сред (предл.) - пат (имн.)

Во селото Н. група мажи, очигледно вознемирени, беа собрани околу едно возило кое, испружено како мртов коњ сред патот, го блокираше сообраќајот на двете ленти.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На сред пат лежеше ничкосан авалеџијата, но коњот летна назад да бега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По одлепувањето од лизгавата писта (веќе неколку дена истураше) стујардесата љубезно го понуди со храна ама тој одби - каква среќа имаше сигурно на сред пат сигурно ќе го фатеше стомак.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Молк, чиниш, застанаа сред пат на својата штотуку расцутена младост.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Може на сред пат да ме стемне да се истурам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти од сред пат го врати, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе го согаза на сред пат како лепешка говецка!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа и никој до првиот конак и не помислуваше да се влече или пак да легне на сред пат – да не оди.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)