сосе (предл.) - семејство (имн.)

Значи, мораше да се сместат козарите сосе семејствата и, како што се одвиваа настаните, заедно со козите. Таква беше логиката на генералната директива.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А кожарот, кој секогаш го снабдуваше Маркота со оној преубав жолт сафтијан прочуен надалеку, само заклати глава: „Вистина“, рече тој, „ако не ги платам испенџето и џизието, сосе семејство ќе ме продадат на џизаедарот Мурат-ага од Кожле, кој е откупник на државните даноци за скопската нахија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)