според (предл.) - предлог (имн.)

Според предлогот на Врапче, се викавме ВИС „Wapakom“. Загадочно име особено кога го чкрбавме со црвена боја по ѕидовите на зградите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Според предлогот на учителката Славка започнавме со оваа секција минатата година и тоа ќе ни е традиција.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Очекувавме татко ни да не се согласи нашата коза да се вика Сталинка, според предлогот на братот кандидат-партиец, а тој во мигот не рече ништо што мо­жеше да се протолкува како конкретен став.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)