според (предл.) - тогашен (прид.)

Според Лозановски, објаснувањето за големото нама- лување на платите не држи, зошто според тогашните моментални приходи кои ги остваруваа, немаше никаква реална основа тие да бидат намалени до таа мера.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од една страна Крлежа настапува од позиции на либерален, граѓански интелектуалец кој “просто според мерката на добриот граѓански вкус” ѝ се спротивставува на една заостаната, во светогледот крута и според тогашните европски културни стандарди сосема примитивна концепција за книжевноста и културата воопшто.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа му го забрза одењето и тој стигна навреме, според тогашните превозни средства.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
86. Оние карактеристики кои Мисирков ќе ги повтори и кон крајот на својот живот бездруго се однесуваат на бугарските студенти во Русија, кон кои беа приклучени и некои Македонци коишто навистина беа во поголемиот број опфатени од социјалистичките идеи и, според тогашните сфаќања, се однесуваа прилично нихилистички кон националното прашање воопшто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Објаснето им е дека тоа е поради нивна вина и заради ненаплатата на извршените услуги, па дури од страна на работниците е барано и самите тие, лично да се погрижат за наплатата на испорачаната топлинска енергија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)