според (предл.) - година (имн.)

Па да видите, луѓе, Илко не изгледаше толку стар според годините!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бев од него постар за едно место, во вообичениот дипломатски пресеанс, но бев многу помал според годините.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби, според годините на производство, нетрпеливоста меѓу овие два часовника беше остаток од Студената војна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но наместо бројки, имаше златни цртички, по една за секој час, а две за 12. и стрелките личеа на издолжени цртички, а секундарникот – уште подискретен, речиси проѕирен, на „Orient“ му даваше извесна источна минималистичка привлечност, како на своевиден хаику часовник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од радост што сум овде каде што тој ни на сон не би можел да поверува дека ќе биде, и што сум со Игбал, кој, ете, мене ми е другар, а според годините што ги имаат двајцата баш би било поприродно меѓусебно да се дружат, а за мене пет дари да не даваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А ни во ставата не е лошо. Малку кусичко според годините, но затоа полно како грутка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многу повеќе отколку што би требало според годините.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)