актуелен (прид.) - прашање (имн.)

Одеше до такви крајности што со месеци не готвеше месо, ако беше актуелно прашањето со лудите крави, макар и во некоја земја на друг континент.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Без многу претерување може да се рече дека повеќемина Французи веруваат дека знаат доста за Македонија поради единствениот факт што една од нивните салати го носи нејзиното име, и оваа, македонска салата, великодушно ја пренесуваат преку нивните граници за да се прошири нејзиното значење дури до Јадранското и Црното Море.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Проектот, кој е процес, опфаќа многу други актуелни прашања, па и такви кои навидум не се.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа му ја тутна тепсијата во раце, полна со нови колачи, и со скоро неразбирливиот француски акцент, му рече дека и таа испекла нешто за него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нејзиниот продуцент е од Универзитетот и тој, секоја недела води дебата за различни актуелни прашања (од политичка, социјална и културна природа) со национална или со интернационална димензија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)