американски (прид.) - весник (имн.)

На 13 мај 1942 година, овој весник известува за одржаниот судски процес во Скопје, од 27 април до 9 мај 1942 година, на кој им се судело на 45-те припадници на Првиот скопски партизански одред.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така на пример, најтиражниот американски весник „Њујорк тајмс“, на 9 мај 1942 година известува за извршениот атентат во Битола над Александар Ќурчиев, областен началник на бугарската државна безбедност, од страна на Стив Наумов.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од оваа радиостаница биле преземени голем број информации за борбите во Македонија и тие биле пренесувани до читателите на многутиражните американски весници.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога добивам желба за такво ѓубре, купувам pop-corn и “Weekly World News”, својот омилен американски весник, се сместувам во фотелја и читам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Настанот беше ударна вест во американските весници.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај тоа што во текот на 1943 година информациите за настаните од Македонија биле кратки по својата содржина, што главно се должело на неможноста да се добијат непосредни информации од самото место, воопшто не треба да изненадува што единствениот извор на печатот за настаните во Македонија во текот на 1943 година сè уште претставувала радиостаницата "Слободна Југославија", чии емисии се слушале во САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)