според (предл.) - автор (имн.)

Третата глава се занимава со проблемот на остварувањето на идеологијата (сфатена како идеелогија); ние ќе се задржиме само на два моменти: делотворноста на идеологијата и поединецот, и вината на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според авторот, идеологијата како идеелогија е секогаш поврзана со индоктринацијата, која како едно исходиште го има барањето на германската философија законите на духот да и се наметнат на природата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ова е поткрепено и со еден цитат на Маркс: „идеите не можат воопшто ништо да изведат и за остварување на идеите се потребни луѓе кои ќе употребат практична сила“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сепак, најинтересно е издвојувањето на трите ситуации кои го покажуваат односот на субјективитетот кон идеологијата: 1) индиферентноста (“состојба кога поединецот не ја смета идеологијата за значајна за својот живот”, или кога идеологијата не успева со убедување и индоктринација да го механизира поединецот); 2) отфрлањето (може да биде a priori отфрлање, - кога поединецот отфрла една идеологија како следбеник на друга идеологија, и a posteriori, - кога ја отфрла сопствената идеологија; може да биде целосно и парцијално, чин или процес, може да биде единично или масовно, глобално отфрлање...); и 3) прифаќањето, интернализирањето - како процес на општествена (идеолошка) конструкција на стварноста (каде што поединецот му е ‘даден’ на општеството/ идеологијата) и како процес на самоконструкција - каде што општеството и идеологијата му се дадени на поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во петтата глава се разгледува идеологијата низ призма на подвижноста на општеството, според авторот, значаен фактор во проблемот на односот меѓу субјективитетот и идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според авторот, токму поради својата проблематичност, прашањето за идеолошката принуда и вината на идеологијата останува отворено.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)