според (предл.) - име (имн.)

Тој индијански дух е денес ги проникнува многуте производи на доселениците на американскиот континент - од цигарите до тимберленд мокасините.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Изработени од кожа наменета за прошетка низ древниот свет (според името), овие мокасини се погодни за авантуристички типови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Подоцна се појавија безбројни копии, но, како и во претходните случаи, “новата елита” за вреден го смета само оригиналот. Swatch Што се однесува до Swatch часовниците, тие настанаа како швајцарска реплика на евтините јапонски часовници, а станаа приказна за себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Пак според гробот во Јанчески ливади, според името на човекот во гробот, некој си Торо, Алилов соплеменик.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дејствува под командата на ГШ на НОВ и ПОМ се до мај 1944 година. 110 Оваа група баталјони е позната и под името “Тичова група баталјони“ според името на командантот Тихомир Милошевски-Тиќо. 111 Михаило Апостолски, Op.cit., 47-69. 112 PRO WO 202/515A.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Наметнувањето на името „богомили” се одвивало по двоен пат: според името на Поп Богомил и по убеденоста на неговите следбеници, дека му се најблиски на Бога – „мили на Бога”.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Целата долина, од оној врв, Чукарот, кој како шилец се вишеше над столетната букова шума од северната страна, па до Рамните Ливади, три, четири километри подолу кон југ, се викаше Гогов Валог, според името на некој пра-пра Бојанов дедо кој ги расчистил и разорал плодните падинки покрај поточето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И кога пак пред Митровден се врати домаќинот мој, и кога пак го пречекав со очи згаснати, а црната шамија ветерот ми ја разврза, па ми ја здогледа косата со срма прошарена, ми рече: - Не е до тебе, Ѕвездо моја, предвреме згасната... по многу години ми го кажа името моминско - невеста Петреица според името негово - обезимена - се смраморив.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Како пример Лакан го наведува случајот на своето сопствено куче, Justine, според името на новелата на Маркиз де Сад.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во нив ги запишуваа со име и презиме и скраја од патот ги редеа според името на селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татко ми, по обичај, не се противеше дури и кога брат ми нè изненади со предлогот: – Нека се вика според името на нашиот ослободител, нашиот генералисимус... нека се вика Сталинка!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа првин почнуваше со ѓаволестиот Касандар, кој го основал градот триста години пред нашата ера и му го дал името, според името на својата жена Тесалоники, сестра на Александар Велики.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)