден постмодерен, ‘раскинат’ свет со сѐ поголемо забрзување, има помалку шанси за остварувањето на идеологијата”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако општеството е брзо, т.е. се карактеризира со покомплексен и променлив систем на вредности, побрза размена на информации, со “многукратност на насоките на мислење” (израз преземен од Манхајм), влијанието на идеологијата врз поединецот е помало, и обратно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа така добро си играше со сѐ што ќе ѝ текнеше, не почитувајќи никакви правила и не повторувајќи се.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Следните неколку месеци Марина доаѓаше уште попедантно облечена и исчешлана во училиштето, но, со сѐ помалку научени уроци и порасеана на часовите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И немаше... по неколку месеци, Кизо ѝ се придружи на Родне, а сликата од Роска ја подместија подолу зашто на нејзиното место го залепија Кизо, како помлад, со сѐ уште црна коса на која само зулуфите му беа прошарани.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зрачи од дрвјата со сѐ уште неопаднатиот жолтолистец.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
— Со што ве помагаше Народна Република Македонија? — Со хартија, со книги, со весници, велам, со сѐ што ни требаше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Медот го обновува човечкиот организам и го продолжува животот, зашто е богат со сѐ што му е потребно на човека.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Истовремено, ме подготвија да се спротиставам и да излезам накрај со сѐ што во иднина ме очекува поради моето егејско потекло.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Луѓето ги оставаа убавите куќи, топлите одаи, богатите градини зад куќите, ги оставаа дрвените кревети, долапчињата, садовите што ги имаа присобрано или откопано од дворовите и градините, си ги врзуваа старите пљачки во бовчи, ги префрлуваа изврзаните кокошки преку рамо не водејќи сметка дека ќе бидат испосрани, ги дигаа сламариците со сѐ прав, болви и раздробена слама - се преселуваа околу огнот на дедо Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
– Ти благодариме на милоста, кади ефенди. Со сѐ срце ќе му помогнеме на нашиот падишах што сме вредни – одговори пак аџи Јане.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога се вратив во селото него не го најдов, во меѓувреме самиот му судел на агрономот и му пресудил со пиштол и како што му пресудил со сѐ топол пиштол се пријавил во полицијата. Пресуда - долги години затвор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Некој, од тие, кои нѐ спроведуваа, ми ја одрами торбата со печената кокошка и со сѐ уште топлата погача...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Буден секогаш, ги држи под контрола сите останати клетки, што со своите задачи одговараат пред него. Тој управува со сѐ.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А таа си живееше со малку, со сѐ помалку. Ќе си надробеше попара со млеко или со јогурт, ќе си направаше некаква непозната супа со секакви тревки кои ги купуваше од селанките на пазарот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)