сред (предл.) - плоштад (имн.)

„Каде сте, глупави песни?“, Стоев сред плоштадот и викав.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Појдовме кај Пена на Танаско да призниме како се имаат сместено и снегот нè начека на сред плоштад и како што паѓа пороен дожд, така се истури одеднаш снегот. Ѝ кажа дека додека стигнале пред Фестивална снегот нагнетил скоро две педи, а и тоа дека одвај ја пронашле Пена на Танаско оти котарче си заградиле меѓу два ѕида од надворешната страна на Фестивална.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На тој ден албанскиот водач ги принуди сите Албанци, почнувајќи од себе, да коленичат пред големата бронзена статуа на советскиот диктатор сред плоштадот „Скендербеј“.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Љујту лафат две удајки направил Танаско, ем гулемки, тутким! се јавува Чана кога се на сред плоштад и кога дедо Господ наумил да го запре топлиот ветер и да го замени пак со северко и во исто време да ги одзатне сите боски на црните облаци симанти ниско над градот и да нареди од нив да потечат бели пердуфчиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Градските татковци навистина се погрижија плоштадот и улиците кон него да бидат раскошно украсени и осветлени, а сред плоштадот - извишена елка светкаше во различни бои.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)