азиски (прид.) - дел (имн.)

Трамваи има во неговите крајни квартали и во неговиот азиски дел.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Највозвишените амбиции на групата Зеро во почетокот на нејзиното делување беше добро да се напуши хашиш или трева и да се шиба поликолор по ѕидовите на институциите во азискиот дел на Скопје.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Цариград на неговата младост, напати го гледаше како голема рака подадена од европскиот кон азискиот дел, сета блесната со алемкамени, а напати како толерантно цивилизациско средиште во кое се спротивставуваа, но и се почитуваа, западната и источната култура, како и муслиманската, христијанската и хебрејската традиција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сарајот се наоѓаше на самиот брег на Босфорот, на азискиот дел од Истанбул, наречен Топане.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ни рекоа отаде морето, во азискиот дел на Цариград имало работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)