според (предл.) - последен (прид.)

Секој збор одвлекуваше во непредвидлива семантичка стапица, од која не можеше да се излезе лесно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со енергијата што му преостануваше, ги читаше своите книги, според последниот распоред што си го беше замислил за до крајот од животот, а за кој никој не знаеше, освен Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Всушност, талентирани или не, големите имиња на Холивуд, колекционерите на „Оскари”, за што друго да ги сметаме освен за едноставни изведувачи гледајќи ги како, според последната комерцијална мода, преминуваат од библиски филм на психолошки вестерн, од воена треска на комедија за развод? Margina #21 [1995] | okno.mk 15 Во што се состои нивната работа?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На Татко му преостануваше според последниот договор со Камилски да се справи со турските заемки кои во балканските јазици се однесуваат на човекот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вообичаено ознаките за деловите на телото ретко се случува да се од странско потекло, но сепак Татко најде необично голем број како во својот албански мајчин јазик, така и во македонскиот мајчин јазик на Климент Камилски, како и во другите балкански јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LII Татко, вдлабен во потрагата по турските заемки, според последниот договор со Камилски, чувствуваше дека влегува во процес на кој не му се гледа замислениот крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)