американски (прид.) - службеник (имн.)

Од самиот почеток Стејт департментот ги предупредил дипломатските претставници на легациите дека инволвирањето на САД треба да биде ограничено и дека барањата за помош и арбитража од страна на балканските влади и политички организации се „наполнети со динамит... и не би требало ... да се прифатат“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По Првата светска војна зачестените судири во врска на статусот на Македонците во делот на Македонија во рамките на Србија, делот на Македнија во рамките на Бугарија и делот на Македонија во рамките на Грција го привлекле вниманието на американските службеници во легациите во Бугарија, Грција и во Кралството на СХС.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)