азиски (прид.) - брег (имн.)

Од расцутената градина, како раскошна жива арабеска на палатата Долмабахче го гледаше азискиот брег.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Побара да го пренесат на азискиот брег на Цариград за да му ги предаде бунтовниците лично на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како беше да беше, ги пренесоа преку море и тие се најдоа на азискиот брег на Босфорот. – Е, сега сме веќе навистина во вит-виделија, преку сино море – и почнаа жените да се жалат. – Враќање оттука – здравје да имаме! – изусти Сирма и умот отиде во петгодишното синче Ангелета што и го остави на бабата Велика.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Со Осман Окијар, кој во детството учел во славното париско училиште Жансон Де Саји, додека овде неговиот татко беше амбасадор на Турција и потоа студирал и докторирал на Кембриџ од областа на економските науки, на тема за реформите на Танзиматот, ме поврза големо, нераскинливо пријателство кое траеше се до последните денови од неговиот живот, минати кај сестра си, на азискиот брег на Истанбул, во Искидар.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)