ангелски (прид.) - труба (имн.)

И така стотина деца, со ред. Во воздухот се слушаа само смрзнати детски плачови, наместо благогласни ангелски труби да го слават животот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во густините на подземниот чад се извеле од купови јајца срдити скакулци да ги мачат безбожниците сто педесет и пет дни; главите им биле душмански, со женски коси и со ѕверски заби и имале скорпионски опаши со отровни жила: луѓето ја барале смртта и не ја наоѓале, и сакале да умрат и смртта бегала од нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога двајцата зографи ќе побараат нараторот- поет да им ги ископа очите („за да не гледаме што уште ќе се случува“) јасно е дека авторот нѐ воведува во едно апокалиптичко финале: „Само слушав како баботи небото, како галопираат зловестите коњи и како трубат ангелските труби најавувајќи огнови, скрб и студ.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зашто скакулците ги јаделе и не ги дојадувале, и ги оставале да живеат со малку месо на коските и непрекинато да ја слушаат ангелската труба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)