американски (прид.) - популарен (прид.)

Моите студенти лезбијки и геј-мажи, вклучително и оние што подоцна го запишаа предметот „Како да се биде геј“, можеби биле баш скептични кон тврдењата дека некој обемен таинствен материјал во матните текови на американската популарна култура од далечното минато некако ја сочинува нивната култура, но не инсистираа дека геј-културата е апсолутно мртва.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Денеска во американската популарна употреба, се разбира, зборот „геј“ може да значи „стереотипно геј“ или „културно геј“, додека поверојатно е мажите што ги дефинира нивната сексуалност, односно сексот што го уживаат со мажи, да се наречат „хомосексуалци“. Но, во службениот јазик на геј-движењето, „геј“ и натаму е идентитетски означител сврзан со сексуалната наклонетост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наспроти основниот закон на американската популарна култура кој тврди дека популарноста на артефактот е инверзно пропорционална со неговата вредност, Симпсонови не се само феноменално популарни, туку и една од најдобрите комерцијални емисии воопшто емитувани на телевизиска мрежа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Црнечкиот геј-уметник се осврнува и на еротиката на ропството и на еротиката на аболиционизмот, со која ја истакнува суптилната порнографија што е имплицитна во пропагандистичката противробосопственичка уметност на аболиционизмот, а посегнува по естетиката на машката геј-култура поради нејзиното камп-осликување на општествената, на институционалната и на расната доминација.172 Во овој впечатлив и оригинален настран филм, како и во многу машки геј-реакции на ХИВ/сидата, ништо не е свето.173 За да ја посочам точната природа на културното дело изведено со ова настојчиво и упорно нарушување на жанровските граници – што е престапничка практика карактеристична за машката геј-култура, која изгледа решена да нѐ научи да се смееме на ситуации што се ужасни и трагични – детално ќе го испитувам машкиот геј-прием, присвојување и настранување на еден класичен артефакт од американската популарна култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дека геј- мажите имаат посебна, нестандардна приврзаност кон одредени културни предмети и културни облици е онаа распространета, неоспорувана претпоставка што е во основата на голем дел од американскиот популарен хумор.5
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во согласност со тоа, неизбежно е вкоренет во традицијата на американската популарна музика, во распон од архаичен фолк и coun- try до hardcore.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)