според (предл.) - природа (имн.)

Големи штети, во духовна смисла (а јас пред сé зборувам во таа смисла), тука направија нашите историчари, оние што се задолжени, според природата на својата наука, да трагаат по фактите и по објективната метода што на тие факти ќе фрли најразновидна светлина, од психолошка, антрополошка, социолошка до филозофска.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој многу се восхитувал на прозното дело на Гете, „Страданијата на младиот Вертер“ (кое истиот го напишал само за четири седмици оти постапил според природата во себе).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Глобалните еколошки задачи можат да се направат единствено по пат на дизајнот во една поширока смисла: преобликување на економијата, меѓународните односи, индивидуалното однесување - според природата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така се раѓаа кај нас нови мигови на радост и надеж што според природата на нештата траеја кратко за да им отстапат место на нови грижи, сомнежи, внатрешни разјадувања, мрачни размислувања по кои доаѓаа нови искушенија...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)