спрема (предл.) - нив (зам.)

Но Турците со тоа што нѐ нарекоа нас: рајати и ѓаури, гледаа на нас како на луѓе не од извесна народност, а што се во а извесен однос спрема нив, господарите и правоверните.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Токму поради тоа што човечкото суштество веќе не е природно суштество, тој/таа ја загубил/а способноста за инстинктивно избегнување на страдањето; или, да го речеме тоа со Кант: престанувајќи да биде природно суштество, човечкото суштество ја стекнува слободата поради која станува способно да почувствува сочувство со страдањата на другите - животните, на пример - и да развие одговорност спрема нив.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А тој таа можност ја нема. уште како малечок се сврза со црниот живот на мајка си и заедно со неа подеднакво го почувствувал и го споделувал навредливиот бич на сѐ она нечовечко и зајадливо спрема нив.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ние бевме и спрема нив исто така принизени, како и спрема Турците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Само едно старче седнало спрема нив во првиот ред, да не се знае дали посматра или дреме.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)