сред (предл.) - чаир (имн.)

Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Плескотот се пренесена сите редици, дури и до оние на сред чаир, што не можеа ни да видат што има на сцената.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој им зборуваше на „советниците“ што седеа на масата, но неговите пламени зборови достигаа до ушите на сите селани, дури и до ушите на оние што не гледаа — од сред чаир.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Аќиф се истегна на сред чаир пред сиот народ, но брзо се освести, та и во него зовре арнаутската крв.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)